Театар Комедија со „Дони Дарк“ гостуваше во белградскиот театар Битеф - Канал 5

Театар Комедија со „Дони Дарк“ гостуваше во белградскиот театар Битеф

Театар Комедија со преставата „Дони Дарк“ на режисерот Роберт Ристов синоќа гостуваше во Театар Битеф во Белград. Покрај бројната белградска публика, на изведбата присуствуваше и заменик-министерот за култура Владимир Лазовски.

Театар Комедија со „Дони Дарк“ гостуваше во белградскиот театар Битеф
Според него, „Дони Дарк“, која раскажува за социјално интегрирање на млад слеп човек во општеството, е одлична претстава која, како што рече, откако ќе ја гледате ве тера на размислување.

Лазовски најави дека денеска ќе има средба со министерот за култура и информирање на Србија Владан Вукосављевиќ. - Ќе раазговараме за поблиска културна соработка која меѓу Македонија и Србија е на одлично ниво, изјави Лазовски.

Режисерот Ристов првпат се преставува пред белградската публика. - Ова е претстава со специфична тематика, за социјално интегрирање на еден млад слеп човек во општеството, притоа доловувајќи ги различнитите емотивни фази низ кои тој поминува, како и останатите ликови на сцената. Ова е место каде што се одржува и најголемиот театарски фестивал на бившите југословенски простори и поради тоа ова е добар репер да се почне со едно убаво гостување во еден голем и убав театар, изјави Ристов.

Во актерската екипа на „Дони Дарк“ се Даријан Петров, Мирјана Поповска-Ристов, Магдалена Ризова Черних и Сашо Ристовски. Костимографијата на преставата е на Елена Лука, музиката на Гаро Тавитјан, а во претставата учествуваше и челистот Дејан Цветковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп останува уверен дека републиканците можат да поминат добро на среднорочните избори.

Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)

Во разговор за Фокс њуз, додека милиони гласачи се упатуваат кон гласачките места, американскиот претседател рече дека изборите се важни „затоа што навистина ја направивме Америка повторно голема“.

„Мислам дека резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите. Јас сум на турнеја 30 дена. Не знам што да ви кажам. Стадионите беа преполни“, рече Трамп.

Потоа додаде дека мисли дека митинзите вечерва ќе имаат големо влијание.

„Духот и љубовта кон нашата земја се неверојатни“, додаде тој.

Трамп, исто така, рече дека САД се „најпочитуваната земја во светот“, а потоа ја критикуваше Европа, за која рече дека „се распаѓа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Официјална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков.  

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање.

Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика.

Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица, а приоритет освен пензионерите ќе имаат и лицата кои примаат социјална помош преку Алта банка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер