Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се сервисираат - скоро 1,5 милијарди евра доспеваат за враќање во 2027 година
2Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се сервисираат - скоро 1,5 милијарди евра доспеваат за враќање во 2027 година
3Андоновски: Во октомври промоција на матични услуги- личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
ЖивотТатко ја оставил ќеркичката во прегреан автомобил и отишол да си игра игрички, детето починалоДевојчето Паркер Солтес (2) било пронајдено без свест во вжештениот автомобил на нејзиниот татко, кој ја оставил таму бидејќи не сакал да ја разбуди.Малото заспало додека се возела со татко ѝ, а тој ја оставил во колата за да си дреме, но заборавил дека кога ќе се исклучи моторот, во автомобилот ќе стане неподносливо жешко бидејќи клима уредот ќе престане да работи. Термометарот покажал 42,7 степени Целзиусови откако малото девојче било пронајдено речиси мртво во теренецот. Веднаш била пренесена во болница, но набрзо починала. Ден по несреќата во обдукцискиот извештај е наведено дека смртта настапила поради високата температура во возилото. Овој трагичен настан најпрвин бил снимен како несреќен случај, но потоа бил променет. Два часа подоцна, откако било пронајдено девојчето, уапсен е таткото Кристофер Солтес (37), кој си играл игри на Sony додека неговата ќерка умирала во вжештената кола. Полициската истрага открила дека 37-годишен маж ја оставил својата заспана ќерка во џип по шопинг и на 9 јули, додека климата во автомобилот работела. На распитот рекол дека не сакал да ја разбуди, но дека потоа заборавил на неа. Тој дури сфатил дека ја нема кога неговата сопруга дошла дома, што било предоцна. Автомобилот имал можност за одложено исклучување, што значи дека моторот работел 30 минути, но потоа се гасел, а со тоа и климата. Според полицијата, ова не е прво невнимание на таткото. Двете постари ќерки изјавија дека нивниот татко редовно ги оставал сами во автомобилот додека бил зафатен со играње игри. По смртта на нивното најмало дете, неговата сопруга, која работи како анестезиолог на клиника, му испратила потресна порака. "Ти реков да не ја оставаш во кола, колку пати сум ти го кажал тоа. Ја изгубивме, беше совршена", му напишала сопругата, пренесува azcentral.com. Кристоф Солтес е ослободен од обвинението за убиство од небрежност и злоупотреба на деца.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаЈавна презентација на Нацрт ДУП-от за Барутана на ВодноЗа Нацрт ДУП-от за Барутана на Водно денеска во Општината Центар се одржа јавна презентација..од шанса за центар стравуваат дека ако планот помине ќе се сечат 9000 квадрати шума и зеленило.. Стручните служби на Општина Центар денес пред граѓаните и советниците го презентираа Нацрт-деталниот урбанистички план „Барутана“, со кој на падините на Водно се предвидуваат нови објекти за домување, старечки дом и верски објект, на простор за кој дел од присутните предупредуваат дека е под влијание на ерозивни процеси. На јавната презентација се отворија повеќе прашања – што точно ќе се гради, колку новата градба дополнително ќе ја оптовари населбата и дали решенијата вцртани во урбанистичкиот план воопшто можат безбедно да се реализираат на стрмниот терен. Граѓанската иницијатива и советничката група „Шанса за Центар“ покренаа петиција за повлекување на Нацрт-деталниот урбанистички план за локалитетот Барутана на Водно, со барање да се преиспитаат предвидените нови градби во овој дел од планината. Од иницијативата предупредуваат дека планираната изградба на десетици објекти на стрмниот и пошумен дел на Водно може да има негативно влијание врз природната средина, но и врз безбедноста и квалитетот на животот на жителите на Центар. „Самото отсуство на градоначалникот зборува многу, дека тој нема доволно храброст да се соочи со своите граѓани. Станува збор за небезбеден план, план што бара инфраструктура на 75 проценти стрмност. План за кој ДЗС не дава стручно мислење за ерозија и свлечиште на земјиштето. Кој ќе ја сноси одговорноста ако тој план, кој петпати ги надминува параметрите на ГУП, го доведе во ризик животот на населението?“ Од стручните служби, пак, посочија дека просторот кај „Барутана“ не се планира за првпат, туку дека станува збор за плански континуитет. Со ДУП-от се опфатени околу 50 градежни парцели, а максималната висина на објектите е приземје и два ката. Полицискиот објект останува, а предвидени се и верски објект и старечки дом. Планот предвидува и инфраструктурни зафати– резервоари, пумпна станица, трафостаници и нови канали кои, според планерите, треба да помогнат во заштитата од горноводњанските порои. Предвиден е и заштитен појас. Граѓаните посочија и дека во планот има вцртани улици за кои сметаат дека тешко или воопшто не можат да се реализираат на ваков терен. Забелешки имаа и за состојбата со зеленилото и дрвјата, но и за досегашното урбанистичко уредување на населбата. „Одговорност има, но градоначалникот го нема. Кој ќе поднесе одговорност со овој план и со сите други активности со кои се уништува квалитетот на живот?“ Последниот збор, сепак, сè уште не е ставен на хартија. Граѓаните во рамките на јавната анкета можат да достават забелешки и приговори, по што ќе се види дали ДУП-от ќе остане во презентираната форма или ќе претрпи измени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се сервисираат - скоро 1,5 милијарди евра доспеваат за враќање во 2027 година Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување средства за финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година.Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување средства за финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра. Министерката посочи дека информацијата за новата еврообврзница сè уште не е разгледана на седница на Владата, но дека Министерството за финансии мора навремено да се подготви за обврските што достасуваат во 2027 година. „Долгот што опозицијата го остави за 2027 година е скоро една и пол милијарда евра. Тоа се долгови кои тие ги имаат направено и ние треба да ги вратиме. Легитимно е дека мора навремено да се организираме, да обезбедиме средства за да ги вратиме старите долгови. Не можеме да го занемариме фактот дека скоро една и пол милијарда евра треба да вратиме стари долгови“, рече Димитриеска-Кочоска. Таа нагласи дека токму оние што до 2024 година раководеле со институциите треба добро да знаат какви обврски оставиле за отплата во наредните години. Оттука, оцени министерката, неосновано е денес да се критикува обезбедувањето средства за сервисирање на долгови кои биле создадени претходно. Покрај овие обврски, во 2027 година достасуваат и државни записи со рок од 12 месеци во износ од околу 1,1 милијарда евра. Истовремено, согласно Фискалната стратегија, за 2027 година е предвиден буџетски дефицит од 3,5% од БДП, кој исто така треба да се финансира. Димитриеска-Кочоска потенцираше дека при оценувањето на задолжувањето не може да се зема предвид само износот што државата го позајмува, а намерно да се занемарува износот на долгот што истовремено се отплаќа. Таквото собирање на секое ново позајмување и негово претставување како целосно нов долг, без да се прикажат обврските што со тие средства се отплаќаат или рефинансираат, не ја дава реалната слика за движењето на јавниот долг. Новото задолжување што се користи за отплата или рефинансирање на постојни обврски не значи дека јавниот долг автоматски се зголемува за целиот позајмен износ. Како пример, министерката посочи дека истото важи и при рефинансирање кредит кај домаќинствата – ако се земе нов кредит за да се отплати постоечки, долгот не се зголемува за целиот износ на новиот кредит, бидејќи истовремено се отплаќа старата обврска. Министерката истакна дека Министерството за финансии транспарентно ги објавува податоците за јавниот долг и дека навременото планирање на изворите на финансирање е неопходно за редовно и непречено сервисирање на обврските на државата. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаАндоновски: Во октомври промоција на матични услуги- личната карта и возачката дозвола на мобилен телефонЛичната карта и возачката дозвола ќе бидат сместени во мобилните телефони.. Личната карта и возачката дозвола наскоро би можеле да ги носиме во телефонот. Новата мобилна апликација м.Услуги ќе биде промовирана во октомври, најави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вчерашното гостување на Канал 5. Со апликацијата м.Услуги, граѓаните ќе имаат можност на едно место да ги користат своите лични документи во дигитална форма, но и да пристапуваат до електронските услуги на институциите. Идејата е административните постапки да бидат поедноставни, побрзи и подостапни, без потреба од одење на шалтер – туку директно преку мобилниот телефон. Бројот на достапни електронски услуги од 120 се зголемил на 350, кажа Андоновски. Сепак, вели, целта е оваа бројка дополнително да расте и да достигне меѓу 500 и 600 услуги, со крајна амбиција секоја услуга што ја нуди администрацијата да биде достапна и електронски. Во однос на „Роаминг како дома“, последните информации што ги сподели Андновски се дека веќе е номиниран главен преговарач, чие назначување е прифатено од Европската Унија. Наскоро се очекува да почнат преговорите, а очекувањата се „Роаминг како дома“ да стане реалност за македонските граѓани најдоцна до почетокот на летото 2027 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook