МакедонијаТашовски: Учеството во финалето да го завршиме со титулаМакедонскиот репрезентативец во редовите на ТФТ Виктор Ташовски игра во одлична форма.Македонскиот репрезентативец во редовите на ТФТ Виктор Ташовски игра во одлична форма, а покрај добрите настапи за својот клуб во АБА 2 лигата со тројката во последната секунда донесе победа за својата екипа и во саботното дерби од домашното првенство со МЗТ Скопје Аеродром. Но, време за одмор за играчите на ТФТ нема бидејќи утре ги очекува првиот дуел од финалето од АБА 2 лигата со екипата на Широки на гостински терен. Тимот на Широки регуларниот дел заврши како првопласирана. - Не очекува тешко гостување како дел од финалната серија. Широки е одлична екипа и игра добра кошарка. Ќе дадеме се од себе учеството во финалето да го завршиме со титула и со пласман во АБА лигата. Очекувам интересно и возбудливо финале и нека победи подобриот, изјави Ташовски. Тренерот Боро Смилковски успешно ги води своите играчи на двата фронта. - Потребна ни е голема концентрација и внимание и на најситните детали, особено во дефанзивна транзиција и да не му дозволиме лесни поени на противникот. Добрите игри и резултати ја креваат самодовербата во ова финале. Ќе го дадеме нашиот максимум во обид да дојдеме до позитивен резултат, истакна Смилковски. Натпреварот Широки – ТФТ се игра во среда со почеток во 20:30 часот. Во натпреварот од регуларниот дел од сезоната Широки на домашен терен победи со 85:72.Тагови: Ташовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗголемена фреквенција на возила на ГП БогородицаНа останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица, времето на чекање е 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта. На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока. РАБОТИ НА ПАТ: Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МетеоДенес сончево со мала локална облачностВремето денес ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 11. јули 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 11. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете снаодливи како што знаете вие . Од својата фантазија ќе извлечете одговор на секое прашање на партнерот. Кариера Со задоволстов ќе одите на работа зашто таму ќе наоѓате различни скриени теми , идеи и замисли за кои другите не се свесни. Здравје и совет Добро ќе си поминувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата најдрага личност денеска веројатно со непримерен потег или говор ќе навреди член на вашето семејство. Бидете дипломат. Кариера На кратко службено патување ќе сфатите дека треба понекогаш да прифатите она што другите ви го предлагаат, како и ризикот што оди со тоа. Здравје и совет Верувајте и на својата интуиција. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот , така ќе сфаќате дека некои особено драги лица се вознемируваат. Прифатете ги зашто чувството за немир е преодно. Кариера Со добра финансиска поткрепа денеска би можеле да сдефинирате декл од работите со странство. Здравје и совет Се навраќате на сеќавањата , не дозволувајте да ве обземат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Продолжувате да делите среќа и задоволство на сите околу себе. Доколку сте уште сами , излезете меѓу луѓе , па макар само до најблискиот маркет. Кариера Со радост ќе приведете една работа кон крајот , свесни дека добро сте работеле и уште подобро сте се справиле со предизвиците. Здравје и совет Уживајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се покаже дека вашата најдрага личност има инвентивни идеи. Ќе ги прифатите и така ќе си ја освежите врската. Кариера Во моментов од ништо не се плашите . Подготвени сте за секаква соработка и ги надминувате озборувањата и нестабилностите на денот. Здравје и совет Одете во природа Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат вистинско лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат на кафе. Кариера Премногу размислувате како соработувате со другите и тоа ќе ви го одземе драгоценото време. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нивото на вашата самодоверба ќе биде големо , а шансите за дружење се отворени. Многу осамени денеска запознаваат нови лица. Кариера Некои од вашите надредени денеска би можел да застане на пат на вашите уметнички идеи. Здравје и совет Одете до крај и не запирајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе продолжите да нижете едно подруго љубовни успеси. Оние во врска блескаат , а осамените с еполни со надеж и излегуваат. Кариера Повремено ќе ви паѓа на памет мала и безначајна анализа , што остана недовршена поради непристигнати информации. Но и тоа ќе се реши со време. Здравје и совет Имате право на краток одмор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Врска што ја почнувате ,ветува. Бидете искрени и отворени како што само вие знаете. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Освен малку замор , ништо нема да ве загрижува во врска со вашата работа. Добро ќе соработувате и ќе го направите она што е потребно. Здравје и совет Потребно ви е вежбање во теретана. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку ви се пристири дека ви недостига страст во личните односи , само препуштете му се на партнерот. Тој тоа ќе го надомести. Кариера Ќе с еобидете да се соберете и јасно да ги искажете своите намери. Тоа ќе биде чекор напред во расчистување на една работа. Здравје и совет Движете се повеќе , јадете помалку. Бик 21.4- 20.5. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе гледате дека работите се повеќе си доаѓаат на своето место. Тоа ќе ве израдува. Кариера Претсдтои многу добар развој на настаните поврзани со со странски фирми и партнери од други земји. Здравје и совет Здравјето ви е стабилно и добро. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Усогласувањето со партнерот ќе биде успешно , а за се ќе придонесат и вашите драги пријатели. Кариера Освен мала збунетост поврзана со вашиот шеф , ништо особено нема да ве загрижува поврзано со работата. Здравје и совет Посилни сте од многумина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38