Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември
1Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември
Шоу бизТејлор Свифт лудо се забавува на доделувањето на МТВ наградите (ВИДЕО)Изгледа дека Тејлор Свифт беше доста расположена на синоќешното доделување на MTV VMA наградите во Њу Џерси.Откако 33-годишната пејачка освои вкупно девет награди, низ социјалните мрежи се проширија видеа од нејзиното танцување и пеење. „Никој не се забавуваше повеќе од Тејлор Свифт“, напишаа обожавателите на Твитер. Пејачката со ентузијазам ги следеше настапите на своите колешки. Еве некои од најдобрите видеа: TAYLOR SWIFT’S REACTION TO STRAY KIDS WHEN THEY PERFORMED S-CLASS OH MY GOD pic.twitter.com/ZS0NpQtQaf — elise ★⁵ (@hwangsamericano) September 13, 2023 taylor vibing to pretty girls by reneé rapp is very personal to me pic.twitter.com/4BwXYC5zRp — yana (@lenalvthr) September 13, 2023 💃| Taylor and Sabrina having a dance party during Diddy’s performance at the #VMAs! pic.twitter.com/myJwUWEGcL — Taylor Swift Updates 🩵 (@swifferupdates) September 13, 2023 🎥| Taylor singing and dancing along to Doja Cat’s performance of Paint The Town Red at the #VMAs! pic.twitter.com/SvgMbCSIgR — Taylor Swift Updates 🩵 (@swifferupdates) September 13, 2023 🎥| Taylor and her video cinematographer Rina Yang dancing to Karol G at the #VMAs! pic.twitter.com/XVOgZcJjpd — Taylor Swift Updates 🩵 (@swifferupdates) September 13, 2023 taylor dancing at the award shows is my favorite genrepic.twitter.com/4CHfokk4wn — iya ★ (@hotmessjunk) September 13, 2023 📹 | Taylor Swift and Ice Spice dancing during Demi Lovato’s performance #VMA pic.twitter.com/ufZ3QxjVtI — Taylor Swift News 🩵 (@TSwiftNZ) September 13, 2023 🎥| Taylor having the time of her life dancing to Shakira at the #VMAs! pic.twitter.com/OvQwhmHqbL — Taylor Swift Updates 🩵 (@swifferupdates) September 13, 2023 За потсетување, Тејлор ја доби наградата за изведувач на годината, за видео на годината и за песна на годината за нејзиниот хит од 2022 година, Анти-херој. Дополнително, таа доби награда за најдобра поп изведба, најдобра режија, најдобри визуелни ефекти, најдобра кинематографија, најдобра летна изведба и албум на годината за Midnights. Таа беше номинирана во вкупно 11 категории. За време на доделувањето на наградата, пејачката неколку пати му се заблагодари на својот тим. Покрај тоа, Тејлор влезе во историјата како прва личност која четири пати ја освоила наградата за видео на годината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаНародната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноемвриВо насока на изнаоѓање нов сопственик и создавање услови за натамошно стабилно работење на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во Банката. Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336% од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај. Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност, по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет, без можност за купување само на дел од акциите. Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година. Почетната цена е утврдена врз основа на тековната берзанска цена и изнесува 3.777 денари по акција. Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, следните аукции ќе се одржуваат последователно, на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година. На секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10% во однос на почетната цена на претходната аукција. Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите. На аукциите ќе можат да учествуваат лицата што ги исполнуваат законските услови. Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието ја продолжува расправата за буџетот за 2027 годинаСобраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата за предлог-буџетот за 2027 година, по кој се поднесени над 300 амандмани.Владата планира приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува економски раст од 3,8 проценти во 2027 година. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека буџетот обезбедува финансиска стабилност и средства за инфраструктурни проекти.СДСМ, пак, ги оспорува економските проекции и предупредува дека задолжувањето не го подобрило животниот стандард.Опозицијата ги критикува и поскапувањата на енергијата и отсуството на зголемување на минималната плата. Расправата може да трае до десет дена, од кои шест се предвидени за разгледување на амандманите. По завршувањето на комисиската расправа, буџетот ќе продолжи во собраниска процедура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Ограничувањата на „Старшилд“ ја отежнуваат одбраната на Украина од руските нападиУкраинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ограничената брзина на американскиот сателитски систем „Старшилд“ ја отежнува одбраната на Украина од руските напади.Тој побара од САД и компанијата на Илон Маск да ги укинат ограничувањата, нагласувајќи дека од тоа зависи заштитата на животите и енергетската инфраструктура пред зимата. Проблемот со брзината на системот, кој го развива „Спејс Икс“, трае веќе неколку недели. Украина го користи „Старлинк“ за комуникација на бојното поле, додека „Старшилд“ е наменет за воени потреби, вклучително и заштита од ракети и беспилотни летала.Ограничувањата првпат беа забележани во октомври, по што следуваа спротивставени изјави од Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп. Маск тврдеше дека одговорноста е на американската влада, бидејќи таа управува со системот, додека Трамп негираше дека Вашингтон е одговорен. Зеленски побара украинските власти да соработуваат што поблиску со американската администрација и компанијата на Маск за надминување на проблемот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55