Димитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалците
2Димитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалците
Им делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полиција
1Им делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полиција
3„Беше пеколна година“- четворица астронаути излегоа од изолацијата по 378 дена живот како на Марс (ВИДЕО)
МакедонијаТАВ Аеродроми: Двата македонски аеродроми опслужија речиси 2 милиони патници за само половина годинатаВо првите шест месеци од оваа година, двата македонски аеродроми опслужија 1,955,648 патници, што е зголемување од 28% и реализираа 13,167 летови.Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид продолжуваат да бележат силен раст на патничкиот сообраќај и во првата половина од 2026 година. Во периодот од јануари до јуни, двата македонски аеродроми со кои концесионира ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, опслужија вкупно 1.955.648 патници, што претставува раст од 28% во однос на истиот период минатата година. Во истиот период беа реализирани 13.167 летови од двата аеродроми, односно 7,6% повеќе споредено со првите шест месеци од 2025 година. Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6% повеќе патници (374,714) во однос на истиот период лани. „Растот од 28% на бројот на патници во првите шест месеци од 2026 година претставува извонреден резултат и јасна потврда дека македонските аеродроми се наоѓаат на патека на силен и одржлив развој. Во воздухопловната индустрија, двоцифрен раст на патничкиот сообраќај е показател за успешна стратегија, зголемена доверба од патниците и атрактивност како дестинации за авиокомпаниите. Фактот што Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид заедно опслужија речиси два милиона патници за само шест месеци, истовремено бележејќи и раст од 7,6% на бројот на летови е резултат на нашата посветеност за развојот на воздушната поврзаност, континуираното унапредување на услугите и успешната соработка со нашите партнери. Остануваме фокусирани на создавање нови можности за раст, проширување на мрежата на дестинации и обезбедување квалитетно патничко искуство, со цел македонските аеродроми да продолжат да ги надминуваат очекувањата и во наредниот период“ вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Полугодишните статистички податоци на ТАВ Македонија покажуваат дека во првите шест месеци најфрекфентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје е Истанбул (двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 14,2% пазарен удел), а потоа следат Минхен Меминген (4,5%), Базел Милуз (4,4%), Дортмунд (4,1%), Цирих (4%) и Франкфурт (3,9%). Топ-пет земји до кои има најмногу директни летови од Скопје се Германија (28,5% пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Турција (18%), Швајцарија (9,3%), Италија (8,2%) и Шведска (5,8%). Ако се разгледуваат бројките за Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле одделно, скопскиот аеродром има годишен висок пораст за 28,6% и во првите шест месеци годинава преку него се превезени вкупно 1,833,010 патници. Во истиот период, на овој аеродром биле реализирани 12,260 летови што е за 6,5% повеќе споредено со истиот период лани. Додека охридскиот аеродром бележи пораст од високи 18,2% со превезени 122,638 од јануари до јуни. Во овој период, биле реализирани 907 летови што е зголемување за 26%.Тагови: ТАВ Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПродолжува скандалот за доделувањето на Златната топка- организаторите најавуваат тужби Групацијата „Амаури“, сопственик на дневниот весник „Л'Екип“ и списанието „Франс фудбал“, која ја доделува годишната награда „Златна топка“, планира да поднесе формална тужба. Групацијата „Амаури“, сопственик на дневниот весник „Л'Екип“ и списанието „Франс фудбал“, која ја доделува годишната награда „Златна топка“, планира да поднесе формална тужба поради наводите за протекување информации и потенцијално лажно обложување поврзано со победата на Хари Кејн од Англија минатиот вторник, објави АФП. „Интегритетот на „Златната топка“ е апсолутен приоритет“, соопшти групацијата „Амаури“ во соопштение за медиумите испратено до АФП и потврди дека „многу сериозно ги сфаќа наводите за протекување резултати и потенцијално лажно обложување“. Сомнителни облози Финансискиот новински портал „Апсајд“ објави во последните денови дека неколку потенцијално сомнителни облози биле поставени на платформата за обложување „Полимаркет“, која нема лиценца за работа во Франција, пред церемонијата минатиот вторник во Лондон. Според „Апсајд“, само неколку дена пред церемонијата, речиси 265.000 долари биле исплатени преку 12 сметки за кои се верува дека се од исто лице. Редоследот на првите пет кандидати за „Златната топка“ е прецизно предвиден: Хари Кејн, Килијан Мбапе, Ламин Јамал, Родри и Лионел Меси. „Во тек се проверки за да се утврдат фактите и да се утврди кој би можел да биде одговорен“, објави групацијата Амаури.Тагови: Златната топка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДрама на аеродромот во Тиват: Руски милијардер е задржан пред летот за Белград Рускиот милијардер Константин Иванович Струков, кој е на меѓународните листи со санкции, бил запрен на аеродромот во Тиват додека се обидувал да ја напушти Црна Гора, дознава Вијести од неколку независни извори.Според Вијести, надлежните органи покренале постапка за издавање одлука со која му се забранува влез во земјата. Откако неговиот лет за Белград бил одложен, Струков, откако дал изјава пред службениците на Секторот за гранична полиција, ја напуштил Црна Гора. „Одлуката за забрана ќе му биде доставена на домашната адреса подоцна“, ѝ било кажано на Вијести. Струков е еден од најпознатите руски милијардери во рударството и сопственик на компанијата „Јужуралзолото“, еден од најголемите производители на злато во Русија. Според меѓународната база на податоци OpenSanctions, неговото име е во евиденцијата на неколку јурисдикции кои вовеле санкции. Санкции му воведоа Соединетите Американски Држави (САД), Европската Унија (ЕУ), Обединетото Кралство, Швајцарија, Украина, Јапонија, Канада, Австралија и Нов Зеланд. Неговото име е наведено и во регистрите на санкции на Монако, Франција и Белгија, а некои од овие записи се однесуваат на спроведувањето на режимот на санкции на Европската Унија. Во украинскиот државен регистар се наведува дека Струков е сопственик на компанијата „Јужуралзолото“, како и на рудник за јаглен, и го поврзува со економски структури од стратешко значење за Русија. Инвестиција во Луштица: Хотел со пет ѕвезди или приватен комплекс? Инвестицијата на Струков во заливот Добра Лука, во областа Луштица, во рамките на месноста Кочишта-Бргули, во општина Херцег Нови, привлекува особено внимание. Според јавно достапната документација од општина Херцег Нови, Константин Струков бил наведен како раководител на проектот за изградба на туристичкиот центар Т1, чиј централен објект требало да биде петѕвездениот хотел Добра Лука, со придружни објекти, уште во 2018 година. Ова е проект на исклучително привлечна локација, веднаш до морскиот брег, за кој се спроведени процедурите за добивање на потребните одобренија и подготовка на техничка документација. Според достапните информации, Струков претходно го купил земјиштето од „Навигатор Фајнанс“ ДОО. Наводната вредност на трансакцијата била 5,4 милиони евра, заедно со правата од претходно стекнатата градежна документација. Сепак, посебно прашање е дали вистинската намена на комплексот е во согласност со неговата официјално презентирана туристичка функција. Според достапните информации, постои сомневање дека хотелот со пет ѕвездички служел како формална рамка за изградба на комплекс што во пракса би можел да се користи како приватна луксузна резиденција.Тагови: руски милијардер тиват Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотИм делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полицијаДеца во германските покраини Тирингија и Рајнска област-Пфалц откриле метални иглички и магнети во своите бомбони собрани на Ноќта на вештерките, но за среќа никој не е повреден, објавија германските медиуми.Полицијата го истражува случајот како обид за тежок напад, објави германскиот весник „Билд“. Во Винчигероде, Тирингија, деца откриле метални иглички во своите бомбони додека ги одвиткувале, а полицијата верува дека игличките биле намерно поставени таму за да ги повредат децата. Сè уште не е јасно кој ги дистрибуирал бомбоните со опасните предмети. Слична ситуација се случила во Опенхајм, Рајнска област-Пфалц, на Ноќта на вештерките. #Halloween-Horror im Süßigkeitenbeutel! Kinder in #Thüringen und Rheinland-Pfalz entdeckten #Metallnadeln und Magnete in ihren gesammelten Naschereien. Zum Glück wurde niemand verletzt. Die Polizei ermittelt. Was gibt's eigentlich für Arschlöcher. #unfassbar 🔗 https://t.co/oOkWzoYVqa — GoscheUff (@GoscheUff) November 1, 2026 Деветгодишно момче подетално ги погледнало своите бомбони и открило два мали магнети, секој со дијаметар од околу два милиметри, на бомбоните. Неговата мајка била предупредена од објава на Инстаграм и го замолила својот син да ги провери бомбоните пред да ги јаде. Полицијата сега се обидува да открие кој стои зад овие опасни наоди за Ноќта на вештерките, бидејќи сè уште не е јасно од кои домови потекнуваат бомбоните. Затоа, на родителите им се препорачува почесто да ги проверуваат слатките на своите деца. Слични шокантни откритија се случиле и претходно. Во 2025 година, мајка во Кил пронашла бричеви меѓу бонбоните за Ноќта на вештерките на своите деца, се сеќава Билд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00