Телеграм ја подобри безбедноста преку пораки што се бришат самостојно - Канал 5

Телеграм ја подобри безбедноста преку пораки што се бришат самостојно

Популарната апликација за пораки Телеграм сега ви овозможува да испраќате еднократни гласовни и видео пораки, кои се бришат по репродукцијата.

Телеграм ја подобри безбедноста преку пораки што се бришат самостојно

За да снимате еднократни пораки, треба да повчлечете со прстот нагоре во апликацијата за да го заклучите снимањето, а потоа да ја притиснете иконата „view-onece“ пред да испратите.

Кога примачот ќе ја прими пораката, малата единица ќе покаже дека таа е еднократна порака, а кога се репродуцира, не може да се паузира или повторно да се репродуцира и се брише кога ќе заврши.

Друга нова промена во најновото ажурирање на Телеграм е можноста да се види точното време кога се отворени пораките во разговорите еден на еден. Поставките за приватност се можни за оваа функција, врз основа на „Last Seen“ статусот на корисникот.

Телеграм сега има и нов дизајн за споделени контакти, подобрени видео пораки за „iOS“ со подобар квалитет на видеото, побрзо префрлување помеѓу предната и задната камера и многу повеќе.

Претплатниците на „Premium“ добиваат и голем број нови функции, вклучувајќи побрзи видео приказни, дозволи за приватни пораки, еднонасочни „last seen“ и „last read“ времиња, како и ознаки за полесно сортирање пораки.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Екс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.

Фото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикини

Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини.

Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам.

39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела.

Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.

Во Франција пронајдени тела на пет бебиња

Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“.

Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница.

По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции.

Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството.

Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер