Тасевски: ССКЛ има право и овластување да организира штрајк - Канал 5

Тасевски: ССКЛ има право и овластување да организира штрајк

Според законот се предвидува дека кој било синдикат вертикално, дали е тоа синдикат на работодавачи,  синдикат на гранка или сојузот на синдикати има право да организира штрајк.

Тасевски: ССКЛ има право и овластување да организира штрајк

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) има право да организира штрајк и за тоа има овластувања од гранковиот синдикат, а постапката за организирање на штрајкот најавен за 20. месецов што беше забранет со судско решение на барање на раководството на М-НАВ, е спроведена како што треба, за што има и соодветна документација, изјави денеска Александар Тасевски, претседател на М-НАВ.

Тасевски ги оцени како паушални тврдењата што претходно денеска ги изнесе правниот застапник на М-НАВ Горан Николоски дека се издржани и законски аргументите со кои Основниот граѓански суд го забрани штрајкот што го најави овој синдикат на 20. месецов.

Николоски рече дека „Судот правилно утврдил оти известувањето за штрајк не содржи барање за заштита на права од работен однос, дека не е спроведена постапка за заштита од работен однос и оти ССКЛ како подружница на Независниот синдикат за сообраќај и врски нема правен легитимитет да организира, реализира и спроведува штрајкови“.

- Според законот се предвидува дека кој било синдикат вертикално, дали е тоа синдикат на работодавачи, синдикат на гранка или сојузот на синдикати има право да организира штрајк. Од тој аспект и ние имаме комплетно право. Во спротивно ниту еден синдикат во државава нема да може да повика на штрајк бидејќи со Законот за работни односи од 2014 година на сите синдикати им го земаа правниот легитимитет и ставија обврска да мора да бидеме дел од некоја гранка за да постоиме. Тоа го направија уште тогаш тенденциозно за да можат да влијаат врз работењето на синдикалните организации на ниво на работодавач, рече Тасевски, посочувајќи дека ССКЛ има овластување од гранката за преговори за колективи договори, застапување на вработените и организирање штрајкови. И директорите на М-НАВ, потенцираше, во комуникацијата се обраќаат на ССКЛ.

За тврдењето на адвокатот Николоски дека во известувањето за штрајкот не се наведени барања и оти го организира од лични интереси, упати на претходно споделените документи за сите случувања околу штрајкот којшто овој Синдикат првпат го најави во 2023 година кога и беше потпишана Спогодба со којашто се стави во мирување, но поради неисполнување на точките повторно беше најавуван во неколку наврати.

Во дел од известувањето за последниот најавен штрајк на 20. октомври Тасевски рече дека пишува оти се бара спроведување на сите преостанати точките од Спогодбата. Тие, вели, многу добро знаат што е спроведено а што не. Од сите девет точки, три се реализирани, а шест не, рече Тасевски.

Прашан дали ако повторно одат на штрајк во следното известување ќе бидат наведени барањата за заштита од работен однос и постапката за помирување, Тасевски рече дека не може да ги наведа затаа што во тој случај ќе треба да почне нова.

- Не можам да почнам постапка што е веќе констатирана од помирувач од листа на помирувачи од Министерството за труд и социјална политика, рече Тасевски, посочувајќи дека директорите можат да ги најдат сите документи.

Претседателот на ССКЛ како аргумент на запазената постапка за штрајкот наведе и дека по упадот во М-НАВ во јануари 2024 година кога беше наложено да се провери работењето на Контролата на летање Трудовиот инспекторат тогаш извршил увид и во ССКЛ и, како што рече, констатирал дека постапката е целосно запазена и оти нема никакви правни пречки.

ССКЛ бара почитување на Спогодбата потпишана по најавата за штрајк во 2023 година и состанокот во Министерството за транспорт од 12 октомври. Клучни барања на ССКЛ се ангажирање консултантска фирма којашто професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието, вработување на стручни, а не, како што тврдат, партиски кадри на конкурсите за кои бараа поништување, како и подобри услови за работа.

Минатата недела ССКЛМ најави дека ќе ја обжали одлуката на Граѓанскиот суд со времена мерка за забрана на штрајкот, што овој Синдикат требаше да го реализира завчера, како и дека ќе побараат предметот повторно да биде вратен на рочиште за да ја изложат својата одбрана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“ – фирмите можат неограничено да ги користат новите приливи.

НБРМ: Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на натамошно проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од денес, 25 ноември, правните лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во Банката, доколку средствата се пренесени од платежни сметки на клиенти отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека фирмите ќе можат без ограничување на износот да ги користат дополнително примените средства врз оваа основа.

Потсетуваме дека и физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Оваа можност се однесува на новите приливи врз сите основи, вклучувајќи ги и новите приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми коишто имаат сметки во други банки и даватели на платежни услуги. Во таа смисла, клиентите на Банката немаат потреба од отворање платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе може да располагаат со пристигнатите приливи врз овие основи во целосен износ, со користење електронско или мобилно банкарство, користење платежна картичка или подигање готовина преку отворените шалтери на Банката.

Продолжуваат со работа филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица, Тетово и Прилеп, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“, каде што клиентите можат да подигнуваат готовина во рамките на утврдените ограничувања и да вршат уплати за комунални услуги, отплата на кредити и други потреби.

Клиентите можат да ги користат и услугите на електронското и мобилното банкарство, при што важат лимитите до 15.000 денари неделно за клиентите со платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите без платежни картички. Лимитите се однесуваат збирно на сите сметки на клиентот и на сите канали за плаќање и повлекување средства.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за олеснување на пристапот на клиентите до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула Фон Дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со лидерите на шесте земји од Западен Балкан.

ЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

На средбата се поканети претставници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ.

Главни теми ќе бидат забрзувањето на европската интеграција, реформите и регионалната безбедност.ќе се разговара за постепено вклучување на регионот во единствениот европски пазар.Планот за раст предвидува до шест милијарди евра помош за реформи и инвестиции.Посебен акцент ќе биде ставен на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На дневен ред ќе бидат и одбраната, сајбер-безбедноста и справувањето со странското влијание.

Брисел ќе инсистира на усогласување на надворешните политики на земјите од регионот со политиката на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните  на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот.

Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер