Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
1Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија
3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
КултураТеатарот за деца и младинци го одбележа 26-тиот роденденТеатарот за деца и младинци денеска одбележа 26 години постоење. Единствениот национален театар за најмладата публика почна да работи пролетта 1990-та со претставата „Силјан Штркот“ во Универзална сала изведена пред две илјади деца, а три години подоцна доби и свој простор во кој работи и денес. Оттогаш е и амблемот на овој театар - два прегрнати штрка. Директорот на ТДМ Братислав Димитров рече дека прославата на роденденот е убав повод за средба и оддавање почит на сите претходни генерации кои, како што рече, својата фантазија и дарба ги вградиле во темелите на овој театар. - Ова е најважното место на светот, тука децата ја учат основната разлика помеѓу доброто и злото, ја развиваат својата фантазија, стануваат интерактивни со сцената и го развиваат својот социјален аспект по секоја претстава, истакна Димитров. На роденденот на ТДМ присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која им се заблагодари на сите актери и вработени во институцијата кои се вложиле во нејзиниот развој. - Театарот за деца и младинци е двигател на културниот живот во Македонија, кој има придонес и во едукација на младата популација. Се сеќаваме на многу претстави, како „Девојчето со кибритчињата“, „Петар Пан“, „Македонска приказна“, „Могли“ и многу други. Посебно ми е драго што со овој настан им се оддава почит на генерациите кои растеа и живееја со овој театар. Министерството за култура дава силна поддршка на ТДМ, издвоивме средства за реконструкција на оваа значајна институција, доделена и е опрема за сценската технологија, се подобрија условите, а имаше и голем број вработувања на актери, драматурзи и режисери, изјави Канческа-Милевска. Преку инсерти од некои од вкупно 59-те премиери колку што се поставени на сцената на ТДМ, беше прикажан развојот во изминатите 26 години во кои театарот имал повеќе од 300.000 посетители. - Најважните луѓе во оваа наша уметност се децата. Децата што ќе ги испуштиме на оваа возраст, кога овде ги собира Театарот за деца и младинци, повеќе никогаш нема да можеме да ги вратиме во гледалиштето. За да можеме да успееме да ги собереме и додржиме, мора да сме точно вакви каков што е овој театар - динамични, интелигентни, креативни до немајкаде, ангажирани и фанатични, рече театрологот проф. Јелена Лужина, која се осврна на историјатот на овој театар. Театарот за деца и младинци прв по осамостојувањето на Македонија успешно излезе надвор од границите и се врати со награда - за претставата „Принцезата на зрно грашок“. Таа до денес е одиграна 261 пат и е најизведуваната претстава во историјата на овој театар. Најтрофејната претстава на ТДМ и втора по број на изведби (151 до сега) е „Македонска приказна“. ТДМ ја подготвува 60-тата премиера, а оваа година со поддршка на Министерството ќе има четири премиери. Театарот е носител и на голем број меѓународни награди. Неодамна се врати од фестивал во Измир, а има покани од Германија, Романија и Бугарија. Екипа од ТДМ работи на меѓународен проект финансиран со грант на ЕУ, во кој се вклучени и Словенија, Србија и Норвешка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика БританијаЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области. Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството. На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави. Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистинатаПратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. „Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиЕвропско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент. Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.Тагови: кикбокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter