Театарски спектакл и 13 претстави во конкуренција за 50. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Канал 5

Театарски спектакл и 13 претстави во конкуренција за 50. МТФ „Војдан Чернодрински“

На 12 јуни со театарски спектакал на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп ќе почне 50-то, јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, соопшти денеска на прес-конференција селекторот и уметнички директор на Фестивалот Петар Темелковски.

Театарски спектакл и 13 претстави во конкуренција за 50. МТФ „Војдан Чернодрински“

Во официјалниот дел на фестивалската програма и во трката за награди се 13 претстави на македонските професионални театри. Фестивалот ќе трае од 12 до 19 јуни.

- Со поддршка на локалната самоуправа и на Министерството за култура ќе направиме отворање на Фестивалот достојно за неговиот петдецениски јубилеј со кој ретко која манифестација може да се пофали, рече Темелковски.

Според изборот на уметничкиот директор на Фестивалот во конкуренцијата за награди се Македонскиот народен театар кој ќе ја изведе „Електра“ според митот за Електра од Еврипид, Софокле, Есхил и Сартр во режија на Андри Жолдак, Драмски театар во официјалната фестивалска програма е со „Безљубни“ од Благица Секуловска во режија на Златко Славенски, Театар комедија е со „Многу врева за ништо“ од Шекспир во режија на Деан Пројковски. Театарот од Велес ќе настапи со „Приказни од шестиот кат“ од Драги Михајловски во режија на Дејан Дамјановски, Албански театар во програмата е со „Предавање“ од Мартин Мекдона во режија на Ќендрил Ријани, Турски театар е со „Сон на летната ноќ“ од Шекспир во режија на Александар Поповски, Народниот театар од Штип во официјалната фестивалска програма е со „Хотел ни на небо ни на земја“ од Ерик Емануел Шмит во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, Битолскиот театар со „Иванов“ од Чехов во режија на Александар Баргман. Во трката за фестивалските награди се и претставите: „Залудни маки на љубовта“ од Шеркспир во режија на Тетовскиот театар, „Крвави свадби“ од Лорка во режија на Љупчо Ѓорѓиевски на театарот од Струмица, „Мајка храброст“ од Брехт во режија на Ѕвездана Ангеловска, а во изведба на Кумановскиот театар, „Детектор за лаги“ од Сигарев во режија на ненад Витанов на театарот од Охрид и „Сон на летната ноќ“ од Шекспир во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на народниот театар од Прилеп.

Годинашни добитници на наградата за животно дело се актерите Мето Јовановски и Благоја Чоревски и театрологот Јелена Лужина.

Темелковски најавува богата фестивалска програма и во придружниот дел со полноќни театарски претстави и со промоции и трибини.

- Задоволен сум од претставите што ги гледав за да се состави фестивалската програма. Секогаш доаѓаат најквалитетните остварувања на театрите. Освен што програмата е шаренолика, на сцените ќе се појават и нови актерски имиња што се подмладок на ансамблите на македонските театри. Фестивалот ќе донесе и претстави во придружниот дел, трибини, особено ќе бидат претставени досегашните добитници на наградата за животно дело. Ќе биде претставена и монографијата за јубилејот на Фестивалот. На отворањето на 12 јуни, прво ќе има претстава на сцената од Прилепскиот театар, а сите потоа ќе се упатат на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ каде во чест на фестивалот ќе има театарско отворање со сета фестивалска публика и можност прилепчани да уживаат во тоа. Се уште се подготвува перформансот и допрва ќе се направи редоследот на претставите кои ќе бидат во програмата, изјави Темелковски.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ја најави вообичаената поддршка на една од најголемите манифестации, особено што во пресрет на Фестивалскиот јубилеј комплетно ќе биде обновена големата сала од Центарот за култура „Марко Цепенков“.

- Фестивалот е гордост на Прилеп и за Македонија. Тој е на сите, особено на прилепската публика која знае да го цени и да ја награди театарската уметност, рече Ристески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови експлозии во Ријад: Саудиска Арабија повторно во состојба на готовност поради воздушни напади

Жителите на Ријад повторно слушнаа експлозии во средата, откако саудиската служба за цивилна заштита издаде предупредување за воздушен напад за главниот град и за покраината Ал-Карџ, пренесува Асошиејтед прес (АП). 

Нови експлозии во Ријад: Саудиска Арабија повторно во состојба на готовност поради воздушни напади

Жителите разговараа со АП под услов да останат анонимни од безбедносни причини. Еден жител, кој живее во северниот дел на Ријад, изјави дека експлозиите се слушале во близина на областа каде што се наоѓа Меѓународниот аеродром „Крал Калид“.

Сè уште не е познато од каде потекнуваат експлозиите. Во провинцијата Ал-Карџ, југоисточно од Ријад, се наоѓаат државната Корпорација за воена индустрија и воздухопловната база „Принц Султан“, што ја прави оваа област значаен воен центар.

Во текот на изминатата недела, аеродромот во Ријад повеќепати беше цел на смртоносни напади за кои одговорност презедоа јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран.

Како што ескалира конфликтот со Иран, Хутите постојано ги напаѓаат саудиските аеродроми, воените објекти и нафтената инфраструктура.

Во вторникот избувна пожар во административна зграда во објект со кој управува „Сауди Арамко“, една од најголемите светски нафтени компании. Овој инцидент претставува најнов напад врз Саудиска Арабија, водечкиот светски извозник на нафта.

Хутите однапред најавуваат напади врз аеродромите и нафтените постројки, што ги натера авиокомпаниите да ги суспендираат летовите и да ги повлечат своите авиони за да го минимизираат ризикот.

Сè поинтензивните напади ги истакнаа тешкотиите со кои се соочува Саудиска Арабија во пресретнувањето на ракетите и беспилотните летала на Хутите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во Рим

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти, која на 15 и 16 октомври 2026 година ќе се одржи во Рим, Италија. 

Претседателот Гаши на Европска конференција на претседатели на парламенти во Рим

Конференцијата се одржува под покровителство на Парламентарното собрание на Советот на Европа и одбележува 50 години од одржувањето на првиот ваков собир во Рим, во 1975 година.

На овој форум на високо ниво, претседателите на парламентите ќе разменат мислења за предизвиците со кои се соочуваат демократските институции, влијанието на технолошкиот развој врз општествата и пазарите на трудот, како и за улогата на парламентите во зајакнувањето на меѓународната соработка и изнаоѓањето одговори на современите кризи.

Во рамките на Конференцијата ќе се одржи и посебен состанок на генералните секретари на парламентите, на кој ќе учествува и Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието. Дневниот ред на состанокот предвидува дискусија за транспарентноста, интегритетот и етиката како клучни предуслови за обновување и зајакнување на довербата на граѓаните во парламентите.

Европската конференција на претседатели на парламенти се одржува на секои две години и на неа учествуваат претседатели на парламентите од 46-те земји членки на Советот на Европа, како и делегации од државите со статус на партнери и набљудувачи, како и претставници на меѓународните парламентарни собранија.

Педесет години по првиот собир во Рим, Конференцијата ќе биде можност повторно да се потврди суштинската улога на парламентите во зачувувањето на демократијата, обезбедувањето отчетност, справувањето со новите предизвици и зајакнувањето на меѓународната соработка од која зависат мирот, стабилноста и владеењето на правото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ламин Јамал ​​коментираше слика на својата девојка и го збуни светот!

Светската фудбалска ѕвезда, младиот ас на Барселона, Ламин Јамал, веќе неколку месеци е во врска со шпанската инфлуенсерка Инес Гарсија.

Фото: Ламин Јамал ​​коментираше слика на својата девојка и го збуни светот!

Светската фудбалска ѕвезда, младиот ас на Барселона, Ламин Јамал, веќе неколку месеци е во врска со шпанската инфлуенсерка Инес Гарсија, па покрај тоа што е во центарот на вниманието поради успесите на теренот, тој редовно е и предмет на јавни коментари поради својот љубовен живот.

Сега, коментарот што тој ѝ го остави на девојката под нејзината објава привлече уште поголемо внимание, а пораката набрзо стана тема на разговор меѓу неговите фанови.

„Мојата сопруга, мојата ѕвезда“, напиша Јамал, а фановите различно ги протолкуваа неговите зборови.

Додека некои сметаат дека неговата врска со Инес станала посериозна, вниманието на другите го привлече мистериозниот збор „жена“ и тие се прашуваат што сакал да каже со тоа – дали најавува скорешна свршувачка или свадба?

Сепак, нема одговор ниту од фудбалерот, ниту од инфлуенсерката, па очигледно е дека Џамал ​​едноставно сакал да биде романтичен и да му покаже на светот колку Инес му значи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер