Таравари за Канал 5: Со премиерот ќе разговараме деновиве по моето одвојување од „Вреди“ - Канал 5

Таравари за Канал 5: Со премиерот ќе разговараме деновиве по моето одвојување од „Вреди“

Таравари за Канал 5 вели дека неговото партнерство со другите три партии завршило.

Таравари

И дефинитивно излезе од коалицијата Вреди, но останува во Владата – Арбен Таравари за Канал 5 вели дека неговото партнерство со другите три партии завршило, а дали тоа ќе повлече некакви други промени во однос на неговото учество во власта, најави дека деновиве ќе разговара со премиерот Мицкоски. За евентуална соработка со политичките ривали на Вреди, ДУИ, тој нема прецизен одговор, но според неговиот доскорешен партнер Касами, неговите планови нема да ги пореметат математиките на владиното мнозинство.

„ Секако во новите околности ние ќе побараме од премиерот да го разгледаме договорот како коалициј. Другиот дел останува да се дискутира, како би продолжил понатаму форматот на Владата, но ние како ВРЕДИ секако дека ќе бараме за да седнеме и разговараме уште еднаш за нашите позиции во Влада. “ - Биљал Касами – претседател на БЕСА

Дека Владата е стабилна тврдат и од партијата ЗНАМ, но сметаат дека на Таравари местото веќе не му е во Владата. За оваа тема уште синоќа разговарале на извршен одбор на партијата.

„ Секој што има преговори зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ, за движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во кое учествува ЗНАМ. Превирањата во ВРЕДИ не се закана за владејачкото мнозинство, во моментов коалицијата функционира тековно и без никакви застои. “ - Никола Мемов – портпарол на ЗНАМ

Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи оценува дека по потегот на Таравари, владините коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ, трите партии од Вреди и ЗНАМ сега треба да седнат на маса и да пресечат, без да чекаат да дојдат локалните избори наесен.

„ Очигледно нешто го предомислиле него. Така што излегувањето од коалицијата Вреди и неговата изјава дека ќе оди со сите партии, односно ќе соработува во вториот круг тоа покажува дека е незрел политички. Ако тој продолжи во Владата, а потоа по локалните избори коалицира со ДУИ, огаш тоа ќе биде спротивно на целта на Владите кои владата ги има како проекти кои треба да ги спроведува во нашата држава. “ - Љуљзим Фаризи – политички аналитичар

Одлуката за настап на локалните избори со свои листи, Таравари ја донесе завчера, а за истата тема вчера се состанаа и лидерите на останатите три партии од Вреди. Според нив Таравари се самоисклучил од коалицијата, но се уште немаат јасен став дали ќе бараат тој да биде отстранет и од Владата.

Од Владата за Канал5 велат дека во овие моменти одлуките треба да се носат со ладна глава, но тврдат дека и мнозинството и Владата се стабилни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп им забрани на три медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен, пристап до Белата куќа поради „континуирано ширење лажни вести“

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека им забранил пристап до Белата куќа на телевизиските мрежи Си-Eн-Eн и Ем-Ес Нау и на порталот Политико.

Трамп им забрани на три медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен, пристап до Белата куќа поради „континуирано ширење лажни вести“

Трамп на „Трут соушл“ објави дека веднаш им го забранува на овие медиуми пристапот до Белата куќа поради нивното континуирано ширење лажни вести.

-Медиумите не смеат постојано да пишуваат лаги кога известуваат за претседателот на САД, за администрацијата на Трамп или за Соединетите американски држави. Ова ќе следи и за други медиуми што шират лажни вести, напиша Трамп, чија одлука отвора нов спор меѓу неговата администрацијата и медиумите, покренувајќи прашања во врска со заштитата на слободата на печатот, загарантирана со првиот амандман на уставот на САД.

Откако се врати во Белата куќа, Трамп презеде и правни дејствија против други медиумски организации, вклучувајќи ги „Њујорк Тајмс“, „Вол Стрит“ и „Би-Би-Си“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата

Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата, а струјата ја увезува, токму тој.

СДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата

Арамијата од Вашингтон повторно ја промени бајката.

До вчера дата-центрите беа иднина без последици.

Граѓаните рекоа: вода. Сега вели: затворен круг, воздушно ладење, фреон.

Кој зборувал за вода и бучава, не се разбирал во технологија.

Се разбира. Физиката не е кампања.

Серверите прават топлина. Топлината мора да излезе. Ако не излезе со вода што испарува, излегува со вентилатори, клими и компресори. Тоа "јаде" струја.

Воздухот ја пренесува топлината лошо. Затоа воздушното ладење кај ваквите објекти одзема и до третина од целата електрична енергија на салата. Фреонот е голема клима.

Значи, пари на броило. Бучава околу објектот. Водата може да се тргне од приказната. Сметката не.

Првата варијанта веќе беше скапа струја за самиот центар. Сега, со „новата“ технологија што ја продава како спас, ладењето станува уште "пожедно" на киловати електрична енергија.

Водата е помалку загрозена. Граѓанинот е повеќе загрозен.

Во земја што увезува струја, во кој ЕСМ е во загуба, која се задолжува секоја недела, секој нов мегават за туѓ сервер влегува во цената на домаќинствата.

А кој тргува со струја знаеме. Мицкоски. И партнерот Душан Адамовиќ, почесен конзул на Македонија во Србија, човек што Македонија ја нарекува окупирана српска територија.

Омилен бизнис на арамијата: увоз, разлика, провизија.

Дата-центарот е нова станица на истата мрежа.

Разговори со пет-шест фирми. Имиња под радар. Договор без бројки. Гаранција на камера.

Не може да избега од лагата, затоа што зад секоја лага стои криминал и корупција.

Прво ја скри водата. Сега ја крие струјата.

Америка носи закон да ги заштити домаќинствата од сметките на серверите. Тој дава интервју каде вели - кој прашува на темата е од 19 век.

СДСМ бара видлив проект на маса: колку мегавати, каков систем, која цена, кој ја плаќа разликата кога ЕСМ нема. Без тоа сето ова не е технологија. Туку е увоз, облечен во фреон.

Водата ја тргнаа од соопштението. Струјата ја оставија на народот. Провизијата кај арамијата.

СДСМ не е против дигитализација. Дата-центрите што ги увезува Мицкоски се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предупредување во Полска: Воена авијација во состојба на готовност

Полска денеска започна превентивни операции на воената авијација и го подигна степенот на готовност на системите за противвоздушна одбрана и на радарите за извидување поради нападите со руски беспилотни летала врз Украина.

Предупредување во Полска: Воена авијација во состојба на готовност

Полска денеска започна превентивни операции на воената авијација и го подигна степенот на готовност на системите за противвоздушна одбрана и на радарите за извидување поради нападите со руски беспилотни летала врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Како што е соопштено, преземени се мерки за заштита на полскиот воздушен простор, особено во областите што се граничат со зоните погодени од нападите. Активирани се потребните сили и средства, а системите за противвоздушна одбрана и радарско извидување се ставени во состојба на готовност.

Одлуката на Варшава уследи неколку дена откако руско беспилотно летало се урна на само четири километри од полската граница, погодувајќи бензинска пумпа на територијата на Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер