Татко збеснал кога видел што јаде неговиот син на училиште

Кога синот на 47- годишниот Дејвид Рутерфорд почнал да му се жали на храната во училишната менза, таткото не му придавал големо значење.

Но , кога на социјалните мрежи видел како зигледа оброкот што го јадат децата , заедно со неговито син , му забранил да јаде на училиште. Набргу на фотографиите од оброкот реагирале и другите родители во британското средно училиште Блергоури во местото Пертшајр.

,,Ја изгубивме целата доверба дека училиштето ќе ги нахрани нашите деца. Отсега ќе им подготвуваме храна за да си ја донесат или ќе се вратат дома за ручек. Ужасно е. Сега разбираме зошто децата сакаат да јадат по пекари. Ова е навистина одвратно. Ако ми донесат вакво нешто во ресторан, веднаш би го вратил. Не можам да дозволам син ми да го јаде ова “, изјави Дејвид за британските медиуми.

Наскоро, фотографии од училишни оброци од истото училиште ги објавија и другите родители. Меѓу нив имаше прикажано сендвич од мала тесто и едно стапче риба, како и оној со мало парче шунка и лажица свежо сирење.

"Тие служат оброк што не би го дале ниту на куче. Работата е, таква храна се дава цело време", изјави друга мајка.

Училишната компанија за производство на храна се извини за големината и изгледот на хамбургерите, но истакна дека „тоа се мисиркини , а не говедски, така што бледата боја на месото е нормална“.

Бразилка ќе оди во затвор, зашто на познат пејач за еден месец му испратила 8.000 писма

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

Но, тоа не е сѐ, Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

- Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим“, изјави извор близок до Стајлс.

Нејзе ѝ е забрането да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. 

Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

Портокалова велосипедска тура, изложба на карикатури и холандски пазар на Деновите на Холандија

По повод националниот ден на Холандија – Денот на Кралот, Амбасадата заедно со своите партнери го отвори второто издание на „Денови на Холандија“ во Ист Гејт Мол во Скопје. 

Амбасадорот Дирк Јан Коп и извршниот директор на Ист Гејт Мол Игор Давков ги пречекаа посетителите со посебно искуство кое вклучуваше портокалова велосипедска тура, изложба на декорирани велосипеди, филмови во виртуелна реалност и холандски пазар.

Настанот започна со симболична портокалова велосипедска тура и изложба на велосипеди декорирани од средношколци од Скопје во организација на Гоу грин – Биди зелен. Покрај автентичните холандски производи во понудата на холандскиот пазар беа вклучени и локални продукти произведени со холандска технологија.

Во рамките на отворањето амбасадорот Коп ги објави и победниците на регионалниот натпревар за карикатури организиран од холандското Министерство за надворешни работи и организацијата Картун мувмент. Независно жири составено од претставници од сите шест држави од Западен Балкан ја додели првата награда на Душан Перишиќ од Србија а втората награда на Арменд Ајредини од Македонија.

Холандскиот пазар ќе биде отворен овој викенд (19-21 април) од 12:00 до 18:00 часот. Изложбата на карикатури може да се посети до крајот на април.

притисни ентер