Тектонски потрес пред историските избори во Молдавија- под строго обезбедување се врати „непријателот број 1“ - Канал 5

Тектонски потрес пред историските избори во Молдавија- под строго обезбедување се врати „непријателот број 1“

Молдавскиот олигарх и поранешен висок политичар Владимир Плахотниук е екстрадиран во Молдавија од страна на Грција под обвинение за вмешаност во кражба на приближно 1 милијарда долари, објави Би-Би-Си.

Тектонски потрес пред историските избори во Молдавија- под строго обезбедување се врати „непријателот број 1“

Владимир Плахотниук (59) беше префрлен од Атина во Кишињев вчера наутро, а потоа однесен во притворен центар во молдавскиот главен град.

Плахотниук, „јавен непријател број 1“, кој се соочува со неколку долготрајни кривични случаи во Молдавија, постојано негираше каква било вина и вети дека ќе ја докаже својата невиност.

Молдавија во недела одржува парламентарни избори, а претседателката Маја Санду предупреди дека независноста на Молдавија и европската иднина на земјата се во опасност поради обидите на Русија да поттикне насилство и да шири дезинформации.

Владимир Плахотниук избега од Молдавија во 2019 година, кога неговата Демократска партија ги загуби изборите.

Тој беше виден во Кишињев во вчера наутро, како излегува од авион во придружба на молдавската полиција и службеници на Интерпол.

„Ако не се откажете кога е тешко и продолжите да се борите - целото општество продолжува да се бори - дури и криминалците кои изгледаа непобедливи се изведуваат пред лицето на правдата“, напиша претседателот Санду во објава на социјалните мрежи.

Адвокатот на Плахотњук, Луцијан Рогач, ја обвини проевропската влада на претседателот Санду дека ја претворила екстрадицијата на неговиот клиент „во невкусен политички спектакл“ пред клучните избори.

Адвокатот, исто така, рече дека „фундаменталните права“ на неговиот клиент биле прекршени за време на процесот на екстрадиција што започна на 22 јули со неговото апсење на аеродромот во Атина.

Плахотњук е еден од главните осомничени за исчезнувањето на милијарда долари од три молдавски банки во 2014 година - случај познат како „кражба на векот“.

Во тоа време, украдената сума наводно вредела повеќе од 10 проценти од бруто-домашниот производ на Молдавија.

Клучни избори што ќе го одредат правецот на земјата

Неговата екстрадиција доаѓа во време кога осиромашената земја се подготвува за избори на 28 септември кои ќе одредат дали Молдавија ќе продолжи со интеграцијата со ЕУ или ќе се врати на руското политичко влијание.

Порано оваа недела, Санду ја обвини Москва за „вбризгување стотици милиони евра“ во Молдавија во обид да поттикне насилство и да шири дезинформации и страв.

„Кремљ верува дека сите сме на продажба. Дека сме премногу мали за да се спротивставиме... Но, Молдавија е наш дом. А нашиот дом не е на продажба“, рече претседателот Санду.

Би-Би-Си неодамна откри докази за мрежа поврзана со Москва и бегалецот молдавски бизнисмен Илан Шор, која работела на ширење дезинформации.

Откри дека луѓето биле платени да објавуваат лажна содржина на интернет, со цел да ја поткопаат владејачката партија пред изборите. Објавите имале милиони прегледи.

Зборувајќи на Генералното собрание на ОН во Њујорк во среда, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Европа не може да си дозволи да ја изгуби Молдавија, откако не успеа да ги одземе Грузија и Белорусија од канџите на Москва.

Зеленски рече дека рускиот претседател Владимир Путин ќе „продолжи да ја турка војната напред, сè подлабоко и подлабоко“ ако не се запре.

Во меѓувреме, проруските партии во Молдавија го обвинија Санду дека се обидува да ги заплаши и да влијае на гласањето.

Тие исто така велат дека нејзината влада не прави доволно за да ја искорени широко распространетата корупција.

Руската служба за надворешно разузнавање СВР оваа недела ги обвини европските земји за планирање очигледно фалсификување на резултатите од изборите во неделата за да предизвика протести.

СВР предупреди дека ЕУ би можела да изврши „вооружена инвазија и фактичка окупација“ на Молдавија, лажно тврдејќи дека ЕУ распоредува трупи.

Молдавија прогласи независност по распадот на СССР во 1991 година, но голем дел од населението зборува руски. Контингент руски трупи сè уште е стациониран во отцепениот регион Приднестровие, кој е поддржан од Москва, пренесе „Јутарњи“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот.

Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот.

„Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски.

Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила.

Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува.

„Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер