„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
2„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
ЗдравјеТегнел : Можно е короната во Шведска да се појавила уште во ноември Многу е веројатно дека поединечни случаи на коронавирус во Шведска се случиле во ноември минатата година, објавија од Агенцијата за јавно здравје, но Шведска во моментов не се обидува да открие кога точно се случил првиот случај во таа земја.Објавата во шведските медиуми се случи откако Франција денес соопшти дека еден човек бил заразен во земјата на 27 декември, само неколку дена пред официјално да бидат евидентирани првите случаи во Кина. Тогаш пациентот бил дијагностициран со пневмонија, но тестовите кои сега се спроведени на неговиот примерок покажале присуство на коронавирус. Мажот целосно се опоравил и не е познато како се заразил. Шведскиот епидемиолог Андерс Тегнел вели дека е можно поединци да биле заразени и во тоа време во Шведска. „Немаше ширење на вирусот надвор од Вухан сè додека не се појави во Европа. Но, мислам дека ќе најдеме неколку случаи меѓу патниците од Вухан кои престојувале таму во ноември и декември. Тоа воопшто не звучи чудно, туку е сосема природно“, рече тој. Првиот официјално потврден случај на коронавирус во Шведска била жена чија зараза со коронавирус е потврдена на 31 јануари, по враќањето од Кина. „Ова не е нешто што ние го испитуваме. Не сакаме да го преоптоваруваме системот со овој вид истраги“, рече Тегнел, инаку човек кој го воведе слободниот систем во Шведска без карантин и строги мерки за изолација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
ЖивотНаучници прецизно изменија гени на човечки ембриони – се крена тревогаДеновиве, една нова студија предизвика воодушевување во научните кругови, но и тревога поради идејата „дизајнирање на бебиња“. Научници од Универзитетот Колумбија објавија дека успешно извршиле прецизни промени во ДНК на човечки ембриони во рана фаза од развојот, без големи хромозомски оштетувања какви што некогаш беа почесто случај кај класичната технологија на изменa на гeните, познатa како CRISPR-Cas9. Посуптилна промена во гените Истражувањето го спроведе тим предводен од Дитер Егли од Универзитетот Колумбија. Користеше технологија наречена уредување на бази и е понова верзија на технологијата CRISPR-Cas9. За разлика од класичната CRISPR-Cas9, која често се опишува како молекуларни ножици бидејќи ги сече обете нишки на двојната спирала од ДНК, уредувањето на базите е посуптилно. Тоа не се обидува да сече во внатрешноста на геномот, туку хемиски менува една „буква“ од ДНК во друга. Како функционира технологијата? ДНК може да се смета за џиновска книга на животот напишана во четири букви, или азотни бази: A, T, C и G. Технологијата CRISPR-Cas9 научниците ја презеле од бактериите и ја претворија во алатка. Имено, бактериите по средба со вирус што ги напаѓа можат да складираат фрагменти од неговата ДНК како молекуларна меморија, а потоа да ги користат како инструкции за препознавање и сечење на вирусната ДНК ако вирусот се појави повторно. Во овој систем, кратката молекула на РНК го води протеинот Cas9 до соодветниот вирусен генетски запис, а потоа Cas9 го сече, помагајќи им на бактериите да ја запрат инфекцијата. Во уредувањето на гени, CRISPR-Cas9 се користи за прецизно сечење на ДНК на избрано место, а потоа природните механизми за поправка на ДНК гените можат да ги инактивираат, да ги коригираат мутациите или да вметнат нови генетски секвенци. Сепак, оваа поправка не е секогаш уредна или контролирана. Може да заврши со бришење на големи делови од геномот, или други непожелни промени. Уредувањето на бази е изведено од CRISPR технологијата, но не работи на ист начин како класичната технологија за измена на гените CRISPR-Cas9. Во уредувањето на бази, CRISPR системот се користи и наоѓање на точната локација во геномот, но Cas9 е модифициран така што не сече ДНК или сече само еден ланец. На него има прикачен ензим кој хемиски претвора една база во друга, а потоа клетката го довршува процесот и ја утврдува промената. Уредувањето на бази е слично како коригирање печатни грешки. Целта е да се промени една буква, како што е A во G, без да се направи голем рез низ двојната спирала на ДНК. Уредени се гени важни за холестеролот и крвните заболувања Во новата работа, научниците тестираа уредувачи на аденински бази, или алатки што можат да ја претворат A во G. Тие се насочија кон две области: генот PCSK9, важен во регулацијата на холестеролот, и гените HBG1/2, поврзани со феталниот хемоглобин, кој е важен за болести како што се српеста анемија и бета-таласемија. Хемоглобинот е протеин во црвените крвни клетки што носи кислород. Најважниот резултат од експериментот беше тоа што уредувањето беше ефикасно, а авторите не открија големи делеции или хромозомски абнормалности на целните места. Ова е клучно бидејќи претходните обиди за користење на класичната CRISPR-Cas9 технологија кај човечки ембриони покажаа дека сечењето на ДНК може да предизвика сериозен геномски хаос. Проблемот со несовршеноста Егли претходно предупреди за овој проблем со технологијата CRISPR-Cas9. Во 2020 година, неговиот тим објави труд во списанието Cell во кој покажа дека кај човечките ембриони оваа технологија може да доведе до губење на големи делови од хромозомот или дури и целиот хромозом. Универзитетот Колумбија тогаш предупреди дека ваквите наоди покажуваат зошто е потребна екстремна претпазливост пред каков било пристап во клиничките примени. Новата студија е обид да се одговори на тоа прашање. Според прелиминарната верзија на овој научен труд, таа е охрабрувачка, но не и убедлива. Авторите наведуваат дека уредувањето/менувањето на базата не предизвикало големи хромозомски нарушувања, дека несаканите промени надвор од целното место зависеле од кратка РНК молекула која го води целиот систем (модифициран протеин Cas9 поврзан со посебен ензим) до точното место во геномот каде што треба да дејствува. Начинот на кој научниците ја воведувале алатката за уредување на гени во ембрионите бил исто така важен. Кога едиторот на базата го вметнале директно како готов протеин, во времето на оплодувањето или многу набргу потоа, ембрионите можеле да продолжат да се развиваат до бластоциста. Бластоцистата е рана фаза на ембрионот, неколку дена по оплодувањето, пред природно да се имплантира во матката. Од вака уредените ембриони, научниците можеле да добијат и ембрионални матични клетки, или клетки што можат да се развијат во различни видови ткива. Но, кога се обиделе да ја воведат истата алатка како РНК, односно како инструкција за клетката сама да го произведе едиторот, развојот на ембрионот запирал рано. Ова покажува дека во ваквите процедури, не е важна само алатката што се користи, туку и моментот и формата во која се воведува. Проблемот со мозаичноста Според извештајот во „Волстрит џурнал“, во студијата на Егли, речиси 80 % од ембрионите станале мозаични, што значи дека генетската промена во дезоксирибонуклеинската киселина не влијаела на сите клетки; некои го задржале непроменетиот ген. Мозаичноста е голем проблем за каква било клиничка примена бидејќи ембрионот може да има мешавина од изменети и неизменети клетки. Ако целта е да се спречи наследна болест, таков резултат не е доволно сигурен. Егли затоа не тврди дека научниците се подготвени да уредуваат бебиња. Тој додаде дека овој процес мора да се одвива преку дискусија што е во согласност со научниот напредок. Случајот со кинескиот научник Контекстот е особено чувствителен поради случајот од 2018 година, кога кинескиот научник Хе Џианкуи објави дека се родени првите бебиња кај кои ги уредил гените. Тој тврдеше дека со помош на технологијата CRISPR-Cas9 го променил генот CCR5 во обид да ги направи децата поотпорни на ХИВ инфекција. Научната заедница го осуди експериментот како неодговорен, предвремен и етички неприфатлив, а подоцна тој заврши во затвор три години. Оттогаш, уредувањето на човечките репродуктивни клетки, т.е. промените што би можеле да се пренесат на идните генерации, е една од најчувствителните теми во модерната биологија. Некои научници предупредуваат дека богатите би можеле да се обидат да го искористат пробивот за создавање деца ин витро кои би имале некои посакувани особини како што се исклучителна убавина или интелигенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
АвтомобилизамИстражување: Возачите на овој бренд имаат низок коефициент на интелигенцијаСтудија спроведена во Велика Британија се обиде да утврди дали постои врска помеѓу брендот на автомобилот и интелигенцијата на возачот - што мислите, како помина?Според резултатите од студијата, возачите на „Volvo“ постигнале највисоки просечни резултати на тестот за интелигенција, додека сопствениците на „BMW“ и „Mini“ биле на самото дно на листата. Возачите на „Volvo“ постигнале просечен коефициент на интелигенција од 115, што се смета за резултат над просекот. Спротивно на тоа, возачите на „BMW“ и „Mini“ имале просечен резултат од 87, што се класифицира како интелигенција под просекот. Авторите на студијата наведуваат дека ова може да укажува и на одредени разлики во однесувањето зад воланот, иако нагласуваат дека резултатите не претставуваат доказ за причинско-последична врска. Меѓу познатите личности кои возеле или сè уште возат „Volvo“ низ годините се актерките Меган Фокс, Џенифер Гарнер и Кејт Винслет, како и покојниот поранешен селектор на фудбалската репрезентација на Англија, Свен Горан Ериксон, легендарниот актер Пол Њуман и фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн. Покрај „Volvo“, првите пет брендови со највисоки оценки беа Шкода, „Tesla“, „Toyota“ и „Honda“. На другиот крај од табелата, покрај „BMW“ и „Mini“, се „Land Rover“, „Vauxhall“ и „Fiat“. Како беше спроведено истражувањето? Истражувањето беше спроведено од „Free Bets“ на примерок од 2.000 возачи во Велика Британија. Учесниците полагаа стандардизиран тест за интелигенција, а потоа посочија кој автомобил го возат. Врз основа на овие податоци, истражувачите создадоа рангирање на брендовите на автомобили според просечниот коефициент на интелигенција на нивните сопственици. Портпаролот на истражувањето, Тим Агњу, рече дека возачите на „Volvo“ долго време се сметаат за „разумни“ и дека резултатите од истражувањето ја поддржуваат оваа перцепција. Во исто време, тој оцени дека резултатите не се особено поволни за сопствениците на „BMW“ и „Mini“, кои постигнаа најниски просечни резултати. Според истражувањето, ранг-листата изгледа вака: 1. Volvo - 115 2. Skoda - 113 3. Tesla - 112 4. Toyota - 112 5. Honda - 111 6. Volkswagen - 109 7. Nissan - 107 8. Hyundai - 106 9. Kia - 106 10. Ford - 102 11. Jaguar - 101 12. Mercedes-Benz - 99 13. Audi - 98 14. Peugeot - 96 15. Renault - 96 16. Land Rover - 91 17. Vauxhall - 90 18. Fiat - 89 19. BMW - 87 20. Mini - 87 Резултатите од ова истражување треба да се гледаат со претпазливост. Ова е анкета спроведена на ограничен примерок од испитаници, па затоа не докажува дека марката на автомобилот ја одредува интелигенцијата на возачот, туку претставува интересна статистичка споредба што можеби не ја одразува ситуацијата во пошироката популација. Извор: Б92Тагови: возачи коефициент на интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Шоу бизХајди Клум: Мојот сопруг ме охрабри да ја прифатам мојата пополна фигура и облиниХајди Клум откри дека нејзиниот сопруг Том Каулиц ја охрабрил да ја прифати својата пополна фигура, години откако се соочи со критики во светот на модата за нејзиниот изглед.Германската манекенка, која го прослави својот 53-ти роденден во јуни, е во брак со 36-годишниот музичар од „Токио Хотел“ од 2019 година. Советот на нејзиниот сопруг во светот на модата „Мислам дека изгледаме подобро како што старееме кога не сме толку слаби. Мојот сопруг беше првиот што го истакна тоа. Ми рече: „Треба да јадеш повеќе, ќе изгледаше подобро ако имаше малку повеќе месо на коските“, изјави Клум за „UsWeekly“. Поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“ рече дека советот на Каулиц е „нешто што никогаш не ти го кажуваат во оваа индустрија, бидејќи секогаш се очекува да бидеш послаба отколку што си“. И таа се согласува со тоа. „Кога ги гледам фотографиите, си мислам: „Во право е!“ „Изгледам подобро пропорционално кога сум пополна“, призна таа. Клум, исто така, ја отфрли употребата на лекови за слабеење како Оземпик, велејќи: „Воопшто не ме интересира тоа“. Извор: Индекс.хрТагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook