3 Ако климата ви работи цела ноќ, правите голема грешка, последиците ќе ги почувствувате веќе следното утро
КултураТеатар Комедија ќе учествува на БОК Фест во Бјеловар, ХрватскаТеатар Комедија ќе учествува на еден од најзначајните регионални театарски фестивали - БОК Фест во Бјеловар, Хрватска. Фестивалот, кој од 2003 година обединува врвни театри од цела поранешна Југославија, и оваа година ќе биде центар на театарската уметност од регионот, информираат од Театарот. Театар Комедија ќе настапи со две исклучително успешни претстави од својот репертоар - на 30 април свеченото отворање на фестивалот ќе биде во знакот на „Илуминати" во режија на Синиша Евтимов, следниот ден, на 1 мај, ќе ja одиграат хит-претставата „Пар распар", во режија на Нина Николиќ. -БОК Фест е место каде што се слави квалитетната театарска уметност, и Театар Комедија е горд што ќе биде дел од оваа значајна манифестација, велат од Театар КомедијаТагови: Театар Комедија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураСпектакуларна оперска гала вечер пред 4 илјадна публика на почетокот на 66. Охридско летоСо спектакуларна оперска гала вечер, преполн Антички театар и повеќе од 4.000 посетители, синоќа свечено беше отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот, за кој билетите беа целосно распродадени уште две недели пред почетокот, предизвика рекорден интерес кај публиката и ја потврди довербата што фестивалот ја ужива кај љубителите на врвната уметност. Незаборавната фестивалска вечер, исполнета со емоции, аплаузи и извонредни музички изведби, уште еднаш покажа дека „Охридско лето“ останува еден од најзначајните културни настани во регионот. На сцената на Античкиот театар блеснаа светски познатата сопранистка Ермонела Јахо и прочуениот американски тенор Чарлс Кастроново, кои со своите маестрални интерпретации ја воодушевија публиката. Придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на италијанскиот маестро Марко Боеми, тие приредија вечер за паметење, исполнета со најубавите арии и дуети од богатата оперска литература. Со извонредната вокална техника, силната емоција и сценската харизма, уметниците беа наградени со долготрајни овации и бурни аплаузи, а воодушевената публика ги враќаше на сцената со повеќекратни бисови, претворајќи го свеченото отворање на фестивалот во вистински музички спектакл кој долго ќе се памети. „Ова беше вечер што ќе остане запаметена. Преполниот Антички театар, повеќе од 4.000 посетители и распродадените билети две недели однапред се најдобра потврда дека „Охридско лето“ ја има довербата на публиката. Горди сме што фестивалот го отворивме со врвни светски уметници и спектакуларна оперска гала вечер која донесе незаборавни емоции и силен почеток на 66. фестивалско издание“, вели директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот, Претседателката на Р.С.Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова која потсети дека пред шеесет и шест години, под сводовите на Света Софија, оперската дива Ана Липша-Тофовиќ ги отпеала првите фестивалски тонови, означувајќи го почетокот на „Охридско лето“ коешто сè уште живее. „Оттогаш до денес, многу генерации уживале во привилегијата да се дружат со врвни музички и театарски личности, познати, обожавани и посакувани на најпознатите уметнички сцени, како исклучителни творци на високи духовни дострели. „Охридско лето“ помни, симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка мисија, новоотворени музички и театарски хоризонти, космополитизам, меѓудржавно, меѓунационално, интеркултурно и меѓучовечко разбирање, срушени предрасуди и научени лекции, културна дипломатија и универзален уметнички јазик“, рече покровителката на фестивалот, Претседателката на Р.С. Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова. Обраќајќи се на отворањето на фестивалот, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакна дека токму во Охрид, историјата, природата и духот живеат во тивка, возвишена хармонија. Според него, секој камен, секој бран на езерото, секоја нота што ќе одекне од фестивалот, сведочи дека цивилизациите не се препознаваат по моќта, туку, како што кажа, по убавината што ја оставаат зад себе. „Охридско лето никогаш не било само обичен фестивал. Тоа е жива потврда дека Македонија отсекогаш знаела дека културата не е луксуз за добри времиња, туку предуслов за достоинствено постоење. Не за да нè затвори во нас самите, туку за да нè отвори кон другите без да престанеме да бидеме свои“, рече Љутков. Уметничката порака на фестивалот „Охридско лето“ годинава ја испрати истакнатиот македонски уметник, оперски првенец со раскошен глас и впечатлива сценска харизма, Игор Дурловски. Според него, малите земји имаат посебна улога во културата на светот. Тие, како што рече, не ја црпат нивната сила од големината на територијата или бројот на жители, туку од приказните што ги чуваат, од искуствата што ги преживеале, од начинот на кој можат да придонесат кон големиот разговор на човештвото. „Македонија е земја со длабока историска меморија, земја низ која минувале различни култури, јазици и цивилизации. Најголемата вредност на тоа наследство е во минатото што го паметиме, сегашноста што ја живееме и во иднината што можеме да ја создадеме. Нашата задача е да му кажеме на светот кои сме и да му понудиме нешто што може да го споделиме со сите: нов поглед, ново прашање, нов простор за средба. И затоа, овде, во Охрид, во градот каде што вековите разговараат меѓусебе, посакувам уметноста да продолжи да биде нашата најубава порака до светот. Порака дека човекот сè уште има потреба од убавина, од смисла и од надеж“, рече оперскиот пејач Дурловски. Зад успешната фестивалска приказна стои силната поддршка на покровителот, Претседателот на Р.С. Македонија, поддршката од Владата преку Министерството за култура и туризам, Општина Охрид, но и довербата на пријателите на фестивалот, генералниот спонзор А1 Македонија, партнерите и сите оние што веруваат дека уметноста има моќ да поврзува, инспирира и трансформира.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРастат тензиите околу Ормутскиот теснец, САД и Иран разменуваат оганСиноќа САД започнаа нов напад врз Иран. Иранските државни медиуми објавија дека во нападите загинало едно лице во југозападен Иран, а четворица биле повредени.Во рок од неколку часа од новите американски напади, Иранската исламска револуционерна гарда соопшти дека ги нападнала американските воени бази во Кувајт, Јордан и Бахреин. Ескалацијата на нападите, кои фрлаат сомнеж врз иднината на привремениот договор меѓу САД и Иран потпишан во јуни, доаѓа во време на спротивставени тврдења за тоа дали Ормутскиот теснец е отворен. Иран вели дека го затворил клучниот воден пат, додека САД инсистираат дека е отворен. Цените на нафтата утринава скокнаа во Азија. Цената на суровата нафта „Брент“ порасна за 4,3% на 79,26 долари за барел, додека нафтата што се тргува на америка исто така се зголеми за 4,3% на 74,50 долари.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
ЕкономијаВо Скопје денеска ќе биде официјално основана Кинеско-македонската стопанска комораВо Скопје денеска ќе биде официјално основана Кинеско-македонската стопанска комора.На свеченоста се очекува обраќање на претседателот на Кинеско-македонската стопанска комора, Жаолонг Шао, како и на заменик-претседателот на владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски. Пред присутните ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник во Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија. По официјалниот дел ќе се одржи панел-дискусија на тема „Зајакнување на економската соработка и трговската размена меѓу Кина и Македонија: можности, предизвици и идни перспективи“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter