Таравари нема да се кандидира за Гостивар, втор мандат ќе бара актуелниот градоначалник Ваљбон Лимани - Канал 5

Таравари нема да се кандидира за Гостивар, втор мандат ќе бара актуелниот градоначалник Ваљбон Лимани

Алијанса за Албанците на Арбен Таравари ги објави четворицата кандидати со кои ќе трча на локалните избори наесен. 

Таравари нема да се кандидира за Гостивар, втор мандат ќе бара актуелниот градоначалник Ваљбон Лимани

Иако се очекуваше неговото име да се најде прво на листата како кандидат за Гостивар, сепак партиското раководство синоќа одлучило актуелниот градоначалник од Алијанса Ваљбон Лимани повторно да ја бара довербата од Гостиварци за прв човек на градот.

Во трката за градоначалник на општина Сарај, Алијанса го кандидира партискиот генерален секретар Блерант Рамадани. За општина Теарце, кандидат ќе биде Назим Таипи, актуелен претседател на собранието на партијата. Во Врапчиште, пак, партијата му ја дала довербата на Исен Шабани како кандидат за градоначалник.

Крилото на Алијанса на Таравари на овие избори ќе настапи како дел од Европскиот фронт предводен од ДУИ. Таму се уште траат партиските анализи за конечната листа на кандидати. Досега официјална е кандидатурата од интегративците на Бујар Османи за скопски Чаир, а веќе е извесно дека тој најжестоката битка ќе ја бие со вицепремиерот Изет Меџити од Вреди.

Неизвесно е дали и лидерот на второто крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој е исто така дел од Фронтот ќе влезе во трката за прв човек на Струга. Тој засега ниту потврдува, ниту демантира, а конечната одлука за кандидатите ќе ја носат на состанок на партиското раководство за неколку денови.

И додека партиите ги финализираат листите, продолжува сагата на независните иницијативи. Откако дел од нив беа принудени да формираат политичка партија за да можат да учествуваат на избори поради високиот праг за кандидирање кој беше изгласан во Собранието, сега процесот го усложнува и Основниот граѓански суд Скопје кој не им ги признава електронски извадените државјанства при собирање потписи за регистрирање партија, и бара печатени документи извадени лично од Управата за водење матични книги. Според Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“ ова е уште една тенденција за независните да бидат турнати настрана од изборниот процес.

-Ако сите државни институции ги прифаќаат документите коишто се издаваат електронски, за којшто се наплаќа за да се издадат електронски и според министерството се овластени дека се прифатливи за државните институции нема никаква логика судот сега да вели, супер е тоа ама ние ќе се водиме по некој друга регулатива кадешто ќе бараме да ни доставуваат физички документи, посебно не во 2025 година, изјави Јовановски за Канал 5.

Согласно упатството на Министерството за дигитална трансформација документите извадени по електронски пат имаат важност на оригинали и не подлежат на верификација, но образложението од судот е дека при регистрација на политичка партија, судот секогаш се води од Законот за политички партии според кој потребни се оригинали или фотокопии од уверенијата за државјанство на основачите заверени кај нотар.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Чудо од Англија: Тиква тешка речиси 1.300 кг

Чудо на нива во Англија. Ако мислите дека сте виделе сè во градинарството, оваа глетка од Англија може целосно да ве разубеди.

Видео: Чудо од Англија: Тиква тешка речиси 1.300 кг

Британецот Јан Патон повторно го собори својот личен светски рекорд одгледувајќи огромна тиква тешка неверојатни 2.856,8 фунти, што изнесува речиси 1.295 килограми.

Како што пренесува „БроБајбл“ (BroBible), овој џин, кој тој го нарече „Багира“, го надмина неговиот минатогодишен рекорд за речиси 18 килограми.

Колку труд е потребен за да се одгледа ваква џиновска тиква?

Одгледувањето на таков џин воопшто не е едноставна задача. Според информациите што Јан Патон ги сподели со „Би-би-си њуз“ (BBC News), на тиквата ѝ биле потребни дури шест часа интензивна нега секој ден, а „пиела“ околу 130 галони вода дневно.

Зачудувачки е фактот дека тиквите со оваа големина, во фазата на најбрз раст, можат да добијат и до 22 килограми тежина за само 24 часа. Иако со години учествувал на овие натпревари заедно со својот брат близнак Стјуарт, оваа година Јан одлучи да настапи самостојно и победи.

Откако официјално беше потврдено дека е најтешка во светот, „Багира“ е изложена на фармата „Санифилдс“ во близина на Саутемптон.

https://www.instagram.com/p/DeEui7Pqsqs/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again

Сепак, судбината на овој рекордер е веќе запечатена. По завршувањето на изложбата, тиквата ќе биде исечена и искористена како храна за крави. Тиквите се сметаат за високохранливи, што ги прави идеален оброк за добитокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Линекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“

Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.

Линекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“

Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година.

Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот.

„Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер.

Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор.

„Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата.

„Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Амал Клуни блесна во златен фустан

Сопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.

Фото: Амал Клуни блесна во златен фустан

Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација.

Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации.

Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих.

Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер