Тејлор Свифт откри што ќе се случува со нејзината кариера, откако ќе се омажи - Канал 5

Тејлор Свифт откри што ќе се случува со нејзината кариера, откако ќе се омажи

Тејлор Свифт (35) во ново интервју откри дека нејзината љубовна приказна со свршеникот Тревис Келси, играч на Канзас Сити Чифс, „има совршена смисла“.

Тејлор Свифт откри што ќе се случува со нејзината кариера, откако ќе се омажи

Двојката е во врска повеќе од две години, се запознаа во 2023 година, а ја објавија својата свршувачка во август оваа година.

Страста што ги поврзува

Зборувајќи во емисијата „The Scott Mills Breakfast Show“ на BBC Radio 2, Свифт откри што имаат заедничко таа и Келси. „Ја сакам личноста со која сум затоа што тој го сака она што го правам и му се допаѓа колку ме исполнува правењето уметност и музика“, рече таа. „Тоа е најдобрата работа кај Тревис - тој е неверојатно страствен за она што го прави и токму таа страст за нашата сопствена работа нè поврзува“.

Во исто време, пејачката ги отфрли гласините дека ќе престане да прави музика по бракот, нагласувајќи дека Келси целосно ја поддржува нејзината работа. „Нема шанси тој никогаш да каже: „Толку сум разочаран што сè уште правиш музика“, додаде таа со смеа.

Сличности во кариерите

Свифт го опиша меѓусебното поддржување како „најзабавната работа на светот“. Иако нивните кариери се различни, вели тој, постојат многу сличности меѓу нив. „Двајцата, како повик и како страст, настапуваме три и пол часа на стадионите на НФЛ“, објасни таа. „Кога јас сум таму, тоа е соблекувалната - кога тој е таму, тоа е соблекувалната. Но, целта е иста: да ги забавуваме луѓето“.

Таа, исто така, ја нагласи нивната натпреварувачка природа: „Двајцата сме натпреварувачки настроени, но на забавен начин, никогаш токсични. Едноставно - сакаме да се натпреваруваме“.

Животни приоритети и нов албум

Со текот на времето, вели Свифт, научила подобро да дава приоритети. „Колку што стареам, толку е пократок списокот на работи што ми се навистина важни“, рече таа. „Тоа е моето семејство, мојата врска, моите пријатели, мојата уметност, готвењето... И, искрено, моите мачки“.

Таа додаде дека денес полесно препознава што е навистина важно, а што е „само бучава“.

Да потсетиме, минатиот петок, на 3 октомври, Свифт го издаде својот долгоочекуван 12-ти студиски албум „Животот на една шоугерл“, на кој многу песни се занимаваат со нејзината врска со Келс. Таа го опиша чувството што го има кон новата музика како „едноставна радост“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер