Телефонски разговор на министерот за надворешни Муцунски со неговиот бугарски колега, Георгиев - Канал 5

Телефонски разговор на министерот за надворешни Муцунски со неговиот бугарски колега, Георгиев

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со својот бугарски колега, министерот за надворешни работи, Георг Георгиев.

Телефонски разговор на министерот за надворешни Муцунски со неговиот бугарски колега, Георгиев

Министерот Георгиев го информираше министерот Муцунски за одлуката донесена од страна на бугарското Собрание, која се однесува на напредокот на Македонија во процесот на пристапување во Европската унија.

Во разговорот, министерот Муцунски ги повтори принципиелните позиции на нашата земја поврзани со процесот на евроинтеграција. Притоа, ја нагласи подготвеноста на државата за натамошно унапредување на соработката со Бугарија во насока на градење поголема меѓусебна доверба, во интерес на граѓаните. За таа цел, подготвени сме да продолжиме со активен придонес во градењето доверба заснована на принципиелност и заемно почитување.

Како соседи и НАТО-сојузници, двете земји имаат заедничка обврска, ориентирани кон иднината, да продолжат да развиваат односи засновани на европски принципи. Во таа насока, министерот Муцунски уште еднаш ја потенцираше нашата посветеност на европскиот пат, кој не треба да биде обременет со билатерални прашања.

Владата посветено работи на реформската агенда и на исполнување на Копенхашките критериуми, кои треба да бидат единствен услов за членство на земјата во Европската унија,сооштуваат од МНРНТ.

Македонија напредуваше пет места на ФИФА ранг-листата

 Македонската фудбалска репрезентација се искачи за пет места на најновата ранг-листа на ФИФА, која беше објавена денеска и се наоѓа на 62 позиција.

Македонија напредуваше пет места на ФИФА ранг-листата

Напредокот на ФИФА рангирањето е поврзано со успешниот настап во мундијалските квалификации во јуни во кои Македонија одигра нерешено 1-1 против фаворитот Белгија во Скопје, а триумфираше на гостински терен над Казахстан со 1-0.

На најновата ранг-листа на ФИФА, Хрватска се врати во Топ 10, истиснувајќи ја Италија, која сега е на 11 позиција со пад од две места. Португалија се искачи за едно место и сега е на шестата позиција, додека Холанѓаните паднаа на седмото место.

Белгија остана на осмата позиција, додека на самиот врв нема промени и актуелниот светски шампион Аргентина сè уште го држи првото место пред Шпанија и Франција. Англија остана на четвртото, а Бразил на петтото место.

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван

Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван. Овој успех е резултат на активна, посветена и координирана дипломатија, во соработка со нашите партнери и пријатели од меѓународната заедница.

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван

Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван. Овој успех е резултат на активна, посветена и координирана дипломатија, во соработка со нашите партнери и пријатели од меѓународната заедница, изјави денеска во Владата министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Министерот истакна дека уште од првиот ден, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, активно се вклучиле во процесот.

- Заедно покажавме дека кога постои јасна волја, координација и одговорен пристап – резултатите се неминовни. Водевме интензивни разговори, спроведовме дипломатски консултации и градевме заеднички позиции со државите-членки на Комитетот за светско наследство, рече Муцунски.

Тој посочи дека остојбата што нова авласт ја наследи затекна е резултат на години запоставување, неодговорно управување и изостанок на суштински мерки од страна на претходната влада.

- Наместо превенција и одговорност, оставија проблем што бараше итно решавање. Нашиот пристап беше поинаков – не декларативен, туку посветен и фокусиран на резултати, вели шефот на дипломатијата.

Муцунски потенцира дека зачувувањето на статусот е само прв чекор, останува обврската да се обезбеди долгорочна заштита, одржливо управување и повторно да се изгради довербата во институциите и капацитетот на државата да се грижи за своето највредно природно и културно наследство.

Тој упати благодарност до тимот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија – „за нивната стручност, пожртвуваност и тивка, но клучна работа зад сцената“, што придонесла за оваа одлука на УНЕСКО, која, како што наведе, значи многу за нас како држава.

Келог: На Украина ѝ е потребен нов Маршалов план

Специјалниот американски пратеник за кризата во Украина, Кит Келог, изјави дека меѓународните партнери треба да помогнат во обновата на Украина со лансирање на нов Маршалов план за земјата, јави Укринформ.

Келог: На Украина ѝ е потребен нов Маршалов план

Келог овие свои забелешки ги даде во дискусијата организирана од иницијативата „Европска стратегија на Јалта“ и фондацијата „Виктор Пинчук“, пред денешната конференција за обнова на Украина во Рим.

Американскиот пратеник ја истакна важноста на обновата на Украина, потсетувајќи како САД го имплементираа Маршаловиот план во Европа по завршувањето на Втората светска војна. Според него, истиот пристап треба да се примени и во Украина, иако предупреди дека задачата ќе биде исклучително тешка.

Келог истакна дека ситуацијата е многу комплицирана во моментов и ја нагласи потребата од прекин на огнот. Тој го пофали украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот тим за нивното внимателно и разумно водство.

Дипломатот нагласи дека прекинот на огнот навистина може да ја заврши војната и дека Украина се согласила на прекин на огнот, но дека тоа е едностран чекор.

Келлог го насочи своето внимание кон прашањето за враќањето на украинските деца, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп е длабоко загрижен за ова прашање и дека во разговорите со Зеленски инсистирал тоа да биде тема во преговорите со Русија - за што добил согласност од украинскиот лидер.

ДПА објави дека европските партнери на Киев на денешната средбата во Рим ќе го претстават фондот за обнова на Украина, а ќе се разговара и за дополнителна поддршка за земјата.

Според германскиот министер за развој Реем Алабали Радован, фондот ќе биде поддржан од Германија, Италија, Полска, Франција и Европската комисија. На состанокот ќе учествуваат и германскиот канцелар Фридрих Мерц и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

притисни ентер