Тејлор Свифт триумфираше на „Ем-ти-ви наградите“ за 2023 година - Канал 5

Тејлор Свифт триумфираше на „Ем-ти-ви наградите“ за 2023 година

Тејлор Свифт е големата победничка на „Ем-ти-ви видеомузичките награди“ (MTV Video Music Awards) за оваа 2023 година, бидејќи нејзината песна „Anti-Hero“ доминираше вечерта.

Тејлор Свифт триумфираше на „Ем-ти-ви наградите“ за 2023 година

Свифт освои 9 одличја од 11 номинации, вклучувајќи ја и главната награда за видеоспот на годината, за најдобра песна, визуелни ефекти и најдобра поп-песна на годината.

- Ова е неверојатно. Фактот дека за оваа награда гласаат гледачите значи многу за мене, изјави таа.

Свифт ја доби и наградата за албум на годината („Midnights“), како и за најдобар уметник, на доделувањето во „Пруденшл центарот“ во Њуарк, Њу Џерси, САД.

YouTube video

Водителка на емисијата беше Ники Минаж, која исто така настапи и победи во категоријата најдобра хип-хоп изведба, за хитот „Super Freaky Girl“. Лил Вејн го отвори шоуто, додека други изведувачи беа Оливија Родриго, Карди Би и Меган Ти Сталион. Се прославија и 50 години хип-хоп со крајната изведба во којашто беа вклучени Ники Минаж, Ел-ел Кул Џеј, „Ран-Д.М.Ц.“ и „Грендмастер Флеш енд д Фјуриус фајв“ коишто ја израпуваа „The Message“.

Раперот Диди ја подигна наградата за „светска икона“ којашто му ја врачи неговата ќерка Ченс Комбс и Мери Џеј Блајџ и изведе избор од неговите најголеми хитови.

- Ова се тие 30 години. Му се молам на Бога да го работите она што го сакате цели 30 години!, изјави познатиот рапер.

Шакира, исто така, изведе cпој од неколку свои хитови земајќи ја наградата „Видеоавангард“.

- Сакам да ја споделам оваа награда со моите обожаватели кои секогаш ме поддржуваат „низ сито и решето“. Ви благодарам многу што сте мојата „војска“ во сите мои битки, изјави таа, меѓу другото, говорејќи англиски и шпански.

Ајс Спајс беше прогласена за најдобар нов уметник, додека Рема и Селена Гомез победија во инаугуративната категорија за најдобар афробит со песната „Calm Down“.

Успех имаше и за Италија бидејќи претходната група победничка на „Евровизија“ - „Манескин“ ја доби наградата за најдобра рок-песна, за „The Loneliest“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер