ТАВ ќе ги проширува аеродромите во Скопје и Охрид, за 10 години четири пати повеќе патници

Се очекува бројот на патници од 640.000 колку што изнесуваше во 2009 година  до крајот на годинава да достигне 2,7 милиони.

Со четири пати зголемен број патници на аеродромите во Скопје и во Охрид холдингот ТАВ аеродроми и планови за нови инвестииции ги одбележува првите десет години од преземањето под концесија на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле" во Охрид.

Се очекува бројот на патници од 640.000 колку што изнесуваше во 2009 година до крајот на годинава да достигне 2,7 милиони. Изминатите 10 години инвестирале 120 милиони евра во аеродромоска инфраструктура и развој и платиле 47,4 милиони евра за концесиски такси и даноци. Дестинациите што ги опслужуваат на двата аеродрома се зголемени од 15 на 44 и планираат нивно проширување за што се во тек преговори со авиокомпании.

-ТАВ е одлучен дека и натаму ќе продолжи двоцифрениот пораст на бројот на патници и оти ќе продолжи да го развива Скопскиот аеродром како главен центар за авиосообраќајот на Балаканот, рече раководството на компанијата денеска на прес-конференција во Бодрум за македонските новинари.

Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на холдингот ТАВ аеродроми најави дека на крајот на сезоната почнуваат активности за проширување на Скопскиот и на Охридскиот аеродром, во што ќе вложат 10 милиони евра. Тие пари се дел од планираните 45 милиони евра што требаше да ги вложат во карго аеродром во Штип но се пренаменети откако испитувањата покажаа дека нема можности за реализација на таков проект.

Со останатите 35 милиони евра ќе се спроведат инфаструктурни проекти, за што треба да добијат листа од Владата. Кога ќе го добијат списокот, како што велат, ќе почнат да ги инвстираат парите. За таа цел Владата треба да го промени Законот за концесија, на што се работи, подготвени се сите договори и треба да се заокружи ратификацијата.

Во долгорочните планови на ТАВ по истекот на следните 10 години во кои ќе менаџираат со аеродормите, согалсно со тековниот 20-годишен Договор за концесија е да продолжат да оперираат со аеродромите во Скопје и во Охрид. Законот дозволува концесија до 35 години. За продолжување на концесијата и по нејзиниот истек во 2030 година планираат да почнат преговори за натамошни инвестиции и да добијат дополнителни 15 години.

-Секако дека ова нема да биде бесплатно, треба да имаме и други инвестиции на аеродромите и да ја подготвиме Македонија за некој иден развој затоа што забележува добар пораст. Оваа година очекуваме пораст од три проценти, вашиот БДП е зголемен, тоа е особено добро. Ќе бидете земја членка на ЕУ и многу работи ќе се сменат, што значи дека ќе мора да ги подготвиме аердромите за идниот пораст што треба да се случи во Македонија, рече Шенер.

Главниот извршен директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој најави дека со 10 милиони евра ќе ги прошират терминалните на аеродромите во Скопје и во Охрид каде планираат и други новини.

Доколку добијат дозвола ќе ја срушат старата пристанишна зграда во Скопје и ќе изградат нов терминал или ќе го прошират постојниот. Планираат да отворат 10 дополнителни шалтери во затворената област од Скопскиот аеродорм, неколку места каде авиокомпаниите ќе продаваат билети, како и просторија за пушење.

Со бројката од 300.000 патници веќе се исполнети капацитетите на аеродормот во Охрид. – Ќе треба да го зголемиме бројот на порти, да имаме повеќе чек ин шалтери и подобро движење на патниците низ аеродромот. Аеродоромите се првото и последното место каде патниците добиваат одреден впечаток за државата. Кога ќе го прошириме терминалот во Охрид ќе имаат многу подобар впечаток за државата, потенцира Ерсој.

Од ТАВ го повторија ставот дека за уште поголем развој на авиосообраќајот е потребен национален авиопревозник. – Авиосекторот во Македонија напредува многу добро, а нам ни треба национален авиопревизник. Се надевам ќе имаме бизнисмен или Владата ќе се одлучи да воведе национален авиопревозник затоа што на овој начин ќе помогне многу на економијата, посочи Шенер.

Во однос на можностите за воведување директни летови со Америка, од ТАВ велат дека тоа за авиокомпаниите е многу скапо поради различното место на потенцијалните патници и оти бараат финансиска поддршка. – Тие се многу конзервативни во поглед на трошоците, бараат на тој начин еден вид поддршка од Владата, некакви субвенции или слично. Кога ќе дојдеме до најдоброто време и најдобрата формула ќе можеме да почнеме со такви летови. Авиокомпаните сакаат патници во текот на целата година, а не само во лето. Северна Америка е малку посложен случај но ќе работиме на тоа, можеби локални компаниии ќе треба да воспостават некаква соработка, истаканаа од ТАВ.

ТАВ аеродорми, на скопскиот и на охридскиот аеродром, имаат 1 100 вработени, од кои 70 проценти работат во ТАВ Македонија, другите во нивните сестрински.

На двата аеродрома во државава во првите осум месеци од годинава се превезенеи 1,8 милиони патници (1.774.482) за 12,1 процент зголемување на годишно ниво. Реализирани се 14.744 летови или за 9,9 проценти повеќе на годишно ниво.

Холдингот ТАВ аеродроми потпиша 20-годишен договор за концесија со Владата во септември 2008 година, а стартуваше со менаџирање на аеродромите во Скопје и Охрид во март 2010 година. Според раководството на ТАВ, успехот на пазарот во изминатите десет години е резултат на одличната соработка со Владата и сите институции од воздухопловната индустрија, нивните деловни партнери коишто работат на двата аеродрома и патниците за користење на аеродромите.

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер