Театар Комедија премиерно ќе ја изведе „Господарот на кукавицата“ - Канал 5

Театар Комедија премиерно ќе ја изведе „Господарот на кукавицата“

„Театар Комедија“ вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Господарот на кукавицата“ по текст на Венко Андоновски и режија на Андреј Цветановски, во која игра целиот ансамбл на овој театар. Ова е петта праизведба на домашна комедија во четиригодишното постоење на „Театар Комедија“ и втора соработка со писателот Андоновски.

Театар Комедија премиерно ќе ја изведе „Господарот на кукавицата“
На прес-конференција тој посочи дека претставата не е класична комедија во која целта е смеата, туку има елементи на драма на апсурдот. Говори за глобализацијата и за она што таа како закана го покажува кон идентитетит на малите култури.

- Апсурдот е сместен во тоа што ние беспоговорно слушаме се што ќе се предложи, без никаков критички однос кон тоа. Тука е апсурдот. Комедијата говори за бришењето на локалните, мали култури, и за културолошките разлики меѓу она што неправедно го викаме свет, а себеси неправедно се поместуваме како „ние“ и како маргини на светот. Не е чиста комедија, но ќе има многу смеа. Комедијата има лековита димензија и овој театар со оваа комедија ќе биде повторно аптека на смеата, рече Андоновски.

Галичник и Скопје се местата во кои се одвива дејството и борбата меѓу традицијата и глобализацијата. Режисерот Цветановски истакна дека со оваа претстава ја искристализирал темата за тој конфликт.

- За вечниот конфликт на големото и малото, на нашето и нивното, на прашањето дали е подобро качамак или Мекдоналдс, дали редбул или вода од Упија, дали е подобро кока-кола или природен сок од цреши. Да видиме што значи терминот глобализација и како глобализацијата ја прифаќаме толку едноставно како веќе дадена аксиома, не се ни обидуваме да размислиме што се носи таа, лесно ги прифаќаме сите работи што доаѓаат однадвор без оглед на нивниот квалитет и потенцијал, рече Цветановски.

Покрај целиот актерски тим на „Театар Комедија“, во претставата гостува и актерот од Драмски театар Рубенс Муратовски. Ќе го игра ликот на старецот Никодим од Галичник, кое и место од кое самиот потекнува.

- Галичник е изворно, чисто место, заштитено од лошите работи кои доаѓаат од надвор. Не можеме да станеме Европејци, а да го загубиме она што го имаме во генот, рече Муратовски.

Директорката на „Театар Комедија“ Јелена Жугиќ додаде дека во претставата има препознатливи македонски ликови со амбиции - од политичари до занаетчии, и дека со неа се заокружува трилогијата на Андоновски во која се „Кандид во земјата на чудата“ и „Кинегонда во Карлаленд“. Истакна дека естетски и технички проектот е голем и има импозантна сценографија и костими. - Со оваа претстава правиме исчекори на повеќе нивоа, како комплетно театарско дело е доста гломазно, рече Жугиќ.

Сценографијата е на Милан Несторов и Сергеј Светозарев, костимограф е Александар Ношпал, а музиката е на Оливер Јосифовски од „Љубојна“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“

На сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово вчеравечер одекна силен и долг аплауз за екипата на НУ Народен театар Битола, која со својата изведба повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче.

Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“

„Секстет“ и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката.

„Од срце му благодариме на организаторот на фестивалот „Денови на комедијата“ за поканата, прекрасното добредојде и гостопримството. До следната средба – со уште многу смеа, аплаузи и театарски моменти“, истакнуваат од Битолскиот театар.

Претставата „Секстет“ секогаш го полни гледалиштето до последното место, комедијата од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, па така и овојпат салата беше исполнета со публика која ги награди актерите на Битолскиот театар со долготрајни аплаузи.

Недоразбирања, тајни, љубовни заплети и урнебесни пресврти секогаш ја тераат публиката да се смее од почеток до крај.

Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни.

Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи.

Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски.

Костимографијата е на Андреј Георгиевски, сценографијата на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски.

29.издание на Фестивалот оваа година се одржува од 23 септември до 5 октомври. Во текот на фестивалските денови, публиката има можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција, посветена на годинашниот лауреат Игор Џамбазов. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер