Тејлор Свифт настапи во Лондон, принцот Вилијам во публика со децата!? - Канал 5

Тејлор Свифт настапи во Лондон, принцот Вилијам во публика со децата!?

Светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт го започна лондонскиот дел од својата турнеја Ерас на распродадениот стадион Вембли.

Тејлор Свифт настапи во Лондон, принцот Вилијам во публика со децата!?

Спектакуларниот концерт на најпопуларната светска пејачка во моментов од публиката го гледаа многу, познати личности и политичари.

Странските медиуми и обожавателите пишуваат дека меѓу 90.000 фанови на Вембли бил и принцот Вилијам со децата.

Вилијам на концертот на Свифт го прослави својот 42 роденден, заедно со децата, принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (9) и принцот Луис (6). Кејт не беше со нив.

Кралската новинарка Роја Никхах беше меѓу првите која ја објави веста на мрежата X.

Бакингемската палата одби да ги коментира наводите, пишува DailyMail.

Принцезата Кејт 42 роденден на сопругот Вилијам му го честите со интересна слика и порака.

На официјалниот Инстаграм профил на принцот и принцезата од Велс, објавена е нова фотографија на која принцот Вилијам (Вилијам) скока во воздух со синовите Џорџ (Џорг) и Луис (Луис) и ќерката Шарлот (Шарлот). Објавена е нова слика од принцот од Велс по повод неговиот 42 роденден, кој тој го слави денес.

- Среќен роденден тато, сите те сакаме многу! – гласи описот на фотографијата, потпишана од неговата сопруга Кејт Мидлтон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Во вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Состојки за денешниот рецепт:

1 готово тесто за пица

100 гр. доматен сос

150 гр. шунка

150 гр. кашкавал

150 гр. печурки

50 гр. маслинки без семка

малку оригано и др. зачини по избор.

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на Европската унија 2026, во организација на Euronews, на кој ќе присуствуваат високи европски и регионални политички претставници.

Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026

Во фокусот на самитот ќе бидат процесот на проширување на ЕУ, европската интеграција на земјите кандидати, регионалната соработка и предизвиците со кои се соочува унијата во однос на приемот на нови членки.

Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и со врховниот командант за Европа генералот Алексус Грегори Гринкевич во врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во Монс, а предвидени се средби и со претставници на европските институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка

Народната банка го презеде управувањето со „Алта банка“тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори во „Алта банка“ Битола.

Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка

Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска ги преземаат надлежностите на досегашните органи на управување.Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките во периодот на администрацијата.

Администраторите ги преземаат овластувањата на Управниот и Надзорниот одбор, како и на Собранието на акционери.Тие имаат рок од 21 ден да ја утврдат состојбата во банката и да достават извештај.

Администрацијата е воведена за период од три месеци поради ризик за солвентноста на банката. Мерката следува откако на матичната „Алта банка“ во Белград ѝ беше одземена дозволата за работа.

Сопственикот од белград е известен да ги стави акциите на продажба.Доколку тоа не се случи, Народната банка ќе ги понуди на аукција, бидејќи има заинтересирани купувачи. Вчера гувернерот Трајко Славески во телевизиско гостување рече дека народната банка направила проверки пред давањето согласност за влез на Алта банка во Стопанска банка Битола.за таа цел, писмено се обратиле до европската централна банка и други регулаторни институции.

Според Славески, добиените одговори не покажале пречки за одобрување на трансакцијата.тој појасни дека согласноста била дадена на Алта Банка Белград, а не на физичко лице.во врска со сопственичката структура поврзана со Давор Мацура,кој е уапсен од властите во Белград рече дека не може да знае дали некој стои зад него .Одлуката за банката била донесена врз основа на предлогот на супервизијата и супервизискиот комитет.славески смирува дека наскоро ќе има поволен исход.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер