Николоски пред претставници на Јапонската надоврешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од целиот регион
2Николоски пред претставници на Јапонската надоврешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од целиот регион
Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
1Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
Шоу бизТејлор Свифт проголта бубачка среде концерт (ВИДЕО)Тејлор Свифт настапи во Чикаго пред 60.000 луѓе во рамките на нејзината турнеја Ерас, а за време на говорот во кој го претстави новиот член на бендот, бубачка ѝ влета во устата.За време на говорот, пејачката наеднаш почнала да кашла и ја ставила раката преку устата, а потоа ја известила публиката: „Голтнав бубачка, извинете“. Тогаш таа се насмеа и рече: „Добро сум, ова е толку глупаво. Вкусно. О, Боже. Има ли шанси никој од вас да не го видел ова?“ Видеото стана вирално и собра стотици илјади прегледи на социјалните мрежи. „Најсмешно е колку сите се тивки“, напишал еден обожавател, додека еден тиктокер коментирал: „Всушност можете да ги видите инсектите како летаат низ воздухот“. „Ова е моето омилено нешто што ѝ се случило досега“, напишал друг обожавател, а бројни тиктокери коментирале дека пејачката одлично се справила со тешката ситуација. @scariestgirluknow “Delicious” @Taylor Swift the Eras Tour @Taylor Swift #erastour #erastourtaylorswift #taylorswift #chicagon3 ♬ original sound - user316854 За потсетување, нејзината турнеја е полна со вирални моменти. Некои обожаватели отидоа дотаму што носеа пелени на концертот за да не пропуштат ниту еден момент, а неодамна се појавија обожаватели кои тврдат дека не се сеќаваат на концертот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУкраден сеф со 100.000 евра на 76 годишник од Белград Белградската полиција трага по непознати сторители кои провалиле во куќа во централниот дел на градот и однеле метален сеф во кој, според пријавата на сопственикот, имало околу 100.000 евра во готовина и неколку рачни часовници.Кражбата била пријавена вчера околу 15 часот, откако 76-годишниот сопственик на објектот забележал дека неговиот дом бил ограбен и дека металниот сеф што го чувал во куќата исчезнал. Според неофицијалните информации, при полицискиот увид биле забележани оштетувања на вратата во ходникот, која води кон дворот, како и на самиот влез во објектот...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаНиколоски пред претставници на Јапонската надоврешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од целиот регионМакедонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи имаме најниски даноци во регионот со што ја прави земјава атрактивна за инвестирање, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на средбата со претставници од Јапонската владина организација за унапредување на надворешната трговија-ЈЕТРО. “Во однос на глобалната криза, се обидуваме да ги задржиме добрите економски показатели и со гордост можеме да кажеме дека во целиот реигон на Југоисточна Европа имаме најниска инфлација која се движи во просек од околу 3 %, она што е во европски просек. Во однос на бруто домашниот производ, многу ми е драго што релавантни финансиски институции како што се ММФ и Светска банка, два пати ги корегираа своите предвидувања и очекувам годинава да ја завршиме со раст од 3,8 % на БДП. Две години имаме стабилен раст на бруто домашниот производ, исто така, растот во индустриското производство бележи позитивни движења, а во градежништвото имаме раст веќе 11 последователни квартали. Во таа насока решивме да инвестираме и со буџетски средства и со приватни средства и тоа може да се види на терен” – исaтка Николоски Тој додаде дека Македонија има убедливо најниска даночна политика во регионот. Земјата има потпишано Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ, кандидатски статус и почеток за преговори со ЕУ, а врз основа на тоа и олеснување на трговијата со земјите членки на ЕУ. “ Зeмјата е членка ЦЕФТА и ЕФТА договорот за слободна трговија Имаме потпишано Договори за слободна трговија и со ЕУ, така што може да се извезува без дополнителни давачки. Исто така имаме потпишано Договори за стратешко партнерство со Велика Британија, Труција, Унгарија и САД. Она што сакам да го кажам е дека Македонија има убедливо најниски стапки на даноци во регионот. Персоналениот данок на доход изнесува 10 %, данокот на добивка е исто 10 % која што добивка не се оданочува ако се реинвестира. Имаме добро обучена работна сила, во земјата се употребува дуално образование” – додаде вицепремиерот Николоски. На средбата истакна дека очекува продлабочување на односите меѓу двете земји, како во поглед на трговската размена, така и во поглед на инвестициите и другите форми на економска соработка. ЈЕТРО е владина организација за надворешна трговија која поттикнува меѓународна трговија, инвестиции и деловна соработка помеѓу Јапонија и остатокот од светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ЗабаваФото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од живототПознатата ТВ водителка и членка на жири на познато светско шоу, Аманда Холден повторно ги воодушеви фановите со своето секси издание на хуманитарен настан. Да, Аманда се појави речиси гола на црвениот тепих и ги засени сите .Во шестата деценија од животот, атрактивната водителка е позната по тоа што секогаш привлекува погледи со своите модни изданија на црвениот тепих. Аманда Холден го привлече вниманието на сите присутни на хуманитарниот настан „Make Some Noise“, организиран од медиумската компанија „Global“, кој се одржа во Лондон. Иако во текот на летото редовно нè „честеше“ со провокативни изданија во бикини, таа сега покажа дека може да биде исто толку провокативна и во елегантни креации. Водителката (55) се појави во исклучително смел црн фустан изработен од проѕирен материјал, со детали од тантела и прекрасни ракави украсени со пердуви. Креацијата ја откриваше нејзината фигура, но и облеката што ја носеше под неа, со што Аманда уште еднаш покажа дека нема проблем со модните ризици и дека не се плаши да ги помести границите на добриот вкус. Во провокативен фустан, кој истовремено носеше шарм на холивудски гламур, таа зрачеше со самодоверба и ја покажа својата затегната фигура. Во шестата деценија од животот, таа изгледа подобро од кога било, а се чини дека, кога станува збор за модните избори, годините за неа се само бројка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook