Театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 за актерот Тони Михајловски - Канал 5

Театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 за актерот Тони Михајловски

Првата улога во театар ја остварува во 1991 година во представата „Крик" во продукција на МНТ.

Театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 за актерот Тони Михајловски

Тони Михајловски (1967), театарски и филмски актер кој над триесет години е дел од македонската култура и уметност, почитуван поради својот талент, карактеристичност и посветеност е добитник на театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024.

Вака едногласно одлучи Жири комисијата за доделување на актерска награда за животно дело „Петре Прличко" во состав: Фаик Мефаиловски претставник на Општина Велес, Благојчо Стојанов претставник на Општина Велес и Слободанка Чичевска актер, претставник на НУЦК театар „ЈХК- Џинот" Велес, на 6- ти март едногласно одлучи наградата за животно дело „Петре Прличко" да му припадне на актерот Тони Михајловски. Наградата ја доделуваат Народниот театар „Јордан Хаџи Констатинов-Џинот“ и Општина Велес.

Михајловски во Македонскиот народен театар е вработен од 1994 - 1999 година, откако дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности- Скопје.

Повторно е дел од актерскиот ансамбл на театарот од 2003 година, а во текот на 2015 година е и уметнички директор на истиот. Првата улога во театар ја остварува во 1991 година во представата „Крик" во продукција на МНТ. Тони Михајловски е пред се актер, но и ТВ- водител, режисер и текстописец.

- Преку сите овие области тој се етаблира во една од најсестраните личности во македонската култура и уметност и во секоја од нив остварува автентични, препознатливи изведби и дела, забележани и од публиката и од критиката. Преку остварените ликови тој испишува голем дел во историјата на театарот. Михајловски е актер кој вредно и трпеливо ја гради својата кариера и прерасна во една од најдоминантните појави не само на македонската, туку и на балканската театарска и филмска сцена. Тој е еден од ретките наши актери чиј широк актерски распон е препознаен, видлив и вреднуван и надвор од нашата домашна продукција. Актер кој стана миленик на публиката од целиот Балкан, комплексна актерска личност кој реализира карактерни креации без исклучок дали се главни или споредни, низ кои се препознава и надоградува стилот на неговата игра: сигурноста и квалитетот на индивидуалноста на Михајловски, неговата енергија и страст кон даските што живот значат, кон камерата и моќта да го постави и толкува ликот низ неговата душа. Со појавата на Тони Михајловски театарот и филмот како медиуми станаа побогати, а публиката е таа која со нетрпение го исчекува секој негов нов лик, ново искуство, нова потврда на неговата актерска величина, потенцираат во образложението за наградата.

Додаваат дека неговата прецизна игра и можност за широка трансформација, од 2023 год несебично ја пренесува на следните генерации млади кои имаат интерс, а и желба за актерство преку „Актерско студио Михајловски".

Воедно потсетуваат дека за неговата работа како актер, доказ се и многубројните награди кои ги има добиено уште од 1993 и 1994 година. Награда „Трајко Чоревски" за млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински , награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински"-Прилеп 2007 год, награда за актер за 1997 годона на „Златна Бубамара на популарноста", награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински" за улогата на Петар Стефановски во представата „Будење на пролетта" во 2000 година, награда „Златна маска" на фестивалот Охридско лето за улогата на Пер Гинт во истоимената представа во 2001 година, награда за најдобар актер на фестивалот „Јоаким Интер Фест" во Крагуевац - Србија во 2010 година, награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински" за улогата на Ефрем Поплавски во представата „Вечна куќа" во 2013 година, како и наградата „13- ти Ноември" на Град Скопје за 2022 година.

Наградата на Михајловски ќе му биде врачена на отворањето на Фестивалот „5-ре“ на 20 март вечерта на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а во негова чест актерите од велешкиот театар премиерно ќе ја изведат претставата „Вечера за глупаци“ во режија на Ненад Витанов. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање.

Предлог буџет за 2027 година на собраниска комисија

Поднесени се над 100 амандмани.

Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то.

Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. 

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степени

Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 13. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 13. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 13. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веселба , забавување , опуштеност и среќа- сето тоа интензивно може да го почуствувате денеска.

Кариера

Повеќето денеска ќе се опуштат со спортски настани. Некои ќе се занимаваат со спорт , а другите ќе бидат во публика. Работата ќе ја завршите набрзина.

Здравје и совет

Ќе почуствувате родителска љубов , било да ја давате или да ја примате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Освен добро и интересно друштво , денеска неочекуѕвано би можеле да запознаете личност која изгледа како да не е од оваа планета.

Кариера

Своите необични идеи јасно може да ги претставите без страв дека ќе ве сметаат за несериозен. Овој пат ве почитуваат.

Здравје и совет

Сѐ ќе ви биде интересно.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи. Оние кои се сами , исто така ќе имаат квалитетна дружба.

Кариера

Многумина денеска повеќе ќе се потрпираат на сопствениот авторитет , отколку на знаењето. Сепак , ќе успеете во она што сте го наумиле.

Здравје и совет

Бидете малку поскромни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не се чудњете веќе на ништо , па дури и ако некој неповикан ви заѕвони на врата. Се е можно.

Кариера

Со нетрпение ќе го дочекате крајот на работното време , бидејќи сте полни со идеи кои не се поврзани со вашата работа.

Здравје и совет

Ќе истражувате интересни работи .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во попладневните часови ќе дојде до подобрување на комуникацијата меѓу вас и саканата личност , што ќе ве расположи.

Кариера

Во текот на денот ќе сфаттите дека може повеќе и подобро. Ситуацијата ќе биде во ваша полза и ќе ви се отворат нови можности.

Здравје и совет

Не сте сами на светот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се однесуваат како да се сенки . Нема да се осмелат ништо да направат , зашто се свесни дека не им оди најдобро во врската.

Кариера

Учете и подгответе се за поквалитетно работно место. Ова што сега го работите е добро , но можете и подобро.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе ве измачува недостиг од самодоверба. Ќе гледате една личност , но ќе се двоумите како да и пријдете.

Кариера

Оние кои го рашириле кругот на деловни контакти и врски , денеска ќе искористат нешто од тоа.

Здравје и совет

Верувајте во поубаво утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се двоумите дали да останете дома или да излезете меѓу луѓе. Ќе реши вашиот партнер , доколку го имате , или случајноста ако немате партнер.

Кариера

Не носете заклучок без да ги добиете сите информации . Викендот пред вас е добар за концентрирано размислување во самотија и тишина.

Здравје и совет

Потрудете се да се храните здраво.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Интелектуалното ниво на односите со партнерот ќе биде во експанзија и така ќе ја надополните празнината во емотивното.

Кариера

Размислувајќи за работата ќе бидете се посигурни дека сте на вистинскиот пат и дека пред вас е светла иднина.

Здравје и совет

Имате право.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе изгледа како малку да може да влијаете на работите , но вистина е дека може да влијаете на себеси и на своето однесување. Преку тоа и на другите.

Кариера

Ќе ве изненади еден предлог со кој би можеле да направите вистински скок на скалилото на хиерархија. Не сте сигурни дека тоа ви е потребно.

Здравје и совет

Размислувајте во тишина.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Мал дисбаланс во чувствата ќе бидат со преоден карактер , па немојте на тоа да придавате некакво значење.

Кариера

Ќе се покаже дека вие имате повеќе заслуги за некои деловни резултати отколку вашите шефови , но немојте тоа да го потенцирате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги грижите .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Како што ќе минува денот, вие ќе станувате се посвесни дека сте повторно вљубени , било во нова или пак во личноста со која веќе сте во врска.

Кариера

Оние чија работа е поврзана со млади луѓе , ќе бидат дополнително ангажирани. Добро ќе работите.

Здравје и совет

Подобрување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер