ТАВ и МВР спроведоа вежба за итни ситуации и вонредни состојби на Меѓународниот Аеродром Скопје - Канал 5

ТАВ и МВР спроведоа вежба за итни ситуации и вонредни состојби на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, и Министерството за внатрешни работи денеска, 9-ти март, успешно реализираа вежба за итни ситуации и вонредни состојби на Меѓународниот Аеродром Скопје.

ТАВ и МВР спроведоа вежба за итни ситуации и вонредни состојби на Меѓународниот Аеродром Скопје

Денешната вежба за симулација на вонредна состојба имаше за цел да ги тестира во реално време одговорот и ефикасноста на плановите за итни ситуации и оперативниот план за постапување во вонредни состојби предизвикани од дејствија на незаконско постапување, координацијата, комуникацијата и подготвеноста на сите засегнати страни и да осигури дека се исполнети највисоките стандарди за безбедност и сигурност.

За време на вежбата, организирана од страна на аеродромскиот оператор, ТАВ Македонија, сите засегнати оддели на Меѓународниот Аеродром Скопје, и Министерството за внатрешни работи, а поддржани и во соработка со националните служби за одговор при итни ситуации и вонредни состојби предизвикани од дејствија на незаконско постапување, беше симулирана вонредна состојба со пратка од висока вредност, заложници и експлозија со импровизирана експлозивна направа, проследена со пожар во затворен простор во приемниот магацин при Карго центарот на ТАВ Македонија. Вежбата овозможи реална, практична можност за проценка и евалуација на координацијата за брз одговор и ефективноста на меѓуинституционалната координација меѓу одделите на скопскиот аеродром, Министерството за внатрешни работи, локалните и националните служби за итни ситуации и вонредни состојби и другите засегнати страни и чинители.

„Денес сме сведоци на заедничка вежба на аеродромските безбедносни служби на ТАВ Македонија и специјалните полициски сили при МВР – настан од исклучително значење за безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје и патниците. Со оваа вежба демонстрираме подготвеност, координација и професионализам во справувањето со потенцијални закани. Високото ниво на обука, брзината на реакција и соработката меѓу службите се клучни за заштита на аеродромската оперативна безбедност и обезбедувањето на воздухопловството. Ова не е само тренинг – ова е залог за сигурност, доверба и успешна превенција. Благодарност до сите учесници за нивната посветеност и професионалност. ТАВ Македонија продолжува да инвестира во обука и модернизација за да ги одржиме највисоките стандарди на безбедност.“, изјави Перо Лупевски, заменик генерален директор за операции на ТАВ Македонија.

„Преку симулацијата на сценарио на заложничка криза, практично ги тестираме капацитетите на институциите на национално ниво, а исто така го тестираме нивото на подготвеност и брзината на реакција на службите, на владините институции како чинители и на аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Вежбата се одвиваше на исклучително професионално ниво, со соодветна брзина и реакција. Безбедноста на вакви витални инфраструктурни објекти и на секој поединец е од круцијално значење за нас како полиција, бидејќи со сето тоа, со зајакнување и почитување на протоколите за оваа проблематика и нивната имплементација, нѐ мапира нас како држава, но и аеродромот, на високо ниво европско па и светско ниво.“, изјави Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност.

Вежбата која опфати сложена вонредна состојба предизвикани од дејствија на незаконско постапување, со потенцијална безбедносна закана, има за цел тест на сите засегнати страни за брза реакција и одговор, медицински тимови, кризни комуникации и протоколи за безбедност и обезбедување, и оценка на ефикасноста на плановите за итни ситуации и вонредни состојби на аеродромот, протоколите за комуникација и координацијата меѓу повеќето учесници.

Оваа редовна целосна вежба за реакција при итни ситуации и вонредни состојби е дел од посветеноста на ТАВ Македонија за почитување на регулаторните барања и континуирано подобрување на стратегиите за управување со кризи. Согледувањата добиени од вежбата ќе се искористат за усовршување на програмите за обука, ажурирање на процедурите за итни ситуации и вонредни состојби, дополнително подобрување на безбедноста и обезбедувањето на патниците и персоналот и зајакнување на соработката и координацијата со Министерството за внатрешни работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Млада Русинка е пронајдена мртва во хотел на Тајланд- Индиец е осомничен за убиството (ФОТО)

Телото на 27-годишна руска државјанка е пронајдено во хотелска соба во тајландското одморалиште Патаја. 

Млада Русинка е пронајдена мртва во хотел на Тајланд- Индиец е осомничен за убиството (ФОТО)

Полицијата се посомневала во индиски државјанин за нејзината смрт, кој, според медиумските извештаи, бил нејзин партнер, пишува руски Комерсант.

Мажот што бил во собата со неа отишол кај персоналот на хотелот и пријавил дека жената починала.

Полициската станица во покраината Чонбури добила пријава за случајот околу 11:30 часот по локално време во петокот. Според досегашните информации, на инцидентот му претходела расправија што избувнала околу 4 часот наутро. Неколку часа подоцна, самиот осомничен ги известил персоналот на хотелот за смртта на Русинката.

Знаци на борба во собата

Истражителите од Тајланд потврдија дека пронашле знаци на борба во собата. Според медиумските извештаи, покрај телото се пронајдени скршено огледало и парчиња стакло, а во собата се видливи и траги од крв.

Истрагата е во тек

Точната причина за смртта сè уште не е утврдена и телото е пренесено на обдукција. Судските експерти работат на случајот. Осомничениот наводно изјавил дека за време на расправијата се случила физичка пресметка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на концертот на Хари Стајлс- жена падна од трибините додека се обидува да се слика (ВИДЕО)

Жена на возраст од 30- тина години беше итно префрлена во болница откако падна од балконот на вториот кат на стадионот „Марвел“ во Мелбурн во саботата навечер, кратко по концертот на британската поп-ѕвезда Хари Стајлс.

Драма на концертот на Хари Стајлс- жена падна од трибините додека се обидува да се слика (ВИДЕО)

Инцидентот се случил откако пејачот ја завршил својата австралиска турнеја „Заедно, заедно“ и ја напуштил сцената, додека поголемиот дел од публиката веќе го напуштал местото на одржување. Според портпаролот на стадионот, жената се качила на ограда на трибината на вториот кат за да се фотографира, но ја изгубила рамнотежата, се лизнала и паднала неколку метри на празните седишта на долниот кат, објави Дејли Меил.

Обезбедувањето веднаш реагирало и го обезбедило местото, а екипи на брза помош и полиција пристигнале на местото на настанот за помалку од десет минути. Повредената жена била однесена во болницата „Алфред“ со повреди на горниот и долниот дел од телото, каде што е згрижена. Управата на стадионот вели дека нејзината состојба е стабилна, дека се очекува целосно закрепнување и дека треба да биде пуштена на домашно лекување во наредните денови.

„Таа падна токму пред мене и мојот партнер додека си одевме. Силно удри со колкот и грбот во столчињата подолу. За среќа, мојот партнер е болничар, па веднаш прегази. Беше свесна, но се грижевме за можни повреди на вратот и ‘рбетот“, рече еден посетител на социјалните мрежи.

Очевидци истакнуваат дека девојките седеле на самата ограда и изгледале нестабилни пред падот.

„Се обидела да ја фати оградата додека паѓала, но не можела. За среќа, никој не седел на столчето на кое паднала. Не врескала ниту плачела, па затоа знаевме дека е сериозно“, изјави еден од присутните обожаватели за локалните медиуми.

Ова е втор несреќен инцидент на настапите на Стајлс во Мелбурн во истиот викенд. Ноќта пред тоа, во петокот, 32-годишниот пејач мораше двапати да го прекине својот концерт на средина од песната за да повика лекари да им помогнат на обожавателите кои биле болни од екстремната топлина, влажност и дехидрација, бидејќи покривот на стадионот бил затворен поради лошото време. И покрај инцидентите, австралискиот дел од турнејата продолжува според планот - Хари Стајлс ќе настапи во Мелбурн на 2 и 4 декември, по што ќе следат два концерта во Сиднеј на 12 и 13 декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Либија поднесе жалби до Обединетите нации поради нападот на Украинците врз Бенгази

Либија поднесе жалба до Обединетите нации поради нападот на украинските вооружени сили врз пристаништето Бенгази, изјави Абд ал-Хади ал-Хуваиџ, министер за надворешни работи на источната либиска влада.

Либија поднесе жалби до Обединетите нации поради нападот на Украинците врз Бенгази

„Премиерот Осама Хамад поднесе официјална жалба до ОН и Советот за безбедност“, рече министерот во интервју за РИА Новости.

Тој нагласи дека либиската влада остро ги осудува нападите врз пристаништето, кои не само што го нарушија нејзиниот суверенитет и претставуваа закана за поморската безбедност, туку резултираа и со смрт и повреди на нејзините граѓани.

Двајца припадници на морнарицата на Либиската национална армија беа убиени во украинскиот напад.

Министерството за надворешни работи побара официјално објаснување од Украина во врска со извештаите за вмешаност на Киев во нападите врз пристаништето.

Ел-Хуваиџ рече дека Либија ќе бара отштета од Киев за нападот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно го коментираше нападот во кој беа убиени двајца припадници на морнарицата на Либиската национална армија, велејќи дека украинските дипломати соработуваат со претставници на други држави кога Киев спроведува операции во меѓународни води или во близина на инфраструктурата на други земји.

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека тврдењата на Зеленски за координацијата на нападот се лажни.

Во петокот, за време на разговорите со италијанската премиерка Џорџија Мелони, Зеленски ја повлече претходната изјава и призна дека нападот на украинските вооружени сили врз пристаништето Бенгази не бил координиран со западните сојузници на Украина.

На 22 ноември, украинските сили употребија седум поморски беспилотни летала за да ја потонат корветата на руската морнарица „Меркур“, уништувајќи го хеликоптерот Ка-27 на него, и го нападнаа рускиот товарен брод „МВ Ангара“, за кој Киев тврдеше дека превезува оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер