КултураТеатрите од Велес и Пловдив со копродукцискиот проект „Едвард Втори“премиерно на „Охридско летоНа претставата „Едвард Втори“ макотрпно работевме два месеци, во услови и начини што ги надминуваат рамките на она, што барем досега за мене досега било поимање на создавањето театарски претстави.Во рамки на драмската програма на „Охридско лето“ утревечер премиерно ќе биде изведена претставата „Едвард Втори“ работена според текст на Кристофер Марлоу, копродукциски проект на НУЦК Театар „Јордан Х.К. Џинот“ од Велес и Драмскиот театар „Н.О. Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија. Директорот на Велешкиот театар кој воедно е и драматург на поставката, Сашо Димовски, на денешната прес-конференција по повод премиерата, најави дека се работи за естетички поинаква претстава од она што стандардно се нуди на театарската сцена, во изведба на исклучително млада актерска екипа која малтене дебитира токму во оваа претстава. - На претставата „Едвард Втори“ макотрпно работевме два месеци, во услови и начини што ги надминуваат рамките на она, што барем досега за мене досега било поимање на создавањето театарски претстави, и преку еден навистина интензивен, многу жесток процес стигнуваме до завршен резултат кој е поразличен од сето она што нашиот театар досега го продуцирал, рече Димовски. Разликата, како што појасни тој, произлегува од концептот на режисерот Андриј Жолда кој да дели улогата на Едвард Втори на двајца актери истовремено, преку поимање на два стратуми на на едно битие со две различни експресии од страна на актерите Илин Јовановски и Борис Крстев. Сценскиот дизајнер на претставата, грузиецот Сајмон Мачавели кој зад себе има дебело уметничко портфолио, рече дека костимите за претставата се работени во самиот процес на поставување на „Едвард Втори“, во соработка со актерската екипи и секако со режисерот. - Ова е интересен проект, работен по малку поинаков концепт. Многу размислувавме за концептот како ќе ја работиме сценографијата. Најинтересното беше што немавме предизајнирани костуми, туку тие ги изработувавме во текот на самиот процес, рече тој. Главната женска улога, Изабела де Валоа, која воедно е перспектива од која се гради целата претстава и е главниот лик во драмското дејствие, е доделена на младата актерка Јована Миладинова која дебитира со таа улога. - Ова е моја прва улога воопшто, искуството од една страна е секако многу напорно и силно, но истовремено прекрасно... Со режисерот Андреј воспоставивме многу искрена врска на доверба. Тој секогаш нагласуваше колку е важна токму довербата на релација актер- режисер. Сепак на крајот тој со самиот производ претставата ни ја препушта нам, рече таа. Младиот актер Бранко Михајлоски од своја страна изрази задоволство од ангажманот во велешкиот театар и тоа што му е овозможено да работи со режисер како Андреј Жолда. - Кога сме на сцена и кога работиме, заборавам на се, едноставно го отварам срцето и оставам Андреј да ме води. Се претварам во уво и само го работам тоа што ми е дадено во индикациите, рече тој. Актерот Борис Крстев од Театарот во Пловдив, кој ја споделува главната улога во претставата, вели дека овој проект претставува најнеобичното искуство во неговата досегашна актерска кариера. - За мене главен предизвик беше што во претставата треба да зборувам на македонски. Но благодарение на Сашо Димовски кој многу ми помогна, верувам дека добро ќе се справам со предизвикот. Голема чест и задоволство за мене е што воопшто и се сретнав со целата екипа, со големи професионални и прекрасни луѓе. Како на творец, на прво место ми е човекот и тоа со какви луѓе работам. Токму тоа е задоволството, да се работи со прекрасни луѓе, рече Крстев. Претставата „Едвард Втори“ ќе се игра утревечер на Големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток од 21 часот. По фестивалската премиера на „Охридско лето“ поставката на 9 септември ќе се игра на матичната сцена на Театарот во Велес и на 14 септември во Пловдив, а закажани се и неколку изведби на значајни драмски фестивали во регионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
АвтомобилизамСпортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење. Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите. Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“. Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле. Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени. И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили. Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот. Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“. Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч. Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек. Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека. Извор: Б92Тагови: Sanrivatti One Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ЕвропаНасилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото. Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници. Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел . Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци. Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви. Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти. Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат. The police in Berlin have had enough of those who create chaos in Germany. https://t.co/MOhad35F3m — RadioGenoa (@RadioGenoa) November 15, 2026 Обид за пробивање на полицискиот кордон Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат. Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници. На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење. На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата. Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти. Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам. Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам. Најавен е европски штрајк на младите Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување. На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци. Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин. Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter