Тејлор Свифт со нов албум и нов рекорд на „Билборд“ - Канал 5

Тејлор Свифт со нов албум и нов рекорд на „Билборд“

 Тејлор Свифт е првата жена изведувачка со најмногу бр. 1 албуми на топ-10 листата на списанието „Билборд“ во историјата.

Тејлор Свифт со нов албум и нов рекорд на „Билборд“

Музичката ѕвезда тоа го постигна со својот 12. албум на оваа листа - „Speak Now (Taylor's Version)“ (инаку 13-ти албум воопшто). Со тоа новата „поп-кралица“ го надмина рекордот на Барбара Стрејсенд кај пејачките.

Говорејќи за машките уметници, Џеј Зи и Битлси имаат по повеќе од 12 албуми бр. 1, иако „Билборд“ наведува дека е променет системот за рангирање албуми.

Свифт (33), исто така, стана и прв жив изведувач во речиси 60 години кој има четири албуми во топ-10 списокот во истовреме, додава списанието. Меѓу нив сега се „Midnights“, „Lover“ и „Folklore“. Поп-ѕвездата сега е и првиот изведувач кој има 11 албуми на топ-200 листата на влијателното американско гласило.

Нејзиното рекордно достигнување се случи среде нејзината турнеја „Eras“ (на македонски: „ери“), вредна милијарди долари, што би требало да трае до август 2024 година.

„Speak Now“ првично беше издаден во 2010., но Свифт си зеде задача да ќе ги пресними своите први шест албуми за да може да ги контролира правата над нив, па ова е третиот од нив.. Во октомври лани, пејачката стана и прва изведувачка која некогаш ги зазела сите 10 места на американската табела за синглови во истовреме по објавувањето на нејзиниот 10. студиски албум „Midnights“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Прецизната регулатива е основа за јасни и фер правила за работа во секоја индустрија

Прецизната регулатива е основа за јасни и фер правила за работа во секоја индустрија, а примената носи поголема заштита за граѓаните и поефикасен систем.

Димитриеска-Кочоска: Прецизната регулатива е основа за јасни и фер правила за работа во секоја индустрија

По усвојувањето на новиот Закон за игри на среќа, продолжуваме со неговата имплементација и дорегулација преку донесување на еден од потребните правилници - Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа - акт со кој детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на правните и физичките лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип“, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на ФБ.

Таа појаснува дека потребата документација меѓу другото се однесува на изречени санкции за забрана за вршење професија, изречена казна за забрана за приредување на игри на среќа и слични околности кои се значајни за нивното учество во приредувањето на игрите на среќа.

Ова е важен чекор, Правилникот ги претвора законските принципи во конкретни правила, процедури и критериуми што ќе можат да се применуваат во пракса“,наведува министерката.

Таа додава дека Министерството за финансии работи и на подготовка и донесување на останатите правилници потребни за целосна имплементација на Законот.

„ Прецизната регулатива е основа за јасни и фер правила за работа во секоја индустрија, вклучително и индустријата на игри на среќа. За нас, донесувањето на Законот и на позаконските акти не е крајот на процесот. Вистинскиот резултат доаѓа со неговата доследна имплементација. Затоа, секој донесен правилник и секој следен чекор во спроведувањето значи дека законските решенија стануваат реалност, а нивната примена носи поголема заштита за граѓаните и поефикасен систем“, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Министерката потсетува дека новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри беше донесен на крајот на јуни оваа година, од причина што оваа област значително се промени во изминатите години. Со новиот Закон се воведоа повеќе новини чија заедничка цел е поголема заштита на граѓаните, посилна контрола и поодговорно работење во оваа индустрија.

Како што посочува во објавата потребна беше современа регулатива која ќе одговори на новите предизвици и ќе овозможи поголема заштита на граѓаните и поефикасен надзор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница

По 5 години и голем број на докази, Абази го заштити Филипче со чување на предметот и доказите во фиоките на обвинителките Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО.

Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница

Еве зошто Филипче, кој треба да одговара за модуларните болници, Абази директно го заштити.

Имено, Артан Етеми, поранешниот економски директор на тетовската болница, кој беше осуден на една и пол година затвор за случајот со модуларната болница, до последен момент одбивал да ја прими и да ја пушти во употреба модуларната болница.

Да потсетиме, болниците кои биле набавени и поставени како стоки, кои во ниту еден случај не можат да бидат користени како објекти за здравствена дејност, биле направени според техничка спецификација на лице поставено од Венко Филипче.

Зошто повторно го споменуваме ова? Затоа што повеќето директори на болници низ целата Македонија се противеле на поставување на модуларни болници, бидејќи немало приклучоци, немало надзор, немале средства за да платат приклучоци, да ангажираат фирми итн.

Во овој дел, Светска банка барала да види одобренија за поставување и употреба на модуларните болници и извод од Катастар, со цел за да се покаже одржливост на проектот. Но, одобрение не можела да издаде ниту општината, ниту Министерството за транспорт и врски, бидејќи не е запазена процедурата и одредбите од Законот за градење.

Катастарот одбивал да врши упис на истите, бидејќи се набавени како стоки и нема извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, за да се запишат, а Катастарот врши упис само на недвижности.

Економскиот директор на тетовската болница, каде што се случи пожарот, до последен момент се противел на поставување на модуларните болници, бидејќи не се опремени за да се издава здравствена и медицинска нега ниту пак биле во рамките на законските прописи. Сепак, со одлука на Министерството за здравство и тогашниот министер Венко Филипче, модуларните болници се пуштаат во употреба.

Клучен факт е дека во моментот на критичниот настан, модуларната болница во Тетово нема одобрение ниту за поставување, ниту за употреба од Министерството за здравство. Болницата изгорела за неполни две минути, за што има и снимки, листа на документи и докази кои Јавното обвинителство ги криеше.

Бараме одговори од Абази, зошто ОЈО ГОКК го заштити Филипче? Зошто обвинетите, поранешни директори на тетовската болница рекоа дека вистинскиот виновник треба да седи до нив на обвинителната клупа, а тоа е Венко Филипче?

YouTube video

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче на средба со лозарите: СДСМ ќе поднесе Закон – 5 денари повеќе за секој килограм грозје

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче на средба со лозарите: СДСМ ќе поднесе Закон – 5 денари повеќе за секој килограм грозје

Денеска сме во посета на тиквешкиот регион, имаме средби со земјоделците, со лозарите кои што сега се наоѓаат среде процес на берба на грозјето и грозјето го спремаат да го продадат.

За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан Мицкоски и целата влада, од министерот за земјоделство кон лозарите, поради тоа што нудат понижувачки откупни цени на грозјето.

Трошоците за производство се многукратно зголемени. Колкава е само цената на горивото. Понатаму трошоците се зголемени и за работната рака 2.000 денари им бараат луѓето коишто го берат грозјето. Зголемена е цената на водата и секако енормно зголемена е цената и на ѓубривата со кои што се ѓубри земјиштето.

Затоа бараме итно да се зголемат откупните цени и во таа насока ќе дадеме предлог Закон во Собранието со кој закон откупната цена на сите сорти на винско и трпезно грозје ќе се зголеми за 5 денари по килограм.

Понатаму да се укине попустот од 8% кој што винарите го нудат како предуслов да ја платат веднаш целата количина на грозје која што ќе ја откупат. Трето да се донесе интервентна мерка затоа што има најави дека не целото црно грозје ќе биде откупено целото. Црното грозје коешто ќе им остане на лозарите да биде откупено од страна на државата. И ова е најмалку што заслужуваат нашите лозари ова е најмалку што заслужуваат овие луѓе кои што од сабајле до вечер на ова јако сонце работат да ги прехранат своите семејства луѓето кои што ги извадиле последните заштедени пари во текот на минатата година да купат ѓубриво, да ги платат работниците, да платат гориво, да платат вода, со цел оваа година да има соодветен род.

Ова е најмалку што оваа ненародна предавничка власт на Христијан Мицкоски може да направи за овие луѓе.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер