Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
КултураТатарчевски: „Охридско лето" во моментов е светлина за уметностаВонвременската духовна музика изведена со најсложениот инструмент-човечкиот глас вчеравечер одекна во предворјето на катедралната црква „Света Софија". Професионалниот хор „Про Арс" одржа концерт со духовни композиции во рамките на фестивалската програма на „Охридско лето". Шеесетминутниот концерт на хористите кои настапија под диригентско раководство на маестро Сашо Татарчевски беше награден со бурни овации од страна на публиката, пред сѐ, заради извонредната изведба на духовните дела, а потоа и заради воспоставениот флуид и позитивната енергија која доаѓаше до слушателите. Репертоарот опфати духовни композиции од домашни и странски автори, кои иако не беа изведени во акустичен простор, сепак, прозвучија исто како да се изведени во таков амбиент. Ова, според диригентот Сашо Татарчевски, не е ни малку лесна задача, но како што вели, целокупната ситуација предизвикана од здравствената пандемија ги навела уметниците да истражуваат како да се прилагодат на новонастанатата состојба, а сепак, да останат професионални во своето работење. -Поради пандемијата моравме да се обидеме да најдеме нови начини на работа и да бидеме многу ефективни со краткото време што го имавме за да ги споиме заедно композициите. Програмата не е мала за да се испее на отворено и тоа е дополнителниот напор што треба да се вложи бидејќи сите композиции мора да се пеат за една динамика плус, за воопшто да носи звукот во просторот надвор, во предворјето на „Света Софија". Знаете, духовната музика е пишувана за акустични цркви, но морам да кажам дека сум многу задоволен од концертот и од тоа како издржаа моите хористи бидејќи навистина е напорно да се исполни тешка програма во ваков простор, вели Татарчевски. Ова, како што додава тој, е ново искуство што ќе им служи на уметниците и во иднина, за да имаат ефективност во работата. -Бевме приморани да истражуваме и да учиме нови работи. Истражувавме на колкаво растојание да се пее, колку треба да сме оддалечени во длабина, како да ги правиме пробите, првпат почнавме да размислуваме како треба да сработиме онлајн концерт на професионален хор, како сето тоа да се спои само со две-три заеднички средби и слично. Многу сме благодарни на организаторите од фестивалот, и морам да нагласам дека „Охридско лето" во моментов е светлина за уметноста, појаснува Татарчевски. Професионалниот хор „Про Арс" е формиран пред девет години и обединува млади, мотивирани и вокално образувани хорски уметници. -Недостатокот на ваков ансамбл не даваше можност да авторите, особено на нашите, да се изведат многу нивни композиции, тоа беше првичната идеја поради која го формирав хорот, но потоа секако го проширивме нашиот репертоар. Веќе имаме 50-тина први изведби во Македонија, не само на македонски автори, туку и композиции на странски автори коишто никогаш не зазвучиле кај нас со ваков хор, додава диригентот и основач на „Про Арс", Сашо Татарчевски. Музичката програма на фестивалот „Охридско лето" продолжува вечерва со концерт на една од најистакнатите македонски пијанистки Марија Ѓошевска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаОбвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак. При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки. Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот. Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот. Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките. Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаБританска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција. Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан. Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси. Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година. Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра. Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите. Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра. „Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.Тагови: банка вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег Израел ѝ нареди на својата војска да се подготви за целосно блокирање на Западниот Брег по нападот во кој беа повредени пет Израелци.Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека им наредила на безбедносните сили да го блокираат Хеброн и да бидат подготвени целосно да ја затворат целата палестинска територија. Наредбите дојдоа откако израелската војска соопшти дека убила двајца вооружени лица и спречила „терористички напад“ во кој биле повредени неколку лица. Војската соопшти дека вооружените лица носеле пушка М16 и пиштол. Не е јасно кој бил целта на наводниот напад, а идентитетот на убиените и повредените сè уште не е потврден.Тагови: Западниот Брег Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05