ТехнологијаТелефон кој ја менува тастатурата за да одговара на вашите потреби (ФОТО)Американската компанија „Sidephone“ го претстави „SP-01“, телефон кој се издвојува по својот уникатен дизајн: наместо класичниот долен дел, корисниците можат да ја заменат тастатурата за неколку секунди.Идејата на производителот е да им понуди на корисниците уред кој поттикнува поздрав став кон користењето паметни телефони, со помалку одвлекувања на вниманието и фокус на основните функции. Горната половина од предната страна е окупирана од екранот, додека долниот дел е резервиран за заменливи модули. Клиентите можат да изберат од неколку додатоци: • QWERTY тастатури за полесно пишување пораки, • класични нумерички тастатури, • панел со кружни команди инспирирани од „Apple iPod“ уредите, • контролер дизајниран за играње едноставни и ретро видео игри. Според компанијата, замената на модулот трае само една секунда. „Android“ без куп апликации „Sidephone SP-01“ користи платформа базирана на отворената верзија на „Android“, но доаѓа со само девет основни апликации. Меѓу дополнителните апликации што корисниците можат да ги инсталираат се: „WhatsApp“, мапи, календар, белешки, снимач на глас и е-пошта. Наместо класичната продавница за апликации, дополнителни пакети се инсталираат со скенирање „QR“ кодови од официјалната веб-страница на производителот. Телефонот поддржува повици и SMS пораки, а на задната страна има камера од 13 мегапиксели. Стандардно доаѓа со класична тастатура, додека другите модули се купуваат одделно. Производителот нагласува дека целта на уредот е да им понуди на корисниците поедноставно телефонско искуство, со помалку одвлекување на вниманието и можност за прилагодување на телефонот на моменталните потреби - без разлика дали сакаат попродуктивна работа или играње ретро игри. Извор: Б92Тагови: мобилен телефон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВидео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредениУтринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици. Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот. View this post on Instagram A post shared by Kragujevčani (@kragujevcani.rs) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандманиСобраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени 400 амандмани.На вчерашната седница беа разгледани 12 амандмани од опозицијата, но ниту еден не доби поддршка. Барањата се однесуваа на заштитата на охридскиот регион, екологијата, урбанистичкото планирање и инфраструктурни проекти во општините. Меѓу нив беа и изградба на колекторски систем во Крива Паланка и набавка на комунална механизација за Карпош и Куманово. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека дел од активностите веќе се предвидени во владините програми. Вкупните приходи во буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди за пензии.Тагови: Комисијата за финансирање и буџет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
НБАНикола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБАЕден од најдобите кошакари на светот, српскиот центар Никоја Јокиќ изминатата недела го водеше Денвер до скор од 3-1 во победи. Кошаркарите на Денвер Нагетс минатата недела загубија од Феникс Санс, а ги победија Бостон Селтикс, Хјустон Рокетс и Чикаго Булс. Никола Јокиќ прикажа маестрална игра во тие натпревари – постигна 28 поени против Феникс, 24 против Бостон, 26 против Хјустон и 37 против Чикаго, притоа остварувајќи 18 скока и 11 асистенции. Минатата недела тој беше прогласен за МВП на Западната конференција, со просек од 28,8 поени, 12 скока и 9,5 асистенции. Од друга страна, на Истокот, Вашингтон Визардс загубија од Хјустон и Мемфис, а остварија победи против Торонто, Чикаго и Орландо. Нивниот најдобар играч во тој период беше Ентони Дејвис, со просек од 26,5 поени и 9 скока, како и речиси 60 проценти успешност во шутот од поле.Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00