Левица. И ЕВН мора да одговара кога од нејзината мрежа тргнуваат пожари - монопол не значи недопирливост
1Левица. И ЕВН мора да одговара кога од нејзината мрежа тргнуваат пожари - монопол не значи недопирливост
ЗдравјеТелефонска психолошка поддршка и за трудниците и родилкитеМинистерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште 3 нови телефонски броеви.Броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со КОВИД-19 во Република Македонија. На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката. * 078/378-766 - Трудниците и родилките на кои им е потребна психолошка поддршка можат да се советуваат во периодот од 09:00 до 16:00 часот; * 072/919-009 - Лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот можат да се советуваат во периодот од 09:00 до 16:00 часот на овој телефонски број преку апликацијата „Viber“; * 070/291-657 - Овозможена е и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик на овој телефонски број во периодот од 09:00 до 16:00 часот. За потсетување, функционираат и останатите телефонски броеви за психолошка поддршка. Родителите на деца на предучилишна возраст и училишна возраст можат да се јавуваат на телефонскиот број 072/912-676. Возрасните лица кои се во самоизолација можат да се јавуваат за психолошка поддршка на 072/919-009. Телефонскиот контакт на возрасните лица во самозиолација и лицата со нарушен слух, говор и глас е ист, меѓутоа комуникацијата за вторите лица е исклучиво преку „Viber“ апликацијата. Во соработка со УНИЦЕФ и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија отворени се дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст, секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот: * 078/378-728 - За тинејџери и нивните родители * 070/291-574 - За родители на деца со попреченост Грижата за психичкото здравје е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје во услови на пандемија со коронавирус.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛевица. И ЕВН мора да одговара кога од нејзината мрежа тргнуваат пожари - монопол не значи недопирливостКога некој ќе фрли догорче, ќе запали стрниште или намерно ќе подметне пожар, треба да се бара истрага, санкција и одговорност. Но, што кога пожарот не го предизвикал подметнувач, туку електричен вод? Истиот принцип мора да важи и кога огнот тргнува од електроенергетската инфраструктура. Пожарот кај Рамни Габер во Студеничани го отвора ова прашање. Според првичните информации изнесени од надлежните, пожарот бил предизвикан од искра од кабел на дистрибутивната мрежа. Доколку се потврди, тогаш истрагата не смее да заврши со утврдување на причината. Мора да се понесе и одговорност, бидејќи пожарот можел да биде спречен и воопшто да не се случи. Мрежните правила наложуваат операторот да има организирано одржување на системот, а за надземните водови изречно предвидуваат прегледи, контроли, испитувања и ревизии, како и поправки, отстранување недостатоци и отклонување дефекти. Меѓудругото, на граѓаните и тоа им се фактурира. Значи, каблите не се оставаат да висат над Македонија, туку нивната состојба треба да се следи и ризиците да се отстрануваат пред искрата да стане пожар. Особено во лето, кога високите температури влијаат врз провисот на надземните проводници, контролата на критичните распони, растојанијата, вегетацијата и механичката состојба на мрежата е основна превенција. ЕВН е дел од австриска енергетска групација со седиште во Австрија. Во Македонија со години работи во ултрапривилегирана положба на дистрибутивниот пазар, а граѓаните многу добро ја знаат нејзината ефикасност од аспект на коректноста, кога треба да се наплати долг, да се пресмета камата, да се исклучи корисник и слично. Редно е да ја видиме истата ефикасност и кога треба да се отвори нивното досие за одржување. Не може државата и органите на прогон да се помрднат само при можност за подметнат пожар, а за моќен енергетски субјект иста таква искра да биде заведена како временска неприлика и сите да си одат дома. Левица бара за секој пожар за кој постојат индиции дека потекнува од електродистрибутивната мрежа да биде предмет на темелна техничка и правна истрага, да се утврдат точниот вод, сопственоста, техничката состојба, датумите и записниците од последните контроли, пријавените дефекти и преземените интервенции. Ако се утврди дека пожар настанал поради пропуштено одржување, ненавремено отстранет дефект или друг пропуст – мора да се испита и кривичната и материјалната одговорност. ЕВН не смее да биде над законите! Доста е со третманот на недопирливост. Кој наплаќа за мрежата - мора да одговара и за мрежата. Кој го зема профитот - мора да го сноси и ризикот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАХарден останува во Кливленд – „Кавс“ подготвуваат нов договорНБА ѕвездата Џејмс Харден сè уште нема договор, но сè укажува на тоа дека ќе ја продолжи соработката со Кливленд Кавалирс.Според информациите на новинарот на „ESPN“, Шемс Чаранија, Кливленд е во постојан контакт со Харден и неговите претставници и преговара за нов договор. Двете страни разговараат за договор со времетраење од две или три години. Истовремено, Кливленд се обидува да ангажира двајца квалитетни крилни играчи кои во моментов се меѓу најбараните слободни агенти – Пејтон Вотсон и Џонатан Камингс. „Кавалирс“ дополнително ја зголемија својата финансиска флексибилност во петокот, кога ги испратија Денис Шрудер и парични средства во Шарлот Хорнетс во замена за Тре Ман. Тој потег би можел да биде од големо значење за продолжувањето на преговорите со Харден, кој практично му остави на Кливленд отворени опции во текот на летото. Претходно ова лето, Харден ја одби опцијата во договорот вредна 42,3 милиони долари за сезоната 2026/27, додека двете страни се обидуваа да најдат начин за склучување нов повеќегодишен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски се врати од научно-хибридната екскурзијаЗаврши научно-образовната екскурзија на премиерот Христијан Мицкоски.Мислевме дека е стручна. Сепак, Мицкоски оди чекор подалеку. Тој е најдобар во сè: економија, туризам, авиосообраќај, технологија, образование и ИТ. Нема област во која овој научник не е прв. Сепак е научна. Првиот ден - милион теми. Мора да го надомести пропуштеното време во медиумите. Вели дека чистел цевки во Гостивар. Четири недели чистење. Никогаш немало подобро чистење, па како поинаку од научник. 1.200 проекти и образование. Ни помалку, ни повеќе, точно 1.200. Македонската православна црква ја прескокна. Не го интересира, бидејќи не може да ги коментира изјавите на својот шеф Вучиќ. Вели дека не може да зборува за историја. Нормално. Тој е човек на иднината, како и сите негови ветувања од кампањата. Не може тоа веднаш, ама ќе биде… во иднина, некогаш, никој не знае кога. Потоа класика: Обвинувања кон опозицијата и земјоделците. Опозицијата е „безидејна“, создава паника и хистерија додека е на одмор. Знаеле ден порано за „хибридниот напад“ врз водата во Скопје. А зошто ништо не направија кога знаеле? И повторно закани со Обвинителство и полиција. Зошто повторно е виновна опозицијата за објавите на социјалните мрежи кога ги имаат имињата? А секако виновни се Заев и Филипче. За сè. Земјоделците ги обвини за протест. Земјоделците не протестираа кај откупувачите, туку кај државата. Дали субвенциите, откупот и ИПАРД фондот се обврска на откупувачите, а не на државата? Тоа зборува Мицкоски? Според Мицкоски и земјоделците се дел од хибридниот напад. Кажа дека на екскурзијата имал средби со инвеститори. Три нови инвестиции. Сите три „во фаза на реализација, се пеглаат последните детали“. Една германска, една американска, а третата… „не може да каже“. Под радар. Веројатно проширување на медиумската мрежа - на постоечките 40 % Орбанови медиуми, сега да стигнат и 40 % од медиумите на Вучиќ. Како и секогаш - не може да каже кои се. Исто како после Давос, кога беше во туристичка посета. Каде се тие инвеститори што ги најави? Наскоро, некогаш, никој не знае… На крај - порача дека бил со семејството на научна екскурзија и дека таму научил оти 4+4 не е 8 дена, туку 7 дена. За да ни каже колку малку бил на одмор. Само не ни кажа една работа: Кога ќе појде во Гостивар на една здравица со гостиварска вода? СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook