Техеран: Ако Америка нè нападне, ние ќе го нападнеме Израел - Канал 5

Техеран: Ако Америка нè нападне, ние ќе го нападнеме Израел

„Подготвени сме за можна војна. Ако САД нападнат, ние сигурно ќе го нападнеме Израел...

Техеран: Ако Америка нè нападне, ние ќе го нападнеме Израел

Советникот за одбрана на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, и поранешен секретар на иранскиот Совет за национална безбедност, Али Шамкани предупреди дека Техеран е подготвен за потенцијална војна и дека ќе го нападне Израел во случај на напад од страна на САД.

„Подготвени сме за можна војна. Ако САД нападнат, ние сигурно ќе го нападнеме Израел... Непријателите се обидуваат да го проголтаат Иран, но тоа е невозможно, бидејќи тоа е залак што ќе им се заглави во грлото, бидејќи никогаш нема да успеат во тоа“, рече Шамкани во интервју за телевизискиот канал Ал-Мајадин, поврзан со Хезболах.

Коментирајќи ја безбедносната состојба, Шамкани рече дека Иран е подготвен за војна, но дека не бара конфликт, предупредувајќи дека секој напад врз Иран би довел до поширок регионален конфликт. Тој додаде дека во случај на напад од САД, одговорот би го опфатил и Израел, бидејќи, како што изјави, „тие две земји не можат да се набљудуваат одделно“.

Порача дека Иран нема да се откаже од својата поддршка за движењата на отпорот во регионот и дека верува оти притисокот врз Техеран е последица на неговата улога во тој контекст. Тој нагласи дека преговорите со САД се можни само ако се откажат од заканите и притисокот и дека „не доаѓа предвид проширување на преговорите на други прашања освен за нуклеарната програма“.

Шамкани нагласи дека нема можност за префрлање на нуклеарните залихи на Иран во странство, наведувајќи дека „нема причина“ за тоа и дека нуклеарната програма на Иран е исклучиво мирнодопска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? 

Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?

Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија.

Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите.

На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија.

Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Променливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР.

УХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплување

Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд.

Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер