Течен колаген за активен живот и по 40-тата година! - Канал 5

Течен колаген за активен живот и по 40-тата година!

Нашето тело произведува колаген, но по 20-та година од животот, процесот на негово формирање во телото постепено се забавува. 

Течен колаген за активен живот и по 40-тата година!

Tелото веќе по 40тата година не може да создаде колаген. Појавата на брчките и опуштањето на кожата во најголема мера се должи на оштетување на колагенската структура во кожата. Кожата станува сува, опаѓа нејзиниот тонус, се појавуваат првите брчки. Ноктите стануваат кршливи, а косата потенка и почнува да паѓа. Намалувањето на концентрацијата на колаген во телото влијае и на тешкотии при движење, бидејќи количината на колаген во зглобната 'рскавица и тетивите и во мускулните влакна се намалува, со што мускулното влакно станува сè помалку еластично, а мускулната маса почнува да се намалува.

Заклучокот е дека колагенот е исклучително важен! Го има во кожата, 'рскавицата, коските, мускулите и тетивите и во сите сврзни ткива. Колагенот влегува во состав и на надворешната обвивка на крвните садови, па недостатокот од колаген со стареењето е причина за намалена еластичност а со тоа и намалена функција на крвните садови!

Тој е директно поврзан со квалитетот на нашиот живот, и сите сме во потрага по него!

Треба да знаеме дека колагенот не можеме да го обезбедиме преку храната. Тој е протеин, но внесот на основните извори на протеини како месо, јајца и млеко не ни обезбедуваат колаген (тие не содржат колаген). Треба да го внесуваме преку додатоци во исхраната. Притоа треба да сме инфомирани дека за да се искористи колагенот целосно тој треба да биде хидролизиран, разграден до ситни пептиди, за да биде апсорбиран.

Затоа се препорачува течен колаген, кој кога е дополнително збогатен со глукозамин и хијалуронска киселина претставува ефикасен начин за обнова на колагенската структура во кожата, зглобовите, коските и сврзното ткиво насекаде во организмот. (Хијалуронската киселина ги врзува молекулите на вода во самото ткиво со што овозможува влажност и исполнетост на кожата, или лесно подмачкување кај зглобовите, додека глукозаминот помага да се спречи уништувањето на колагенот и исто така помага да се задржи хијалуронската киселина за да се овозможи се ова...)

Течниот колаген на Натура Терапи е тип 1 колаген кој директно влегува во составот на кожата, добиен од еден од најреномираните и најпознати производители на колаген во светот - компанијата Руселот од Франција.

Со редовна употреба на течниот колаген се овозможува еластичност, цврстина, хидрираност и виталност на кожата, обезбедувајки помазен изглед, намалена појава на брчките, како и подобар квалитет на косата и ноктите. Помага за зглобовите, за обнова на рскавицата. Колаген е потребен и за внатрешната структура на коските, за подобрено вградување на калциумот и другите минерали и обезбедување на густината на коскеното ткиво и цврстина на коските;

Течниот колаген од Натура терапи е наменет за сите кои сакаат да одржат здрав изглед, и добра физичка подготвеност, Но и за сите лица со артритис, воспаленија и повреди на зглобовите, за лица со остеопороза и остеопенија, лица со оштетувања на крвните садови, спортисти и сите кои сакаат активна регенерација на организмот.

Несомнено течниот колаген е магичната течност, која му е неопходна на нашиот организам!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ветувале сигурна добивка, измамиле стотици - битолчанка и Естонец „заработија“ кривични

Уплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. 

Ветувале сигурна добивка, измамиле стотици - битолчанка и Естонец „заработија“ кривични

„Уплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. Со вакви или слични пораки, споделени во група на социјална мрежа со неколку стотици членови, како што е „Вибер“, 56-годишна битолчанка и 38-годишник од Естонија ги убедувале граѓаните да инвестираат во криптовалути, ветувајќи им високи и сигурни добивки. Ама наместо заработка, во рок од пет месеци, од декември лани до април годинава, стотици граѓани останале без вложените пари. Откако ги добивале уплатите, измамниците ги префрлале во криптовалути. Следејќи го трагoт на овие трансакции, полицијата успеала да дојде до сопственикот на т.н криптопаричник за сега да има докази и да поднесе кривични пријави за „измама“ од член 247 од Кривичниот законик против битолчанката и Естонецот.

-Со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број на граѓани од целата држава да вложуваат финансиски сретства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета. До секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР доставени се пет пријави од оштетени граѓани кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената во измамата оштетени се стотина граѓани од државата, но повеќето не го пријавиле случајот. - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Во текот на истрагата која траела со месеци биле вклучени странски институции, а делото е докажано со форензичка анализа на уредите, како што се комјутери и мобилни тетефони на 56 годишната Македонка, појасуваат од МВР.

Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира до граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамници нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за „Државна лотарија“

За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав кога постапката беше во одмината фаза и при носењето на истата не гласавме  - вака денеска пред судот сведочеше Андреј Крстевски, вработен во Државна Лотарија.

Продолжи судењето за „Државна лотарија“

За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав кога постапката беше во одмината фаза и при носењето на истата не гласавме - вака денеска пред судот сведочеше Андреј Крстевски, вработен во Државна Лотарија, кој се појави како сведок на обвинителството во случајот со злоупотреби во државна лотарија од речиси 10 милиони евра. Крстевски кој сега работи во кабинетот на актуелниот директор на Лотарија, а порано бил член и во управниот и надзорниот одбор, рече дека вработените не добиле детално објаснување зошто е неопходна набавката на ВЛТ апарати.

-За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав непосредно пред крај на постапката од лица кои беа членови во комисиите кои треба да ги спроведат постапките. Сметам дека требаше да добиеме подетално објаснување за оваа набавка. Тие никогаш не неа ставени во функција и сега се наоѓаат во некој наш магацин,- - сведок Андреј Крстевски.

Според одбраната пак, иако сведокот рече дека не гласал за планот за набавка на ВЛТ апаратите, дал исказ со кој потврдил дека ВЛТ апаратите биле дел од финансискиот план на претпријатието и со тоа потврдил дека бил свесен за нивната неопходност уште од почетокот на постапката.

Токму набавката на ВЛТ апарати е предмет на обвинение во случајот во кој првообвинет е ексдиректорот Перпарим Бајрами, а обвинителен предлог има и против поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште 6 лица. Следното рочиште е закажано за 6 ноември кога ќе се испитуваат последните сведоци на обвинителството, а кога се очекува да се појави и актуелниот директор на Лотарија Александар Климовски.

По ова се очекува пред судот да бидат испрашувани сведоци на одбраната, а Груби веќе најави дека меѓу повиканите сведоци на одбраната ќе бидат сите поранешни членови на претходната влада на СДСМ и ДУИ, меѓу кои и поранешниот премиер Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државата

Деветмината осомничени во аферата со ФЗО и очната клиника „Санте Плус“, добија мерки на претпазливост. 

 За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државата

Кривичниот суд го прифати предлогот на ОЈО ГОКК, па на осомничените им се одземени пасошите и ќе мора редовно да се јавуваат во судот. доцна синоќа бил уапсен и сопственикот на „Санте Плус“, турскиот бизнисмен Билал Кара, кој се товари за кривичното дело – перење пари.

-Полициски службеници, по наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, го лишија од слобода Б.К. за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Кара им е добро познат на органите за прогон и во регионот, а Албанија од лани го бара и со потерница поради сомнежи за неколку кривични дела.

Меѓу нив се непријавување на приходи од еден милион евра преку клиниката„International Medicare“, поранешна „Санте Плус“, како и за користење на лекови со истечен рок и нелегално внесени медицински препарати.

И во „Санте Плус“ во Приштина според тамошните медиуми, биле утврдени сериозни законски прекршувања, болницата работела две години без лиценца, а имало случаи каде на пациенти наместо ботокс им се вбризгувала вода.

Очната болница во Скопје, која според пријавата оштетила помеѓу 3000 и четири пациенти со тоа што наплаќала за операции и од фондот и од пациентите денеска работи под полна пареа. Екипата на Канал 5 побара одговори од менаџментот но досега не добивме.

Приватната болница вчера била затворена, но денеска функционира вообичаено, внатре холот е полн со пациенти кои вршат прегледи и закажуваат операции на очите

Со спорниот договор помегуи фондот и Санте Плус буџетот бил оштетен 1,7 милиони евра, а приватната болница се стекнала со противправна корист од речиси 4,5 милиони евра. Договорот е потпишан кога со фондот раководел Ден Дончев кој според извори на Канал 5, не е во земјава ..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер