Татко од пеколот: Барал бебето да живее од сончева светлост, ѝ забранил на мајката да го дои - Канал 5

Татко од пеколот: Барал бебето да живее од сончева светлост, ѝ забранил на мајката да го дои

На таткото од Русија, кој ја предизвикал смртта на новородениот син тврдејќи дека наместо храна и млеко треба да живее од сончева светлина, му е зголемена затворската казна.

Татко од пеколот: Барал бебето да живее од сончева светлост, ѝ забранил на мајката да го дои

Максим Лутиј (44) и неговата девојка Оксана Миронова (34) не го хранеле својот син Космос, кој починал од воспаление на белите дробови и последиците од негрижата кога имал помалку од еден месец.

На таткото, кој е зад решетки, му е зголемена затворската казна од осум на 10 години, пишува Дејли мејл.

Редовно го земал детето од мајката и го поливал со ладна вода, за да го „зацврсти “ бебето.

„Малото тело не можеше да го издржи малтретирањето: се разви исцрпеност и се појавија проблеми со дишењето. Но и во ваква состојба детето не беше однесено на лекар“, пренесуваат медиумите во Русија.

Лутиј намерно му нанесувал сериозни физички повреди на Космос со тоа што инсистирал бебето „главно да се храни со сончева светлина“, соопшти судот во Сочи.

Минатата недела пред судот ја признал вината, откако претходно се обидел да ја обвини Миронова, која веќе била осудена на две години поправна работа.

На судот претходно му било кажано дека Максим сакал да го воспитува новороденчето на прана - диета во која луѓето долго време остануваат без храна или вода и „се хранат со сонце“.

Тој ѝ забранил на мајката да го дои бебето и бил опишан како „радикален фанатик за сирова храна“.

„Сакаше да експериментира со детето, да го храни само со сонце, а потоа да им рекламира на другите дека може така да се јаде“, вели еден извор.

Оксана се породила дома, откако Максим ѝ забранил да се породи во болница.

На крајот решиле запуштеното бебе да го однесат кај лекарите, но медицинскиот персонал не можел да стори ништо за да го спаси ужасно неухранетото бебе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот на Брач ​​сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓе

Пожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.

Пожарот на Брач ​​сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓе

Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад.

Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач ​​утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс.

Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух.

Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач ​​на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на полицијата за унапредување на безбедноста на граѓаните

Денеска (13.09.2026), полициски службеници од СВР Тетово и СВР Битола спроведоа превентивни активности насочени кон подигнување на свеста кај граѓаните за одговорно однесување и почитување на безбедносните правила.

Превентивни активности на полицијата за унапредување на безбедноста на граѓаните

Полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово, на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, на наплатните рампи Желино и Тетово, спроведоа превентивна активност под мотото „Стави појас – вози одговорно“.

Преку делење едукативни летоци, возачите и сопатниците беа потсетени дека користењето на сигурносниот појас е пред сè за нивна лична безбедност и значително влијае врз последиците од евентуални сообраќајни незгоди. Воедно, беа информирани и за прекршочните одредби со кои се предвидува санкционирање за некористење сигурносен појас.

Во исто време, полициски службеници од СВР Битола, во содејство со Шумската полиција, спроведоа превентивни активности на подрачјето на Општина Могила и во селата Будаково, Трап и Ношпал, насочени кон превенција и заштита од пожари.

На граѓаните им беше укажано на опасностите од несовесно однесување и предизвикување пожари, како и на потребата од зголемена внимателност при престој во шумски и земјоделски подрачја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер