Таткото на Сара и Тина, кои загинаа во Нови Сад: Ми нема помош, не можам да ја опишам болката - Канал 5

Таткото на Сара и Тина, кои загинаа во Нови Сад: Ми нема помош, не можам да ја опишам болката

Најтажната вест за трагедијата на железничката станица во Нови Сад утрово ја соопштил нивниот дедо Бранко Матиќ од Лозница, кој синоќа бил информиран дека неговите внуки Сара (5) и Тина (9) загинале во уривање на конструкцијата.

Таткото на Сара и Тина, кои загинаа во Нови Сад: Ми нема помош, не можам да ја опишам болката

Таткото на девојчето, Ѓорѓе Фириќ, е уништен од болката, објави српска Република.

„Јас сум татко на Сара и Тина, немам зборови да ја опишам оваа тага и болка“, изјави Фириќ за „Република“.

Сестрите од Нови Сад, Тина (9) и Сара (5) не го преживеаја падот на настрешницата вчера на железничката станица во Нови Сад.

Ѓорѓе Фириќ, кој од болка и тага едвај зборуваше, изјави дека семејството се подготвувало за најлошото, а од трагедијата што го снајде не знае да зборува.

-Јас сум таткото на Сара и Тина, немам зборови да ја опишам оваа тага и болка. Се чувствувам ужасно, немоќно. Ова се моите ќерки, не можам да се воздржам. Не знам ни како стојам на нозе - рече Ѓорѓе, а потоа продолжи со разговорот:

-Ако ме разбирате, во моментов не можам да зборувам за трагедијата, моите ќерки ги нема. Немам сила, ако ми верувате. Само нека помине ова малку, па ќе ви кажам сѐ. Да ви кажам право, јас сум во хаос. Не знам ни што да ви кажам сега, да бидам искрен немам повеќе зборови.

Во невидена трагедија што се случи при уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, загинаа 14 лица, а тројца се повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финишира изградбата на клучката кај Момин поток – ќе биде пуштена во употреба до крајот на годината

Клучката кај Момин поток влегува во завршна фаза, а пуштањето во употреба е најавено до крајот на годината.

Финишира изградбата на клучката кај Момин поток – ќе биде пуштена во употреба до крајот на годината

Градежните активности се реализирани околу 75%, а новата сообраќајна врска треба да придонесе за намалување на гужвите и побезбедно одвивање на сообраќајот.

Увид во градежните активности денеска извршија градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски и премиeрот Христијан Мицкоски, при што беше најавено дека Владата ќе продолжи со поддршка на општинските проекти.

За клучката кај Момин поток обезбедени се 60 милиони денари од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата

Денеска се навршуваат точно 63 години од најмрачното утро во историјата на главниот град, кога во 5 часот и 17 минути, силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен според Рихтеровата скала го разурна Скопје. 

Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата

За само неколку секунди, градот се претвори во урнатини.Катастрофата однесе 1.070 човечки животи, а над 3.000 граѓани беа повредени. Повеќе од 200 илјади скопјани во една секунда останаа без покрив над глава. Часовникот на Старата железничка станица, кој тогаш засекогаш запре, денес стои како нем сведок на трагедијата што го сопре времето, но и на болката која и по повеќе од шест децении не избледува кај постарите генерации.од пепелта на трагедијата се роди приказната за невидена хуманост. Скопје стана Град на солидарноста. 87 нации од целиот свет, подадоа рака. Помошта во лекови, храна, тимови за спасување и монтажни куќи почна да пристигнува од сите меридијани, испраќајќи порака дека човечноста нема граници.

По земјотресот, почна масовната обнова. Полскиот урбанист Адолф Циборовски учествувал и ја надгледувал обновата на градот по препорака на Обединетите Нации. Во негова чест во Старата чаршија денска беше откриена спомен плоча а на церемонијата директно од Полска допатува неговата внука Јулија.

Според визијата на јапонскиот архитект Кензо Танге, Скопје подоцна се трансформираше во модерен град на иднината. Утрината на гробишптата во Бутел во спомен на загинатите од земјотресот беше положено свежо цвеќе... Дел од граѓаните и денеска имаат силни емоции на оваа тема.

Сепак постземјотресно Скопје има посилни градби а од 2014 сите градби законски мора да се и сеизмички отпочни вели поранешниот дирекр на ИЗИС Михаил Гаревски.

Централниот дел од културната манифестација е предвидена за вечерва, кога во Музејот на Град Скопје ќе бидат отворени две мултимедијални изложби.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Упсени се осум дилери на дрога во текот на изминатото деноноќие

Лишени од слобода осум лица на територијата на целата држава во текот на изминатото деноноќие, при преглед кај нив е пронајдена дрога.

Упсени се осум дилери на дрога во текот на изминатото деноноќие

На 25/26.07.2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19), М.О.(26), сите од Скопје, В.М.(35) од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана.

На 26.07.2026 во 01:45 часот во с. Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.И.(21) и О.М (18), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана. Тие биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер