Тејлор Свифт од еден концерт заработува повеќе отколку нејзиното славно момче за цела година - Канал 5

Тејлор Свифт од еден концерт заработува повеќе отколку нејзиното славно момче за цела година

Обожавателите на Тејлор Свифт често се возбудуваат за тоа како пејачката сама ја спасила економијата со нејзината распродадена турнеја Ерас.

Тејлор Свифт од еден концерт заработува повеќе отколку нејзиното славно момче за цела година

Излегува дека добитничката на Греми во последните години заработила доста пари, а финансиери откриваат дека наскоро би можела да стане милијардерка. И ако тоа не е доволно импресивно, Свифт заработува повеќе од еден концерт отколку што нејзиното наводно момче Тревис Келче добива за цела година.

Пејачката се раздели од нејзиниот долгогодишен љубовник Џо Алвин на почетокот на оваа година. Сепак, шест месеци подоцна, Свифт веќе беше романтично поврзана со една од најголемите ѕвезди на НФЛ: Тревис Келце.

Всушност, таа беше забележана како седи со неговата мајка за време на натпреварот на Канзас Сити Чифс пред да ја напушти соблекувалната со Келче. Покрај тоа што произведува бескрајни хитови и е едно од најпрепознатливите лица на планетата, Business Insider откри дека една од најпрепознатливите жени на планетата има лудо салдо во банка.

Според нивната проценка, Свифт заработува неверојатни 13 милиони долари од продажба на билети за секоја вечер од нејзината турнеја Ерас. За да го ставиме тоа во перспектива, Келче ќе заработува 12,3 милиони долари по сезона, дури и по освојувањето на Суперболот. Исто така, веруваат дека наскоро ќе стане милијардерка, а моментално нејзината нето вредност е 740 милиони долари.

Да потсетиме, натпреварот помеѓу Канзас Сити Чифс и Чикаго Берс на стадионот Ероухед во Канзас падна во втор план кога пејачката Тејлор Свифт беше забележана во ВИП ложата на трибините. По неколку недели шпекулации за наводната романса меѓу неа и омилениот играч во НФЛ, Тревис Келче, мегаѕвездата се појави на трибините во придружба на мајката на Тревис и на стадионот настана апсолутен хаос.

Коментаторите, навивачите, па дури и самите играчи зборуваа за тоа како Свифт се појавила и навивала за Тревис од трибините, а во еден момент дошло до целосен колапс внатре во стадионот додека стотици навивачи од трибините се повлекле внатре надевајќи се дека ќе ја сретнат Свифт. Канзас Сити победи, Тревис беше херојот на мечот, Свифт врескаше, скокаше и од среќа удри во заштитното стакло, а Американците добија сѐ што сакаат во едно - спој на шоубиз и американски фудбал.

@espn This is awesome ❤️👏 (via @Aubrey Curtis) #nfl #football #taylorswift #traviskelce #chiefs ♬ original sound - tvdoaudios

По натпреварот, Келче и Тејлор биле видени како заминуваат со автомобил во ресторан каде, според американските медиуми, Тејлор ги платил сите оброци на гостите за да го напуштат објектот и да ги остават двајцата сами. Инаку, по играта, Келче носеше комплет наречен 1989, што е и името на албумот чие реиздание Тејлор наскоро ќе го објави...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа

Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа.

Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа

Додека СДС беше на власт, а Петровска беше министерка, Филипче молчеше. За набавката поскапа за 37 милиони евра се сети дури кога се скараа меѓусебно.

Јавноста заслужува одговори во однос на изјавата на Филипче за, како што тој вели криминалот вреден 37 милиони евра.

Обвинување за криминал од 37 милиони евра не е нешто што се вади од фиока кога ќе се започне партиска пресметка.

Го охрабруваме потегот на Филипче да проговори, но исто така го повикуваме и ЈО да го истражи случајот за кој патем се доставени сите информации до надлежните институции.

Правда мора да има.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот

Една година по приклучувањето на Република Македонија кон Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, граѓаните и компаниите ги користат придобивките од побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра.

Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот

Приклучувањето кон СЕПА претставува значајна реформа во платежниот систем, со која законската и институционалната рамка на земјата се усогласи со европските стандарди. Со практичната имплементација од страна на Народната банка и банките, оваа реформа денес носи конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот.

„Пред една година направивме важен чекор кон европските стандарди во плаќањата. Денес, граѓаните и компаниите имаат побрзи, поедноставни и поефикасни плаќања во евра. Министерството за финансии создаде клучна реформа со која Република Македонија се приклучи кон СЕПА со што се овозможи практичната имплементација од страна на Народната банка и банките.

СЕПА е пример дека реформите не се само промени во законите – туку конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот“, напиша на ФБ министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Со приклучувањето кон СЕПА, граѓаните и компаниите можат да вршат прекугранични плаќања во евра под исти правила и стандарди како во земјите од Единствената област за плаќања во евра. Тоа придонесува за побрзи, побезбедни и поефикасни трансакции, како и за намалување на трошоците поврзани со прекуграничните плаќања.

Придобивките се особено значајни за компаниите, за кои поефикасните прекугранични плаќања значат полесно работење со европските партнери, подобра ликвидност и намалување на трансакциските трошоци.

Клучен чекор во спроведувањето на реформата беше донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи, подготвен од Министерството за финансии и предложен од Владата, како и усвојувањето на подзаконските акти од страна на Народната банка.

Барањето за пристапување кон СЕПА беше поднесено на 10 јули 2024 година, додека на 6 март 2025 година беше прифатена апликацијата од страна на Европскиот совет за плаќања за приклучување кон СЕПА. Со тоа се овозможи и приклучување на домашните банки во платежните шеми преку кои се извршуваат плаќања во евра.

Станува збор за платежен простор кој опфаќа 41 европска земја.

Една година СЕПА е пример дека реформите кои се спроведуваат носат конкретни резултати и директни придобивки за граѓаните и компаниите. Министерството за финансии продолжува со реформите насочени кон усогласување со европските стандарди и создавање подобри услови за граѓаните и бизнисот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на 5 големи македонски компании

Владата на СДСМ прифати се што Бугарија побара. Дури договараа и продажба на 5 приватни македонски компании. И затоа сме во оваа позиција, истакна во интервју за Радио Лидер, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски. 

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на 5 големи македонски компании

“ Во 2022 година СДСМ сѐ прифатија на Бугарија, им дадоа празен лист на Бугарите, Бугарите си напишаа што сакаат и овие го потпишаа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Христијан Мицкоски не се договараше да во пакет и тоа не знам како затоа што се работи за приватни компании — на Бугарија да се продадат една национална телевизија, еден телеком оператор, една банка, еден рудник и еден кабелски оператор. Ние такви работи не договаравме, ниту договараме. И тоа Бугарија го правеа затоа што видоа дека на другава страна има сервилна влада која што е спремна да продаде сè. Такви работи договараше Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, од Димитар Ковачевски, каде што министер за здравство беше и Венко Филипче.” – истакна Николоски.

Суштинската разлика како што потенцира Николоски е тоа што, СДСМ ги продавала националните интереси и затоа граѓаните ги казниле на изборите.

“ Тоа е суштинската разлика помеѓу нас и нив Ние мора да се концентрираме на овие работи затоа што мора да знаеме како сме стигнале до овде. Ние не сме стигнале до овде затоа што сме се разбудиле едно утро и немаме попаметна работа, па ајде сега ќе се расправаме со соседите, туку затоа што на другата страна имаше политичка структура која што единствено и само ја интересираше да ги наполнат џебовите и да ја дувнат и затоа сега се во состојба во каква што се. Народот во 2024 година јасно кажа. ВМРО-ДПМНЕ доби 58 пратеници, заедно со коалицијата, со Вреди и со ЗНАМ, СДСМ доби 18 пратеници. СДСМ е бетонирана на горе-долу оваа бројка на пратеници што ја гледате и што ги има сега. Може да се еден-два пратеници минус или еден-два пратеници плус, ако имаат малку повеќе среќа на изборниот ден. Природно е во секоја европска држава опозицијата да расте, а вие не растете, тоа значи дека имате проблем” – истакна Николоски во интервјуто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер