Театарски караван „Зелена Планета“ - Канал 5

Театарски караван „Зелена Планета“

Со претставата „Зелена Планета“ наменета за деца од прво до петто одделение, почнува проектот за едукација на најмладите за придобивките од рециклирање и правилен третман на отпадот.

Театарски караван „Зелена Планета“
Проектот е дел од платформата „Дали рециклирате!?“, а го спроведуваат Пивара Скопје, Пакомак и компанијата „Нула отпад“, со поддршка на Холандската амбасада.

Театарскиот караван тргна денеска од Скопје, со премиера во Драмскиот театар. Предвидено е „Зелена Планета“ да ја видат најмалку 10 илјади ученици во 10 градови.
- Целта на проектот е да ја подигнеме свеста за рециклирање на отпадот, но за разлика од претходно, сега решивме да им се обратиме на најмладите. Тие најлесно учат низ игра и забава. Поради тоа и се одлучивме за претстава, изјави генералниот директор на Пивара Скопје Јован Радосављевиќ по премиерата.

Амбасадорот на Холандија Ваутер Пломп изрази задоволство што салата во Драмски беше преполна со ученици и што, како што рече, одлични биле и децата на сцената. Претставата, напомена Пломп, укажува на разликата меѓу ѓубре и отпад.

- Чистата околина не засега сите нас, чистите улици, паркови, природата. За секоја општествена промена потребна е здружена акција на државните институции, граѓанското општество, деловниот сектор,... Континуирано се обидуваме да дадеме пример за тоа преку акции за чистење и возење велосипед, како и преку промовирање одржлив начин на живеење, истакна холандскиот амбасадор.
Според извршниот директор на Пакомак Филип Ивановски, една од пораките што треба да се пренесат преку „Зелена Планета“ е дека селекцијата на отпадот мора да стане навика и обврска како што е одржувањето лична хигиена.

- Сакаме кај најмладите да создадеме свест дека со мал напор може да придонесат за доброто на животната средина, рече Ивановски.
Марјанчо Дамески од „Нула отпад“ потенцира дека децата се нашите амбасадори, агенти на промена кај возрасните. – Очекуваме позитивен прием на претставата и предвидуваме дека ќе ја видат над 10 илјади ученици. Се надеваме дека „Зелена Планета“ ќе остави голем впечаток врз нив и дека тие ќе ги пренесат своите импресии врз семејствата, напомена Дамески.

Во рамки на платформата „Дали рециклирате!?“ е веќе реализирана и акцијата за чистење на дел од кејот на реката Вардар во Скопје. Вработените на Пивара и на Холандската амбасада со логистичка поддршка од Пакомак го собраа целокупниот сув отпад кој потоа беше селектиран и рециклиран.
„Нула отпад“, пак, во 2015 година успеала да собере повеќе од 200 тони електронски отпад кој се смета и за најопасен, додека проценките за 2016 се собрани преку 400 тони. За годинава, како што информира Дамевски, националните цели се да бидат собрани повеќе од 600 тони електронски отпад.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија без активни пожари

Центарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.

Македонија без активни пожари

Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати.

На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвото

Шефовите на водечките компании за вештачка интелигенција сè погласно предупредуваат на ризиците од трката во развојот на сè помоќни AI системи.

Поранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвото

Дел од нив отворено повикуваат на поголема претпазливост и безбедносни механизми, додека политичари и експерти бараат и построга регулација. Дарио Амодеи, извршниот директор на Anthropic, директно повикува да се забави темпото на развојот.

-Мојата прва загриженост е што, од приближно летово, вештачката интелигенција напредува драматично побрзо, пред сè поради сè поголемата способност на AI да ја гради следната генерација на AI. Ако не се контролира, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно — доколку воопшто продолжи.

На ризиците од брзиот развој претходно предупредуваа и други влијателни имиња од технолошкиот сектор, меѓу нив и Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, како и Илон Маск, кој со години предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да носи сериозни ризици доколку не биде соодветно контролирана.

Предупредувањата не доаѓаат само од технолошкиот сектор. Американскиот сенатор Берни Сандерс бара уште порадикален чекор – пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција, додека не се воспостават јасни безбедносни правила.

-Ако лидерите на големите АИ компании признаваат дека губат контрола над нивната екстремно оасна технологија, според мене е неодговорно за општеството да им дозволи да продолжат д аги прават овие продукти дури многу понапредни и многу поопасни. Неопходно е да се стави на „пауза“ овој напреден развој и трајна забрана на супер-разузнавањето и вештачките умови попаметни од секој човек способен да работи независно надвор од нашата контрола. – Берни Сандерс

Поранешниот американски претседател Барак Обама повикува на јавна регулација и надзор, за AI да не биде во корист само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко.

-Важно е да постои јавна регулација која ќе го насочува развојот на оваа технологија, за таа да не им користи само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. Тоа ќе помогне и да се спречат негативните последици од вештачката интелигенција, како дезинформациите и дипфејк-содржините. - Барак Обама – Поранешен претседател на САД

Во меѓувреме, трката продолжува. OpenAI, Anthropic, Google и другите технолошки гиганти инвестираат милијарди во развој на нови и помоќни модели, додека истовремено расте притисокот врз владите да воспостават правила за нивна безбедна употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Денес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризите

Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата.

СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот.

За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси.

Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото.

Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер