Таравари со свои советнички листи на локалните избори, „Вреди“ го повика членството на Алијанса - Канал 5

Таравари со свои советнички листи на локалните избори, „Вреди“ го повика членството на Алијанса

Таравари се самоисклучи, изјави попладнево по средбата на коалициските партнери Изет Меџити.. 

Таравари со свои советнички листи на локалните избори, „Вреди“ го повика членството на Алијанса

Не го исклучивме Таравари од „Вреди“, тој се самоисклучи. Коалицијата ќе настапи заеднички на претстојните локални избори, но без Алијансата за Албанците на Арбен Таравари, одлучија коалициските, Меџити, Касами и Ибраими на вонреден откако неговата партија Алијанса за Албанците синоќа одлучи на изборите да излезат со нивни советнички листи.

Изет Меџити на прес-конеференција по средбата го обвини Таравари за тајна соработка со ДУИ за разединување на коалицијта.

- Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи, изјави предмалку Изет Меџити. Вели, не било тајна дека Арбен преговарал со ДУИ. Не е тајна дека Таравари преговарал со Ахмети, за разединување на коалицијата. Оценуваме дека одлуката на Таравари не се базира на ставовите на базата и анкетите, туку е во интерес на ДУИ. И покрај тоа, одлучивме да настапиме со заеднички листи за советници и градоначалници. Ние му понудивме на Таравари 35 отсто, не му беше доволно, веќе има склучен договор со ДУИ и на некој начин е самоисклучен, нагласи Меџити.

Како сето ова ќе се одрази врз функционирањето на владината коалиција и дали лидерите на Вреди ќе бараат од премиерот Мицкоски повлекување на Таравари од министерсткото место, Меџити не одговори конкретно, но посочи дека за тоа допрва ќе одлучуваат.

Таравари, пак, и натаму се смета за дел од Вреди, но и денеска ја потврди одлуката да одат со посебни советнички листи, за што останатите лидери, според него, биле информирани уште од лани. Како ќе настапат за кандидати за градоначалници, сè уште нема одлука. Ваквиот потег на неговата партија не го гледа како причина ниту да ја напуштат Владата, а остава отворена врата за соработка и со опонентското крило на Села доколку сакаат да се врата по неговата партија.

Ваквиот епилог следи по бројните превирања во Вреди изминатиов период откако Таравари пред неколку недели за првпат јавно проговори дека има несогласувања во коалицијата и и упати критики за начинот на кој ВЛЕН функционира во Владата, оценувајќи го со многу недостатоци. Пред неколку денови лидерската четворка имаше обид на средба да „ги испеглаат разликите“, но очигледно безуспешно.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп им забрани на три медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен, пристап до Белата куќа поради „континуирано ширење лажни вести“

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека им забранил пристап до Белата куќа на телевизиските мрежи Си-Eн-Eн и Ем-Ес Нау и на порталот Политико.

Трамп им забрани на три медиуми, меѓу кои и Си-Ен-Ен, пристап до Белата куќа поради „континуирано ширење лажни вести“

Трамп на „Трут соушл“ објави дека веднаш им го забранува на овие медиуми пристапот до Белата куќа поради нивното континуирано ширење лажни вести.

-Медиумите не смеат постојано да пишуваат лаги кога известуваат за претседателот на САД, за администрацијата на Трамп или за Соединетите американски држави. Ова ќе следи и за други медиуми што шират лажни вести, напиша Трамп, чија одлука отвора нов спор меѓу неговата администрацијата и медиумите, покренувајќи прашања во врска со заштитата на слободата на печатот, загарантирана со првиот амандман на уставот на САД.

Откако се врати во Белата куќа, Трамп презеде и правни дејствија против други медиумски организации, вклучувајќи ги „Њујорк Тајмс“, „Вол Стрит“ и „Би-Би-Си“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата

Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата, а струјата ја увезува, токму тој.

СДСМ: Нова манипулација на Мицкоски, дата-центарот нема да ја "пие" водата туку струјата

Арамијата од Вашингтон повторно ја промени бајката.

До вчера дата-центрите беа иднина без последици.

Граѓаните рекоа: вода. Сега вели: затворен круг, воздушно ладење, фреон.

Кој зборувал за вода и бучава, не се разбирал во технологија.

Се разбира. Физиката не е кампања.

Серверите прават топлина. Топлината мора да излезе. Ако не излезе со вода што испарува, излегува со вентилатори, клими и компресори. Тоа "јаде" струја.

Воздухот ја пренесува топлината лошо. Затоа воздушното ладење кај ваквите објекти одзема и до третина од целата електрична енергија на салата. Фреонот е голема клима.

Значи, пари на броило. Бучава околу објектот. Водата може да се тргне од приказната. Сметката не.

Првата варијанта веќе беше скапа струја за самиот центар. Сега, со „новата“ технологија што ја продава како спас, ладењето станува уште "пожедно" на киловати електрична енергија.

Водата е помалку загрозена. Граѓанинот е повеќе загрозен.

Во земја што увезува струја, во кој ЕСМ е во загуба, која се задолжува секоја недела, секој нов мегават за туѓ сервер влегува во цената на домаќинствата.

А кој тргува со струја знаеме. Мицкоски. И партнерот Душан Адамовиќ, почесен конзул на Македонија во Србија, човек што Македонија ја нарекува окупирана српска територија.

Омилен бизнис на арамијата: увоз, разлика, провизија.

Дата-центарот е нова станица на истата мрежа.

Разговори со пет-шест фирми. Имиња под радар. Договор без бројки. Гаранција на камера.

Не може да избега од лагата, затоа што зад секоја лага стои криминал и корупција.

Прво ја скри водата. Сега ја крие струјата.

Америка носи закон да ги заштити домаќинствата од сметките на серверите. Тој дава интервју каде вели - кој прашува на темата е од 19 век.

СДСМ бара видлив проект на маса: колку мегавати, каков систем, која цена, кој ја плаќа разликата кога ЕСМ нема. Без тоа сето ова не е технологија. Туку е увоз, облечен во фреон.

Водата ја тргнаа од соопштението. Струјата ја оставија на народот. Провизијата кај арамијата.

СДСМ не е против дигитализација. Дата-центрите што ги увезува Мицкоски се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предупредување во Полска: Воена авијација во состојба на готовност

Полска денеска започна превентивни операции на воената авијација и го подигна степенот на готовност на системите за противвоздушна одбрана и на радарите за извидување поради нападите со руски беспилотни летала врз Украина.

Предупредување во Полска: Воена авијација во состојба на готовност

Полска денеска започна превентивни операции на воената авијација и го подигна степенот на готовност на системите за противвоздушна одбрана и на радарите за извидување поради нападите со руски беспилотни летала врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Како што е соопштено, преземени се мерки за заштита на полскиот воздушен простор, особено во областите што се граничат со зоните погодени од нападите. Активирани се потребните сили и средства, а системите за противвоздушна одбрана и радарско извидување се ставени во состојба на готовност.

Одлуката на Варшава уследи неколку дена откако руско беспилотно летало се урна на само четири километри од полската граница, погодувајќи бензинска пумпа на територијата на Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер