Ќе протестираат судиите-поротници при Основниот кривичен суд скопје,нема да учествуаат на дел од судските расправи
Уставен суд: Одредби од Изборниот законик на Дневен ред на 18. седница закажана за 8 јули 2026 година
1Ќе протестираат судиите-поротници при Основниот кривичен суд скопје,нема да учествуаат на дел од судските расправи
2Уставен суд: Одредби од Изборниот законик на Дневен ред на 18. седница закажана за 8 јули 2026 година
3Герасимовски: 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, има уште слободни места за услугата ,,Сервис за стари лица"
ЗдравјеТедрос: Членките на СЗО до 2025 година ќе склучат глобален договор за пандемиите Разговорите за постигнување глобален договор за подобра борба против пандемиите ќе бидат завршени до 2025 година или порано, доколку тоа биде можно, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).Договорот, што треба да ја подобри соработката пред и за време на пандемиите, по признаените неуспеси за време на пандемијата на Ковид-19, цели две години го преговараа 194 земји-членки на СЗО. Организацијата првично имаше намера да постигне договор оваа недела, но разговорите беа одложени поради длабоките поделби меѓу богатите и посиромашните земји околу прашања како што се споделувањето вакцини и подготвеноста. Но, земјите успеаја да се договорат за паралелен договор со кој се ажурираат постојните законски обврзувачки здравствени правила, познати како Меѓународни здравствени регулативи (IHR), кои вклучуваат нова категорија на „пандемични итни случаи“ за најважните и глобално загрозувачки здравствени кризи. -Историските одлуки донесени денес ја покажуваат заедничката желба на земјите-членки да го заштитат своето и светското население од заедничкиот ризик од кризи во јавното здравје и идни пандемии, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Промените на глобалните здравствени правила се насочени кон зајакнување на светската одбрана од новите патогени откако Ковид-19 уби повеќе од седум милиони луѓе, според податоците на СЗО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
ФудбалАморим: Милан е поголем предизвик од ЈунајтедРубен Аморим призна дека преземањето на Милан претставува уште поголем предизвик од оној со кој се соочи кога го презеде Манчестер Јунајтед. Португалскиот тренер официјално ја презеде функцијата шеф на стручниот штаб на италијанскиот гигант на 6 јули; по пристигнувањето во Италија, тој разговараше со медиумите и објасни зошто ја прифатил новата работа, иако претходно изјавуваше дека би избрал помалку захтевен проект. „Ако погледнете некое мое старо интервју, ќе видите дека ова е клуб што навистина ми значи многу. Тоа е огромен предизвик. По претходниот (Манчестер Јунајтед), си ветив дека ќе изберам помал предизвик. Но, еве ме тука – а предизвикот е уште поголем“, изјави Аморим. Поранешниот тренер на Спортинг потпиша двегодишен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЌе протестираат судиите-поротници при Основниот кривичен суд скопје,нема да учествуаат на дел од судските расправиВо известувањето до Кривичниот суд, судиите-поротници наведуваат дека нивниот дневен надоместок во износ од 570/670 денари со години не е изменет, без оглед на бројот на предметите, сложеноста на постапките и времетраењето на нивниот ангажман.Мирен протест ќе започнат судиите-поротници при Основниот кривичен суд скопје и нема да учествуаат на дел од судските расправи, заради долгогодишнот проблем со дневниот надомест и нерешените барања од страна на министерството за правда и Судскиот совет. Во известувањето до Кривичниот суд, судиите-поротници наведуваат дека нивниот дневен надоместок во износ од 570/670 денари со години не е изменет, без оглед на бројот на предметите, сложеноста на постапките и времетраењето на нивниот ангажман. Според нив, ваквиот надоместок не ја одразува одговорноста и значењето на функцијата што ја извршуваат, ниту ги покрива основните трошоци поврзани со присуството во судот. Тие изминатите две години во повеќе наврати се обратиле до Министерството за правда и Судскиот совет со барања за решавање на ова прашање, но дека до денес не се преземени конкретни мерки, поради што се одлучиле на мирен протест.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ВрапВо вторник (30.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Александра Вуксановиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 пакување тортиљи 1 главица кромид 1 морков 100 гр. грашок 200 гр. пилешки стек 200 гр. рендан кашкавал 200 мл. неутрална павлака масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter