Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
Шоу бизТеа Таировиќ е приведена во Шведска: Не ми ставија лисици Откако веста дека пејачката Теа Таировиќ е приведена во Шведска, како бомба одекна во медиумите во регионот, се огласи пејачката.Имено, како што пишуваше, на фолкерката ѝ биле ставени лисици, а полицаец не се одвојувал од неа. Како што тврди Теа за тамошните медиуми, таа не била уапсена во Шведска, а полицијата во ниту еден момент не ѝ ставила лисици, туку приведувањето се одвивало редовно и според сите протоколи. - Не знам што да кажам за тие пишувања, освен што сум многу лута и не знам од каде е информацијата. Ниту бев уапсена, ниту приведена, ниту пак полицијата ми стави лисици. Сѐ е во најдобар ред, а шоуто во Шведска помина одлично, како и секогаш. Нема место за тие шпекулации - изјави Теа. Иако пејачката вели дека ништо од горенаведеното не се случило, на фотографиите кои се појавија јасно се гледа дека контакт со властите навистина се случил, а детали дал и нејзиниот менаџер Неша Бриџис: - Полицијата синоќа дојде на редовен увид. Бараа договори, не само од неа туку и од Стоја и Девит. Таа го покажала договорот и полицијата ѝ се заблагодарила, немале причина да ја приведат. Вечерва настапува на приватна прослава во Софија, Бугарија - изјави Бриџис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци, а по еден возач во Македонски Брод и Велес управувале возило под мерка забрана за управување со моторно возило. Од слобода е лишен и државјанин на Шведска, кој на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
СветТрамп: Путин нема да нападне територија на НАТО Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е сигурен дека Русија нема да ги нападне американските сојузници од НАТО.Прашан дали рускиот претседател Владимир путин се согласил или се обврзал да се воздржи од таква офанзива, Трамп одговори: „Имав добри разговори со него. Тој нема да напаѓа територија на НАТО“. „Вол Стрит Џурнал“ и „Политико“ претходно објавија, повикувајќи се на неименувани извори, дека директорот на ЦИА, Џон ретклиф, за време на тајната посета на Москва пред три дена ја предупредил Русија да не напаѓа членки на НАТО. Трамп одби да ги коментира медиумските извештаи во врска со целта на патувањето на Ретклиф. Од друга страна, Кремљ извештаите за можни руски подготовки за напад врз НАТО ги нарече „хорор приказни“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрбија потврди: Ратко Младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почестиПоранешниот командант на босанските Срби, Ратко младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почести, потврди српскиот министер за правда Ненад Вујиќ за медиумите.„Неговата улога е позната, но она што му припаѓа на генералот Младиќ сигурно ќе биде почитувано. Би сакал да истакнам дека Република српска не е таа што одлучува тука, семејството ќе одлучи и за местото каде што ќе биде погребан бидејќи тоа е прашање на неговото семејство“, изјави Вујиќ за АТВ. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook