Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ЗабаваТеа Таировиќ со жежок танц за новата песна: Ми требаше ден за да се соберам (ВИДЕО)Пред два дена, Теа Таировиќ го издаде својот нов, четврти студиски албум, насловен „Аска“, со девет нови песни и видеа за секоја од нив.Една од најпопуларните млади музички ѕвезди, Теа Таировиќ, успеа да се позиционира на самиот врв на музичката сцена со своите претходни три албуми. Таа сруши многу рекорди и одржа одлични концерти низ целиот Балкан, каде воодушеви и со својот танц, објави Телеграф. Пред два дена, таа објави нов албум насловен „Аска“, а четири песни се на врвот на топ листите. Со оглед на тоа што овој пат, самата Таировиќ е авторка на повеќето песни, таа не ја крие својата радост поради успехот на новиот албум, и даде изјава на својот Инстаграм: - Ми требаше еден ден да се соберам и да се одземам колку ме преплавивте со пофалби, честитки и коментари во врска со новиот албум - почна Теа, а потоа додаде: - Како композитор, текстописец, изведувач, продуцент и креатор на овој албум, можам да ви кажам големо БЛАГОДАРАМ вам, моја публика, бидејќи ова не се само пофални зборови, туку и ваши животни приказни што ги доживувате и преживувате со мојата музика! Мојата музика зборува за сè за што јас не зборувам... Сè за што човекот не зборува, а му се случува - напиша Теа. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Песната „Çok güzel“ е на првото место на листата со трендови, додека „Halo, ovde đavo“ е на третото место, „Ker Finansijer“ е на четвртото место, а песната „Aska“ е на шестото место. Нема сомнение дека Теа ги руши сите рекорди со својот нов албум, а како што самата најави, песните ќе ги изведе за прв пат на концерт во Загрепската арена на 10 мај.Тагови: Теа Таировиќ танцува Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter