Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините, се прави се за младите да останат во Македонија
2Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините, се прави се за младите да останат во Македонија
Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
1Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
3Франција многу потешко од очекуваното го проби парагвајскиот бункер и се пласираше во четвртфиналето на СП2026
МакедонијаТелефонски разговор на Муцунски со Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата Тиса во УнгаријаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA.Во разговорот, министерот Муцунски упати искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори. Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно понатамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката, економската и трговската соработка. Воедно, разменија мислења за евроинтегративниот пат на нашата држава, при што беше потврдена јасната и силна поддршка од Унгарија. Стана збор и за актуелните геополитички состојби во Европа и пошироко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПукање на Кони Ајленд,осум ранети, едно лице во критична состојбаОсум лица се ранети во пукање на Кони Ајленд во Бруклин, а едно од нив е во критична состојба, соопшти денеска полицијата.Пукањето се случи синоќа околу 22:30 часот, објави ABC7NY. По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници пронашле пет лица со прострелни рани, кои потоа биле пренесени во локалните болници. Според полицијата, се очекува четворицата повредени да закрепнат. NOW: Five people were shot Saturday night in Coney Island, Brooklyn, victims included a 5-year-old and a 7-year-old, according to NBC4 . The shooting happened on Surf Avenue and W 30th street. Video by Lloyd Mitchell | Licensing @FreedomNTV [email protected] pic.twitter.com/zYaaLV3rBw — Oliya Scootercaster 🛴 (@ScooterCasterNY) July 5, 2026 Досега не се извршени апсења, а истрагата за околностите на пукањето е во тек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКонески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините, се прави се за младите да останат во Македонија Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го става младиот човек во центарот на своите политики и создава услови младите да ја гледаат својата иднина дома, во своите општини.Наш приоритет е развојот на локалната самоуправа. Силни општини значат подобри услуги, побрз развој и повеќе можности за секој граѓанин затоа што локалниот развој не може да биде успешен без вклучување на младите, нивното знаење, идеи и енергија. Токму затоа Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите. Ова партнерство ќе овозможи јакнење на капацитетите на општините, поголемо вклучување на младите во локалните процеси и примената на современите решенија кои ќе придонесат за поквалитетни услуги за граѓаните. Програмата „Месеци на практикантство“, ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма, студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините. Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации. Ова не е само можност за стекнување работно искуство. Ова е можност младите директно да учествуваат во подобрувањето на функционирањето на општините. Нивните идеи, современи знаења и нови пристапи ќе помогнат во унапредување на административните процеси и услугите кои секојдневно ги користат граѓаните. Наместо проекти кои остануваат само на хартија, локалните предизвици ќе бидат основа за конкретни повици, а ИНОВА преку своите грант-програми ќе обезбедува финансиска поддршка за стартап компаниите, иновативни бизниси и претприемачите кои ќе понудат практични и применливи решенија. Сите програми, јавни повици и можности што ги нуди државата ќе бидат многу подостапни за граѓаните, за младите, за претприемачите и компаниите во сите региони, а не само во главниот град во земјата. Со ова се создава врска меѓу локалната самоуправа, академската заедница, иновативниот сектор и приватниот бизнис. Почитувани, Ова е разликата помеѓу политиката што останува само на ветувања и политиката што носи резултати. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека младите се вистински партнери во градењето на иднината на Македонија. Продолжуваме со политики кои ќе ги поврзуваат институциите, ќе ги отвораат можностите за младите и ќе создаваат модерни, развиени и функционални општини. Нашиот пристап е конкретна работа, реални проекти и видливи резултати за секој граѓанин. Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00
МакедонијаКостадинова: Центарци не смеат да бидат банкомат на Герасимовски и СДСПродолжува легализираниот рекет на Центарци, спроведуван од Герасимовски и СДС.Некомпетентните општински советници, избрани лично од Зоран Заев, цел месец бегаат од дебата и ја одложуваат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за враќање на старите цени за паркинг маркици, за жителите на Општина Центар. Герасимовски и СДС, очигледно се решени да удрат по џебот на центарци, само за да ги трошат нивните пари на тендери за фирми блиски до Венко Филипче. Целта е јасна, Герасимовски очигледно сака да му се раздолжи на Филпче за партиските унапредувања и позиции, а притоа да ја вовлече Општина Центар во заедничка пропаст, заедно со нив. Во меѓувреме, новите поскапувања на паркингот за жителите на Центар остануваат непроменети. Правилникот на ПОЦ кој вели дека, веќе не е важно колку автомобили поседува една личност, туку колку автомобили се регистрирани на иста адреса, е во полн ефект. А центарци полека но сигурно, стануваме туѓинци во своите маала, за да не можеме да паркираме пред сопствените домови. Почитувани, СДС и Герасимовски мора да одговорат, зошто ја блокираат иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за подостапен паркинг на жителите на Општина Центар? Герасимовски да каже, дали тој лично ќе оди од куќа до куќа, за да решава, за чие возило паркингот ќе е бесплатен, а кој ќе мора да остане без автомобил, поради изнудата која ја спроведува?! Ги повикуваме советниците на Зоран Заев и Венко Филипче, веднаш да ја стават на дневен ред иницијативата за промени во ценовникот на ПОЦ, бидејќи центарци не смеаат да плаќаат фиктивни ќирии за тротоарот и сокаците пред сопствените домови. Ви благодарам. Катерина Костадинова, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook