Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
1Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
Шоу бизТејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели Американската музичка суперѕвезда Тејлор Свифт ѝ подари милион долари на добротворната фондација „Храна за Америка“ или „Фидинг Америка“ (Feeding America), како и милион долари на „Американското здружение за срце“.Нејзината втора донација е во чест на нејзиниот татко, Скот Свифт, кој бил подложен на операција за петкратен „бајпас“ оваа година - по што неговата ќерка се смести кај него за да му помогне во заздравувањето. Овие донации овозможуваат унапредување на тековните научни истражувања, посилни напори за спречување и лекување и проширен пристап што спасува животи за секоја заедница, се нагласува во соопштението на „Здружението за срце“. - Си реков, овој човек (татко ѝ, з.п.) ми направи место за играчки, лулашки, креветчиња. Јас ќе му дадам столче за под туш, одалка, кревет, изјави таа во емисијата на својот свршеник Тревис Келце. - И, тој (татко ѝ) е најпрекрасниот пациент во светот. Постојано повторува „благодарам“ - одново и одново, додаде таа. Извршната директорка на „Фидинг Америка“, Клер Бабино-Фонтено се заблагодари за подарените милион долари. „Оваа празнична сезона, нејзината континуирана поддршка е моќен потсетник за тоа што сѐ е можно, кога се обединуваме за да му ставиме крај на гладот“, напиша Бабино-Фонтено на Интернет. Непосредно пред тоа, Свифт даде „дарежлива“ донација и за „Мјузикерс“ (MusiCares), како што се пофали и самата организација на своите пррофили. Тоа „ќе помогне во поддршката на нашите витални програми, ресурси и финансиска помош за музичката заедница во неволја“, истакнаа оттаму. Така, „сите музички професионалци, од сите жанрови и професии, не мора да избираат меѓу живот во музиката и грижата да се преживее“, се наведува во објавата на организацијата. Тагови: Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаСредба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика БританијаЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области. Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството. На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави. Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистинатаПратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. „Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиЕвропско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент. Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.Тагови: кикбокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter