Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството
1Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството
3Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
КултураТеатарски маратон за една година од првата премиера во новиот МНТПрвата година од првата театарска изведба на Македонскиот народен театар во новиот објект ја обележаа повеќе од 150 претстави кои ги проследија околу 83.000 посетители, како и пет успешни премиери. По тој повод, в недела МНТ ќе понуди богата целодневна програма во рамки на која ќе се одржи голем театарски маратон. Програмата вчера на прес-конференција во МНТ ја презентираше уметничкиот директор Дејан Пројковски, кој рече дека ќе бидат изведени претставите: „Госпоѓа министерка“ во 11 часот, „Сомнително лице“ во 14 часот, „Свадбата на Фигаро“ во 16 часот, „Изгубени германци“ во 18 часот. Во 18.30 часот ќе се одржи Поетска вечер посветена на Блаже Конески, првиот драматург во МНТ, а во 20.15 часот ќе има промоција на печатеното издание на драмата „Вечната куќа“ и Чај за двајца – гостин Јордан Плевнеш. Централен дел од маратонот, посочи тој, ќе биде големиот концерт на МНТ и пријателите во 21.30 часот, на кој ќе учествуваат актерите од ансамблот на МНТ и актери гости од другите театри. Влезниците за секоја претстава и концертот имаат симболична цена од 50 денари. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, рече дека заложбите на Владата биле во насока на изградба на објект кој има голема историска референца бидејќи се наоѓа на истото место каде постоел театарот задржувајќи го архитектонскиот изглед. Посочи дека во театарот функционираат голем број водичи кои ги пречекуваат посетителите кои имаат можност да го разгледаат објектот и да се запознаат со богатото културно наследство кое го поседува нашата држава, а кое е отсликано на богатата орнаментика во големата сала. - Над 10.000 посетители го видоа објектот и се запознаа со богатото културно наследство на целокупната орнаментика која хронолошки е поставена во ложите на големата сала. Подготвуваме специјална монографија за самиот објект, една репрезентативна книга која ќе излезе идната година во рамки на јубилејот 70 години од МНТ, како и многу други дела на наши познати македонски режисери – истакна Канческа-Милевска. Посочи дека освен одржувањето на првиот Меѓународен театарски фестивал, уште една значајна активност ја одбележа првата година од работењето на МНТ, а тоа е формирањето на новиот музеј кој предвидува богата современа музејска поставка преку која ќе биде и раскажана целокупниот историја на МНТ и на театарот во Македонија воопшто. - Јавноста можеше да види мал дел од фактите кои заедно со целиот тим Министерството за култура ги откупи. Значи вредни артефакти, вредни предмети се откупени, како и голем број уметнички слики, предмети кои ги добивме како донација. Мал дел е изложен, но во иднина се планира музејската поставка да биде поддржана со дигитална опрема односно целокупниот музејски материјал веќе интензивно се дигитализира и секој посетител ќе може дигитално да се запознае со богатата историја на театарот, рече Канческа-Милевска. Нагласи дека станува збор за многу сложен проект кој се предвидува до крајот на 2018 година да биде целосно завршен и додаде дека ќе бидеме единствени и регионално и европски, бидејќи театарот ќе има дигитализиран богат театарски материјал. „Вечната куќа“ по текст на Јордан Плевнеш, во режија на Дејан Пројковски, е првата претстава која на 7 декември 2013 година беше изведена во новиот објект на МНТ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФудбалска Англија „трепери“: Манчестер Сити ќе биде исфрлен во четвртата лига?Светскиот фудбалски гигант, повеќекратниот шампион на Англија Манчестер Сити би можел да се соочи со една од најтешките казни во историјата на англискиот фудбал.Светскиот фудбалски гигант, повеќекратниот шампион на Англија Манчестер Сити би можел да се соочи со една од најтешките казни во историјата на англискиот фудбал, а според информациите што ги пренесува „Дејли мејл“, последиците би можеле да бидат толку сериозни што клубот би можел да го загуби своето место во Премиер лигата уште оваа сезона. Оливер Холт, уредник на фудбалската рубрика во весникот, тврди дека на „Граѓаните“ им се заканува одземање на голем број бодови. Ваквото сценарио практично би значело испаѓање од елитниот ранг, а дополнителна казна би можела да ги очекува и во следната сезона. Според истите наводи, Сити нема автоматски да биде префрлен во Лига 2, односно во четвртото ниво на англискиот фудбал. Сепак, постои можност клубот да биде санкциониран во натпреварувањата што се под покровителство на Англиската фудбалска лига (EFL), иако таа организација не е обврзана да прифати таква одлука. Покрај одземањето бодови, се очекува и изрекување на значителна парична казна. Манчестер Сити инаку покрена постапка за жалба откако независна комисија утврди дека клубот прекршил 114 од вкупно 115 финансиски правила за кои беше обвинет. Конечната одлука за санкциите сè уште не е донесена, но, според информациите, Премиер лигата сака казната да биде позната пред да се донесе одлука по жалбата на клубот. Одлуката по жалбата се очекува во средината на јануари 2027 година, а целта е целиот случај да се затвори во текот на тековната сезона. Сепак, неизвесноста веќе предизвикува незадоволство кај другите клубови од Премиер лигата. Како што пренесуваат англиските медиуми, од одредени страни доаѓаат сè погласни приговори, бидејќи сè уште не е јасно какви последици ќе има постапката против „Сити“ врз исходот на првенството. – Никој не знае за што се игра оваа сезона и како ќе се одвиваат работите до мај – е пораката што може да се слушне меѓу незадоволните клубови. Доколку најавеното сценарио се оствари, последиците би можеле да бидат далекусежни – не само за Манчестер Сити, туку и за борбата за титулата, местата што водат во европските натпреварувања и опстанокот во Премиер лигата. Засега, сепак, сè останува на ниво на медиумски шпекулации, додека се чека официјалната одлука на надлежните органи.Тагови: Манчестер сити Премиер лигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаМицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравствотоИзјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМонета од две евра вредна илјадници: Проверете дали ја имате?Монетите често остануваат во нашиот паричник, фиока или некаде низ домот, а ние речиси никогаш не ги гледаме нивните мотиви и ознаки.Меѓу нив, понекогаш може да се најде примерок што се издвојува од останатите – како што се монетите од две евра, кои се високо ценети од колекционерите поради нивната реткост. Колекционерите се подготвени да платат стотици, па дури и илјадници евра за одредени вакви примероци. Особено се барани ограничените изданија, како и монетите што содржат грешки настанати за време на производството. Сепак, тоа не значи дека секоја монета со необичен дизајн е вредна. На нејзината цена првенствено влијаат реткоста, годината на издавање, зачуваноста, како и евентуалните грешки при ковањето, пренесува „Индекс“ наведувајќи неколку впечатливи примери. Колку вреди монетата со ликот на Грејс Кели? Еден од најпознатите примери е монетата од две евра, издадена од Монако во 2007 година по повод 25-годишнината од смртта на принцезата Грејс Кели, поранешна холивудска актерка. Исковани се само 20.001 примерок, поради што оваа монета е многу барана меѓу колекционерите. Може да се препознае по портретот на принцезата, натписот „MONACO“ и годината 2007; исто така, на неа стои и ознаката на авторот на портретот, Р. Б. Барон. Според проценките на пазарот за колекционери, нејзината вредност изнесува приближно 3.100 евра, во зависност од состојбата во која се наоѓа и условите на продажбата. Сепак, постои еден важен детал: оваа монета не била наменета за општ оптек, туку им била продавана на колекционери. Затоа, шансите случајно да најдете ваква монета во вашиот паричник се многу мали. Покрај ретките комеморативни изданија, колекционерите се интересираат и за монети што содржат грешки настанати во процесот на производство. Една од попознатите грешки е позната како „јајце на око“. Станува збор за неправилност при која централниот дел на монетата не е правилно поставен во однос на надворешниот прстен, поради што металите се преклопуваат на необичен начин. Ваквиот изглед потсетува на јајце на око. Според проценките што ги пренесуваат европските медиуми, примероците со оваа грешка можат да вредат околу 100 евра. Монетите кај кои двете страни се значително ротирани една во однос на друга можат да достигнат цена од околу 200 евра, додека за одредени примероци, исковани на несоодветна метална подлога, се споменуваат суми дури до 650 евра. Еден особено интересен пример доаѓа од Германија. Комеморативна монета од две евра од 2021 година, посветена на сојузната покраина Саксонија-Анхалт, во еден случај била по грешка искована на метална подлога наменета за монета од едно евро. Како резултат на тоа, боите на нејзините делови се обратни: надворешниот прстен е со златна боја, додека средишниот дел е со сребрена боја. Покрај тоа, таа тежи 7,50 грама, наместо стандардните 8,50 грама. Според проценката на нумизматичкиот трговец „Münzen Müller“, сличен примерок со таква грешка би можел да вреди околу 1.200 евра. Ако меѓу ситните пари забележите монета што се издвојува од останатите, најпрво проверете ја земјата на издавање, годината и дизајнот. Корисно е да ја споредите со фотографии од официјалните изданија, какви што се оние објавени од Европската централна банка. Ако се сомневате дека поседувате редок примерок, најдобро е да побарате мислење од нумизматичар или од специјализирана аукциска куќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook