ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се квислизите, сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се квислизите, сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ
3Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците
ТехнологијаТелеграм под удар од Москва: Огромна казна изречена за контроверзна содржинаСоцијалната мрежа Телеграм е казнета со 35 милиони рубли поради тоа што не отстранила содржина забранета во Русија, објавија руските медиуми.Окружниот суд во Москва ја прогласи апликацијата за пораки Телеграм за виновна за тоа што не отстранила содржина забранета во Русија и изрече административна казна од 35 милиони рубли (околу 370.000 евра), објави руската новинска агенција Интерфакс. Во пресудата на судот се наведува дека апликацијата Телеграм е виновна по пет точки за „неотстранување информации или веб-страници што содржат повици за екстремистички активности, материјали со порнографски слики од малолетници и/или реклами за регрутирање малолетници за учество во порнографски настани“. Прес-службата на Роскомнадзор (РКН) објави на 10 февруари дека Телеграм, чие работење во Русија првпат беше ограничено во август минатата година, сè уште не се придржува до руското законодавство. Во соопштението се вели дека услугите на социјалната мрежа ќе бидат дополнително ограничени „за да се обезбеди усогласеност со руското законодавство и да се обезбеди заштита на граѓаните“. Во последниве години, големите интернет сервиси како што се „Google“, „Apple“, „Telegram“, „Facebook“, „X (Twitter)“, „TikTok“ и Фондацијата Викимедија постојано се сметаат за одговорни во Русија за тоа што не успеале да отстранат забранета содржина. Извор: Б92Тагови: москва Телеграм Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се квислизите, сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУСДС продолжува со лаги и манипулации сега за ЕУ и посетата на Урсула фон дер Лајен.СДС на Венко Филипче и неговиот учител и партиски другар Зоран Заев се предавниците и потписни на распродажбата на се македонско. СДС на Филипче и Заев се квислинзите. Сега власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува подобра позиција за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ. Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди Македонија да оди кон ЕУ достоинствено, а не да распродава се што може да се продаде. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижниУрнат рекордот во женска конкуренција, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји го исполнија Скопје, кое уште еднаш покажа дека може да биде голема спортска сцена со полни улици, публика, бодрење и атмосфера што го следеше секој чекор до целта.Скопје денеска повторно живееше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна. На маратонот, Кенија го освои првото и второто место во машка конкуренција, со Дерик Чеге Нјороге на врвот со време од 2:12:56 и Едвин Кимару Косгеј на второто место со 2:13:20. Трет беше македонскиот маратонец Дарио Ивановски, кој истрча 2:13:48. Кај жените, Кенијките ги освоија сите три места на подиумот, а Долфин Кемунто Нјагака со време од 2:32:05 постави нов рекорд во женска конкуренција. Втора беше Мерси Џебичии Кипкемои со 2:39:39, а третото место ѝ припадна на Естер Чесанг Какури со 2:40:18. Кенија го презеде врвот и на полумаратонот, каде што нејзините натпреварувачки ги освоија сите три места во женска конкуренција. Победата ја однесе Валентин Џебет со 1:13:15, пред Чарен Чепкепмои со 1:15:08 и Нанси Гитаига со 1:17:24. Во машка конкуренција, исто така, на подиумот се најдоа исклучиво кенијски тркачи: најбрз беше Кенеди Кипкемои Роно со 1:05:26, втор Хилари Киптум Мајјао Кимајо со 1:06:11, а трет Џон Њугуна Курија со 1:06:59. На најкратката трка, на 5 километри, домашните натпреварувачи го освоија врвот во двете конкуренции. Кај мажите, најбрз беше Андреј Арсов со 16:28, пред Гилман Јунуза со 16:35, додека третото место му припадна на Швеѓанецот Фредрих Урбон со 16:43. Во женска конкуренција триумфираше Хајдари Ирма со 19:43, втора беше Емили Ивановска со 20:53, а третото место го освои Црногорката Лана Ивковиќ со 21:00. Но, денешниот маратон не го одбележаа само резултатите. Скопските улици беа полни со учесници на маратонот, полумаратонот, трката на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетната трка. Се трчаше во друштво, со семејството и пријателите, но и покрај илјадници луѓе со кои учесниците можеби за првпат се сретнаа токму денес. Меѓу нив имаше искусни маратонци, рекреативци, учесници од сите генерации, но и бројни странски гости и туристи кои викендот во Скопје го искористија и за да бидат дел од маратонот и да го почувствуваат градот во неговото најраздвижено издание. Долж патеката тркачите имаа поддршка на секој чекор – од освежителни станици со вода, електролити и овошје, до места за дополнување енергија и медицинска помош. Музичките точки и настапите низ градот дополнително го подигнаа расположението, па патеката беше исполнета со музика, аплаузи и бодрење. За непречено одвивање на маратонот се погрижија и бројните волонтери, кои беа со тркачите од стартот до целта и се грижеа за нивното освежување и поддршка во текот на трката. Сонцето, полните улици и публиката која не штедеше глас беа дел од сликата на денешното скопско утро. Од најмладите до највозрасните, од домашните тркачи до гостите од десетици земји, сите беа дел од истата атмосфера и истото движење низ градот. За многумина, денешниот ден не беше само прашање на време и пласман, туку можност да ја истрчаат својата трка, да го почувствуваат Скопје на поинаков начин и да стигнат до целта со поддршката од луѓето покрај патеката. Со рекорден број учесници и тркачи од 63 земји, 22. Виз Ер Скопскиот маратон уште еднаш покажа дека е ден кога спортот, дружењето и добрата енергија го освојуваат градот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКаранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоцитеЗаменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, денеска во Горни Подлог, Кочанско, учествуваше на манифестацијата Денови на кочански ориз, се сретна со оризопроизводителите и граѓаните од овој крај.Таа посочи дека тие изразуваат сериозно незадоволство и загриженост поради ниската откупна цена и неможноста да ги покријат производствените трошоци. „Од разговорите со сите оризопроизводители, состојбата е катастрофална. Оризот што се откупува достигнува цена од само 16 денари за килограм, таа цена за 1 килограм ориз е страшно понижувачка„ изјави Каранфилова Пановска. Заменик претседателката Каранфилова Пановска потсети дека во 2021 година, во времето на СДСМ, откупната цена на оризот изнесувала 42 денари за килограм. Посочи дека сегашната цена не ги покрива трошоците на оризопроизводителите, кои се соочуваат со поскапување на нафтата, ѓубривата и механизацијата, додека недостигот од откуп дополнително ја влошува состојбата. За да им се помогне на земјоделците во овој период на криза, СДСМ минатата недела поднесе закон во Собранието со кој предлага дополнителна финансиска поддршка од 10 денари за килограм произведен и откупен ориз. Целта е оризопроизводителите да обезбедат средства за следната сеидба. Каранфилова Пановска предупреди дека без оваа поддршка, оризопроизводителите може да се соочат со неможност да ги посеат нивите следната година. Таа ги повика владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и целата владина коалиција да го поддржат ова законско решение и со најавениот ребаланс до крајот на годината да ги обезбедат потребните средства за поддршка на оризопроизводителите и за продолжување на домашното производство на храна. Тагови: Каранфилова Пановска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter