ТАВ Македонија: Нови директни летови од Меѓународниот аеродром Скопјe до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и претходно најавената Ларнака - Канал 5

ТАВ Македонија: Нови директни летови од Меѓународниот аеродром Скопјe до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и претходно најавената Ларнака

Меѓународниот Аеродром Скопје и натаму се позиционира како растечки регионален центар.

ТАВ Македонија: Нови директни летови од Меѓународниот аеродром Скопјe до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и претходно најавената Ларнака

ТАВ Македонија најавува нови директни авиолинии до Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага и Ларнака, за кои авиобилетите се веќе во продажба, и Келн, притоа зајакнувајќи ја воздушната поврзаност со клучни европски градови и позицијата на Меѓународниот Аеродром Скопје како регионален туристички центар.

- ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со гордост најавува нови возбудливи директни авиолинии до главни европски дестинации: Стокхолм (Шведска), Бари (Италија), Мадрид (Шпанија), Прага (Чешка), Келн (Германија) и претходно најавената Ларнака (Кипар), на кои ќе сообраќа Визер. Ова претставува чекор напред во подобрувањето на воздушната поврзаност на Меѓународниот Аеродром Скопје и патниците од неговото пошироко подрачје, соопшти денеска аеродромскиот оператор.

Со овие нови дополнувања, оценуваат, Меѓународниот Аеродром Скопје и натаму се позиционира како растечки регионален центар, нудејќи им на патниците поширок избор на директни летови до дестинации за одмор и бизнис. Новите дестинации, исто така, придонесуваат кон мисијата на ТАВ Македонија за олеснување на мобилноста и пристапноста, а воедно и одржување на највисоките стандарди за безбедност, ефикасност и патничко искуство.

- Овие нови авиолинии ја демонстрираат посветеноста на ТАВ Македонија за проширување на поврзаноста и можностите за патување. Обезбедувањето дестинации како Стокхолм, Бари, Мадрид, Прага, Келн и претходно најавената Ларнака – особено новите пазари – бара долгорочни преговори и тесна соработка со авиокомпаниите и туристичкиот сектор. Како аеродромски оператор со визија и стратегија да го направи Меѓународниот Аеродром Скопје регионален центар, со огромната поддршка од Владата, и нашата програма за стимулации, нашата цел е привлекување авиопревозници, особено за воведување летови до популарни дестинации за одмор. Овие нови авиолинии отвораат нови можности за туризам, вклучувајќи летни одмори и краток одмор во европски метрополи, со што се зголемува одржливиот сообраќај и се зајакнува нашето присуство на европската туристичка мапа. Конечно, ваквите развојни активности го зголемуваат и бројот на странски туристи во земјава преку овие авиолинии, придонесувајќи за одржлив раст на сообраќајот, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Од ТАВ Македонија посочуваат дека новите авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје ги поврзуваат патниците со различни возбудливи дестинации: Стокхолм за скандинавската култура, Бари како порта кон Јужна Италија и јадранскиот брег, Мадрид како клучен европски центар за бизнис и рекреација, Прага со својот историски шарм на Централна Европа, Келн, енергичен град на Рајна, познат по својата богата историја и живописна култура, и Ларнака, популарна дестинација на медитеранските плажи во текот на целата година.

Билетите се веќе во продажба на веб-страницата на Визер за Стокхолм, Бари и Мадрид со по 3 неделни летови, Прага и Ларнака со по 2 лета неделно. Летовите до овие нови авиолинии ќе стартуваат со почетокот на зимската сезона 2025/2026, т.е. крајот на октомври, почетокот на ноември и декември, соодветно, со што ќе им се овозможи на патниците на скопскиот аеродром поголем пристап до клучните културни, економски и туристички центри низ Европа, со Визер како нискобуџетна авиокомпанија која нуди комплетни услуги.

Патниците можат да ги резервираат своите летови директно преку веб-страницата на Визер, https://www.wizzair.com/en-gb.

Новите авиолинии од Скопскиот аеродорм вчера преку објава на социјалните мрежи ги соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драстичен пад на рејтингот на Трамп

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на 32 отсто – најниското ниво во неговата политичка кариера – според новата анкета на „Ројтерс/Ипсос“.

Драстичен пад на рејтингот на Трамп

Истражувањето беше спроведено во текот на четири дена, период во кој Трамп им забрани пристап до Белата куќа на три големи медиумски куќи и размислуваше за уривање на познатиот Центар за изведувачки уметности „Кенеди“ во Вашингтон, доколку името „Трамп“ не можеше да се додаде во неговиот назив.

Истражувањето покажа дека гласачите сè помалку се склони да ги поддржат републиканците на Трамп на меѓуизборите на 3 ноември, кои ќе ја одредат контролата врз Конгресот во следните две години.

Севкупната поддршка за Трамп опадна во споредба со анкетата од претходната недела, кога изнесуваше 35 отсто; особено е значајно што поддршката меѓу самите републиканци падна од 82 на 73 отсто во текот на таа недела.

Незадоволството меѓу републиканците во врска со инфлацијата расте откако Трамп започна војна против Иран во февруари, што предизвика нагло зголемување на цените на бензинот и дизелот.

Сега, за првпат, бројот на републиканци кои не го одобруваат начинот на кој Трамп се справува со трошоците за живот го надминува бројот на оние што го фалат.

Според анкетата, 51 отсто се незадоволни од неговиот учинок во овој поглед, додека 44 отсто го поддржуваат. Рејтингот на Трамп е понизок од кој било забележан за неговиот демократски претходник, Џо Бајден, чие претседателствување исто така беше одбележано со скок на инфлацијата и кој на крајот се откажа од обидот за реизбор откако лошиот настап на дебатата ги засили загриженостите за неговата возраст.

Само 34 отсто од испитаниците во најновата анкета ги одобруваат нападите врз Иран.

Претходно овој месец, републиканскиот лидер вети дека војната ќе заврши веднаш по изборите. Сепак, Иран не покажа знаци на повлекување, а во последните недели Техеран и неговите сојузници се заканија со дополнителни пореметувања на пазарите на нафта.

Околу 82 отсто од испитаниците, вклучително и девет од десет демократи и три четвртини од републиканците, изјавија дека конфликтот веројатно ќе се одолговлечи.

Анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ покажа дека 43 отсто од регистрираните гласачи би ги избрале демократите на меѓуизборите, додека 35 отсто би се одлучиле за републиканците. Според агенцијата, разликата од 8 процентни поени претставува најголема предност на демократите во анкетите на „Ројтерс/Ипсос“ оваа година.

За републиканците, губењето на контролата врз кој било од двата дома на Конгресот би можело да ја отежне агендата на Трамп во текот на последните две години од неговиот мандат.

Трамп и понатаму ужива поддршка од републиканците во однос на имиграцијата, при што 79 отсто од членовите на неговата партија го поддржуваат; сепак, генерално гледано, само 36 отсто од Американците го поддржуваат неговиот пристап кон ова прашање, додека 55 отсто не го одобруваат. Резултатите од анкетата исто така покажаа дека околу 35 отсто од испитаниците го одобруваат пристапот на Трамп кон борбата против криминалот, додека 50 отсто не го одобруваат.

Анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ беше спроведена онлајн и опфати 1.277 возрасни лица од целата територија на САД.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија без економска стратегија за државата

Филипче бара 600 евра плата, а нема план за нови инвестиции, нови фабрики, нови работни места.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија без економска стратегија за државата

СДС е партија која нема економска стратегија за државата. Така беше во минатото кога 7 години ги ограбија граѓаните а државата ја оставија пред банкрот така е и денес, имаат само лаги и празни ветувања за граѓаните.

СДС и Венко Филипче намаат план за развој и економска визија на државата, немаат стратегија за привлекување нови инвестиции, за отворање на нови фабрики, нови работни места.

Единствено нешто што знаат СДС и Филипче од економија е марихуана економија на Заев, делење провизии, проценти и тендери.

СДС и Филипче бараат 600 евра плата и подобар стандард, а тоа подразбира продуктивност, инвестиции и нови работни места за што СДС и Филипче исто така немаат план.

Венко Филипче зборува за повисоки плати, но граѓаните имаат право да знаат како ќе се создаде економската основа за тие плати. Кои инвестиции ќе ги привлече? Кои индустрии ќе ги развива? Како ќе создаде нови и добро платени работни места? Како ќе ја зголеми конкурентноста на македонската економија?

СДС само имаат демагогија и лаги за граѓани. Како лагите на неговиот ментор за Гугл, Фејсбук и патека за Формула 1.

СДС се против се, против дата центри, рудници, им пречат нови инвестиции и проекти. СДС и Филипче се против Македонија да оди напред и да се развива.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди нови инвестииции, нови работни места, нови фабрики со цел зголемување на животниот стандард на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер