ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС
ЗдравјеТедрос: СЗО треба да се зајакне за да се засили глобалната здравствена безбедност Напорите за зајакнување на глобалната здравствена безбедност во идната здравствена криза ќе успеат само ако се зајакне улогата на Светската здравствена организација, изјави денеска шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.Тедрос се приклучи на состанокот на Г-20 во главниот град на Индонезија преку видео врска и одговори на предлозите за формирање посебен глобален здравствен фонд задолжен за доставување средства за итни случаи, вакцини и други медицински материјали. – Јасно е дека во срцето на оваа архитектура, на светот му е потребна силна и одржливо финансирана Светска здравствена организација … со единствен мандат, единствена техничка експертиза и единствена глобална легитимност, рече Тедрос. – Сите напори за подобрување на управувањето, системите и финансирањето на глобалната здравствена безбедност можат да бидат успешни само ако ја зајакнат и улогата на СЗО, рече тој. Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза на дебатата рече дека „СЗО мора да остане во срцето на глобалната здравствена архитектура", но додаде дека „мора да работиме уште понапорно за да создадеме посилна архитектура на здравствените политики". Индонезија е домаќин на средбата на Г-20 оваа година, а министерот за здравство на земјата минатата недела праша дали СЗО е во најдобра позиција да собере капитал за глобален здравствен фонд за доставување итна помош, вклучувајќи средства, вакцини и дијагностика за време на идни пандемии. Индонезискиот министер за здравство изјави пред странските новинари дека земјите, според сегашниот систем, се „во основа сами" кога станува збор за обезбедување вакцини и витални медицински материјали. САД, најголемиот донатор на СЗО, исто така се залагаат за посебен фонд директно контролиран од донаторите за финансирање на превенција и управување со здравствени кризи. Зајакнувањето на глобалната здравствена архитектура е еден од приоритетите на Индонезија, која претседава со Г20, рекоа претседателот Џоко Видодо и министерот за здравство Буди Гунади Садикин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНСВенко Филипче и Зоран Заев, по нивниот пример како неразделни другари, си земаа и советници од партијата СНС, на нивниот другар Александар Вучиќ.Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ како олицетворение на Вучиќ, од кој СДС и Филипче, по поразот на изборите, сакаат да се дистанцираат и од него бегаат како ѓавол од темјан, си ги вдомија во владата. Обрадовиќ, иако балкански мешетар, беше ангажиран како советник на Зоран Заев, кој потоа дури сакаше да го постави и за директор на ЕЛЕМ. Благодарение на притисокот што како ВМРО-ДПМНЕ тогаш го направивме оваа постапка беше стопирана, но сепак, во 2021 година Обрадовиќ станува директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ. Истиот овој човек, Обрадовиќ, кој Заев го вдоми во Македонија, од функцијата директор на Електростопанство на Србија, беше сменет поради луксуз и хедонизам. Кумот пак на Вучиќ, Башановиќ, кој исто така Заев си го вдоми во македонската влада, е и сегашен ПР шеф на СДС, на чело со Венко Филипче, и заедно со Милјан Шчекиќ им ги пишуваат соопштенијата и прес-конференциите кои потоа Венко и другите ги читаат. Дополнително, за Башановиќ се зборува дека е човекот којшто ги споил Зоран Заев и Алексис Ципрас кои го променија името на Македонија и дека во координација со Заев бил одговорен за зделки во делот на енергетиката. Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште одамна. Па, оттука се поставува прашањето, дали компанијата на Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција? А, „Зобек мининг груп“ е истата таа фирма која на Филипче му купи автомобил од марката „АУДИ“. Преку вакви кадри СДС, Заев и Филипче го носеа српскиот свет во Македонија и единственото по што жалат е што не се власт во државата за да продолжат и понатаму да местат милионски тендери со луѓето на Вучиќ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМосква цел на масовен напад со 862 украински дронаГрадоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека ноќеска бил извршен масовен напад со украински дронови. Според него, од синоќа до утрово кон московскиот регион биле испратени 862 беспилотни летала.Руската воздушна одбрана неутрализирала најголем дел од дроновите. Од нив, 170 биле соборени при приближувањето кон руската престолнина.Руските медиуми нападот го оценуваат како еден од најмасовните оваа година. Претходниот голем напад врз Москва бил регистриран ноќта меѓу 28 и 29 октомври. Тогаш, според руските власти, биле испратени околу 613 дрона. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го оцени нападот како невообичаен. Тој посочи дека се случил за време на Самитот Русија-Африка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСамит на министри за надворешни работи на Г20 земјите во САД се очекува средба Рубио-ЛавровВо Соединетите американски држави, денеска се оддржува самитот на министрите за надворешни работи на Г20 земјите. Во Атланта пристигна и рускиот шеф на дипломатијата – Сергеј Лавров, кој се очекува да оддржи средба и со државниот секретар на САД – Марко Рубио. Средбата се оддржува пред трилатералниот самит САД-Русија-Украина првично закажана за 4ти ноември каде ќе продолжат напорите за ставање крај на војната во Украина, но и долгорочни гаранции за безбедност, како за Русија така и за Украина. Дополнително, како што пренесува Ројтерс, Пентагон им порачал на балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија да го намалат непријателскиот тон кон Русија и да избегнуваат провокациска реторика во однос на Москва, со цел да не се нарушува безбедноста на Европа. Рускиот претседател Владмир Путин вчера исто така порача дека доколку би дошло до војна со Европа, Русија е подготвена, но се надева дека нема да дојде до такво сценарио,Тагови: Г20 САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook