3Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
ЗдравјеТаравари: Невозможно е за 8 месеци од македонското здравство да направите норвешко или шведскоНаследивме девастирано и комплетно дегенерирано здравство и нормално е дека е невозможно со магично стапче за 7 до 8 месеци од македонско здравство да направите норвешко или шведско здравство, изјави министерот Арбен Таравари.Наследивме девастирано и комплетно дегенерирано здравство и нормално е дека е невозможно со магично стапче за 7 до 8 месеци од македонско здравство да направите норвешко или шведско здравство, изјави министерот Арбен Таравари во Неделното интервју за Радио Слободна Европа. Во изминатите месеци, како што вели, прават сѐ според можностите да се подобрат состојбите, спомнувајќи дека е потпишан колективниот договор со медицинскиот кадар и медицинскиот персонал. -Покачени се платите на докторите за 5 отсто минатата година, од 1 ноември, и во март треба уште 5 отсто повторно, додека за медицинските сестри е покачена до 17 отсто платата. Ова е една од работите што е направена, рече Таравари. За најавеното вработување на 600 приватни специјализанти, вели дека болниците може набргу сами да објават конкурси и да ги вработат. Соопшти дека 300 ќе бидат вработени до крајот на март, 300 други до крајот на декември 2025. -Имено 1200, односно 1180 средномедицински кадар, генерално, коишто беа договорци по пет, 10 и повеќе години, исто така, до крајот на март, треба на сите овие да им се даде решение во здравствените установи. Меѓутоа, чекаме заедно со специјализантите и овие да бидат третирани, посочи министерот во интервјуто. Наскоро тој очекува ГОБ „8 Септември“ да стане регионална болница и дека интензивно се работи на подготвување на целата документација. Како што рече, не само „8 Септември“, регионални болници ќе станат и клиничките болници во Тетово, Штип и во Битола. -Идејата е и „8 Септември“ да се дисперзира и идејата е цела Онкологија да функционира слично на Трансфузиологија. Значи, институтот, односно Клиниката за онкологија и радиотерапија да биде одговорна за сите центри, и во „8 Септември“, и во Битола, и во Штип, и во Тетово. Така би функционирало најдобро, под ист чадор да се сите, како што функционира и Трансфузиологија одамна во Македонија. Ваквата организираност на Клиниката за онкологија со филијали во овие градови би било најфункционално. Ќе видиме, времето ќе покаже дали ќе функционират или нема да функционираат, изјави Таравари. Во интервјуто за РСЕ министерот за здравство одговара и на прашања за наталожените долгови на болниците и за нивната рационализација. Во врска со долговите смета дека треба да се најде решение, а едно од можните решенија, вели, „можеби и кога ќе ја направиме Стратегијата да размислиме да почнеме од почеток“. Во однос на потребата од рационализирање на болниците, Таравари одговори дека „имаме луксузно здравство во моментот“ затоа што во два блиски града работат болници што даваат исти услуги за пациентите. - Невозможно е во Струга и во Охрид, кои што се седум километри еден од друг, овие два града да имаме седум болници. Невозможно е Тетово и Гостивар, коишто се 25 километри, односно 20 минути патување со кола или 30 минути, да имаат две огромни болници во кои ќе се третираат и педијатрија, и ортопедија, и хирургија, и гинекологија. И вакви повеќе болници низ државата, во градови, коишто се на 20-30 км, а имаат две огромни болници. Ние мора долгорочно да размислуваме, додава Таравари во интервјуто за Радио Слободна Европа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЃорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
СветГерманците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервистиГерманската влада одобри нацрт-закон за задолжително повикување на воени резервисти на обука, дел од плановите за зголемување на бројот на војници и воените капацитети на Германија за одбрана од можна руска агресија.Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус постојано предупредува дека Германија мора да биде подготвена за војна и мора да ја подобри својата способност за брзо мобилизирање на силите во случај на голем конфликт на европско тло. Тој потврди дека германското Министерство за одбрана верува дека потпирањето на доброволно учество во армијата повеќе не е доволно со оглед на безбедносната ситуација во Европа. Се очекува Бундестагот да го разгледа нацрт-законот по летниот одмор, а министерството очекува законот да стапи на сила на почетокот на следната година. Извор: Б92Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизираОбилните врнежи кои попладнево го зафатија главниот град предизвикаа низа штети, а најкритично беше во општините Кисела Вода, Аеродорм и Гази Баба. Сосотојбата е веќе стабилизирана, има поплавени подруми, но сообраќајниците и подвозниците се веќе проодни, информираше градоначалникот на Град Скопје во изјава за Канал 5. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЃорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаБиљал Касами во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува копретседателот на Вреди и градоначалник на Тетово, Биљал Касами.Владата се реконструира, коалицијата се прошири, Вреди добија министерство плус, сработеното или политичките калкулации, што беше пресудно за новитетите? Се подготвува ли терен за предвремени избори? Какви имиња ќе добијат улиците во Тетово по одлуката на Уставен? Во која насока се придвижува блокираната евроинтеграција по самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват? Се реализираат ли реформите со очекувано темпо? Колку Влен ги оправда очекувањата на Албанците и ја донесе промената што ја ветија? Дали наместо соочување со одговорност, ДУИ ќе се врати на бел коњ? Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува , Биљал Касами, веднаш по централните вести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЃорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54