3Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
КултураТеатарска претстава „Децата од прва клупа" вечерва на ЗУМНа онлајн платформата ЗУМ, денеска со почеток од 18 часот, ќе биде изведена драмската претстава „Децата од прва клупа", наменета за сите средношколци на возраст од 15-18 години.„Децата од прва клупа" обработува теми поврзани со меѓуврсничко насилство, преку прикажување на различни искуства за меѓуврсничко насилство кои ги доживеале младите. Целта на оваа претстава е преку актерска игра да се прикажат последиците од меѓуврсничкото насилство кај младите, како и да се поттикне негово препознавање од страна на младите. По претставата, публиката ќе има можност да се вклучи во отворена дискусија за меѓуврсничко насилство со актерите и педагозите. – Бидејќи секој од нас е сведок дека насилното однесување зема се поголем замав, ваквите видови на проекти можат само да придонесат позитивен раст во однос на намалување на врсничкото насилно однесување. Кога го споменуваме насилното однесување мислиме на прекршување на правата на децата или младите или загрозување на нивниот живот. Начини на кои можат да се прекршат нивите права се многубројни, без разлика дали станува збор за навреда, удирање, дискриминација, отфрлање или било која активност што предизвикува вознемиреност, срам, или страв може да се смета за насилство. Прекршувањата на правата на децата и младите не се случува само во рамките на семејството. Тие се случуваат на улиците меѓу врсниците, а во последно време најмногу во училиштата. Од таа причина е инспирацијата за започнување на нашиот проект кој треба по неговата реализација да покаже позитивни ефекти и намалување на насилствата помеѓу врсниците, наведуваат организаторите на проектот, кој е поддржан од Град Скопје, Булфрогс Продукција и Здружението за уметнички и едукативни вредности – ДрамАрт. Продуцент на претставата е Александра Никифоровски, а режијата е колективна. Во претставата играат актерите Мики Анчевски, Марија Ѓорѓијовска, Винета Дамческа и Бојан Лазаров. Како стручни лица во областа на педагогијата се вклучени Мила Пановска и Сузана Аврамовска./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаЦелата држава во зона со висок ризик од пожариОд мала искра до голема катастрофа – најголемиот дел од територијата на Македонија е во „портокалова боја“, односно сериозен ризик од појава на пожари со висок интензитет поради временските услови.Во жолта фаза се само околината на Охрид и Ресен и дел од Шар Планина. Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и максимално одговорни, особено при посета на природа и да не се пали оган на отворен простор. -Поради временските услови високите температури постои висок ризик од појава и ширење на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на државата. ЦУК постојано апелира до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување особено при престој и движење во природа, да не се користи оган на отворено, да не се пали оган на отворено, да не се фрлаат отпушоци и запаллив отпад во природата и секое забележано чадење веднаш да се пријави на 112 во ЦУК,- - Надица Вчкова – Центар за управување со кризи. Од утринава активни се неколку пожари. Во Македонски брод, кој е значително намален според првиот човек на ДЗС – Ангелов, активен е пожарот и кај Студеничани, истиот е оддалечен од селата и не претставува опасност за жителите. пожарникарите и доброволните друштва имаа драматична ноќ, а под најголем ризик биле оние кои се справуваат со пожарот кој го зафати појасот Велес – Зелениково. Пожртвувано, со ползење покрај самата огнена линија и пробивање во екстремно густа вегетација полна со трње, изложувајќи се на ризик значително го намалиле пожарот и заштитиле две села од пламените јазици. Жестоки борби се воделе кај Јегуновце каде успешно е спасен манастир, а во прилепското село Чаниште, огнот навлезе во селото. Жртви и повредени нема, а од пламенот се изгорени неколку постари и напуштени куќи. Жителите преспале дома, евакуација не била потребна. Заедно со професионалните пожарникари од Прилеп, таму се борело и доброволното друштво – Архангел Михаил, кои пред секоја борба со пламенот кажуваат молитва. Со пламен се бори целиот регион – а во Србија беше регистрирана и првата жртва, по вдишување на чад и изгореници животот во срспко Смедерево го загуби 70 годишник, а повредено е и младо лице кое се обидувало да го спаси. Во областа Перистерија во Грција, во својот дом загина повозрасен брачен пар, а повеќе од 500 лица добија наредба за евакуација од регионот. Претходно една жртва имаше и во страотните пожари во Хрватска. Тагови: пожар стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки животПочина 76 годишен пациент од нилска треска на клиниката за инфективни болести. Пациентот по потекло е од ризичното прогласено подрачје од скопско Драчево. Пациентот бил 27 дена на клиниката за инфективни болести и бил со други хронични заболувања. Инфектолозите објаснуваат дека најчесто тешки пациенти на интензивна неега се повозрасните пациенти. Ова е четврт починат пациент од нилска треска. На клиниката во последните часови приемни се два нови пациенти меѓу кои и 24 годишен пациент со полесна форма на заболување. Вкупно се хоспитализирани 20 пациенти со нилска треска, кај двајца од нив се чекаат официјални резултати. Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека вечерва ќе има 13та по ред теренско прскање за комарци. Градоанчалникот издал налози на 20 август да се спроведе теренска дезинскеција против возрасни комарци, а на 21 август ќе се врши авионско прсакње. Според програмата од 23 до 26 август ќе има теренско прсакње против возрасни комарци. Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистовски: Технологијата се менува, но обврската кон државата остануваЧеститка од министерот Борко Ристовски по повод 18 Август - Денот на Армијата.Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, на централната свеченост што се одржа во Кампот за обука на вода во Охрид, во присуство на највисокиот воен и државен врв. По повод 18 Август – Денот на Армијата, Ристовски упати честитка до припадниците на Армијата и до сите кои низ годините биле дел од македонскиот одбранбен систем. „Денеска им оддаваме почит на луѓето кои ја избрале честа да ѝ служат на својата татковина. Македонската Армија е создадена заедно со независна Македонија и повеќе од три децении е еден од столбовите на нашата државност. Генерации македонски војници ја носеле униформата со достоинство, професионалност и подготвеност да застанат во одбрана на државата и на нејзините граѓани. Денес имаме современа Армија, рамноправен дел од НАТО, која се модернизира и се подготвува за новите безбедносни предизвици. Но технологијата и опремата се менуваат, а едно останува исто – човекот во униформа и неговата обврска кон државата, знамето и народот. На сите припадници на Армијата, на ветераните и на семејствата кои стојат зад нив им го честитам 18 Август – Денот на Армијата. Нека е вечна Македонија! Честит Ден на Армијата!“Тагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00