Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат
1Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат
3Европа бара место во преговорите за Украина, дипломатските разговори продолжуваат во Москва и Даблин
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаТаравари: Не преговараме со ДУИ, имаме две опции или во коалиција со Вреди или самиМинистерот за здравство и лидер на дел од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска изјави дека не е точно дека преговараат со ДУИ и дека како политички субјект на претстојните локални избори имаат две опции.Министерот за здравство и лидер на дел од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска изјави дека не е точно дека преговараат со ДУИ и дека како политички субјект на претстојните локални избори имаат две опции - едната е да продолжат во рамки на коалицијата Вреди, а другата е да излезат од коалицијата и да настапат сами. Таравари за утре најави Централно претседателство на партијата што ја предводи, на кое, како што рече, ќе заземат став како ќе продолжат понатаму. Вели во партијата се прават одредени анализи и анкети кои покажуваат дека во одредени општини би имале добар резултат и доколку настапат сами. -Така што тука е изборот меѓу овие две опции. Нема трета опција, одговори Таравари денеска на новинарско прашање во однос на барањето на лидерите од партиите во рамки на коалицијата Вреди да одбере страна. На Централно претседателство на партијата, како што посочи, сака да ги слушне ставовите, пред да биде донесена одлука. - Аналитичкиот центар на АА има направено одредени анкети, ќе ги презентира и ќе треба да донесеме заедничка одлука како да се настапи, додаде Таравари и појасни дека добро котираат во Гостивар, Врапчиште, Боговиње, Теарце, Сарај, Липково... -Не мислиме дека ќе победиме, меѓутоа мислиме дека може да направиме добар резултат, меѓутоа ајде да видиме. На крај, граѓаните одлучуваат, нагласи Таравари. За последната изјава на лидерот Беса, Биљал Касами дека најголем губитник ќе биде оној, кој ќе излезе од коалицијата Вреди, како и дека за него ќе важи народната поговорка: „Тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот“, Таравари не сакаше да коментира. Рече тоа е став на Касами и оти смета дека избрзува кога дава изјави. - За Биљал Касами не би сакал да коментирам. Тоа е негов став. Јас мислам дека избрзува кога дава изјави. Меѓутоа тоа е негова работа. Утре имаме Централно претседателство на АА и ќе одлучиме како продолжуваме понатаму, додаде Таравари. За тоа што се договориле на состанокот во петокот, Таравари рече дека постојано се во комуникација и дека изминатие три-четири дена се сретнале неколку пати со останатите претседатели на партиите од Вреди. Коалицијата Влен во петокот одржа состанок во Скопје на којшто лидерите на дел од Алијанса за Албанците Арбен Таравари, Демократското движење Изет Меџити, на Беса Биљал Касами и на Алтернатива Зеќирија Ибраими разговараа за состојбата внатре во коалицијата и за претстојните локални избори. Ќоку во петокот изјави дека средбата на лидерите била во пријателски и колективен дух. Тој потенцираше дека коалицијата продолжува заеднички, а останува да се договорат само детали за листите за градоначалници и советници во општините пред Локалните избори. -Разговаравме за следните избори, за следните средби. Тоа беше во сосема пријателски и колективен дух. Детално ќе разговараме за тоа во кои општини ќе одиме заедно. Така што, ова беше уште една позитивна средба во духот на соработката. Апсолутно, ние сме заедно, продолжуваме заеднички и останува да се разговара само за деталите и за тоа како ќе се поделат општините. Не се согласуваме на најдобар можен начин, но, во секој политички субјект тоа се случува, и кај поединечни партии, рече Ќоку. Тагови: ВРЕДИ Таравари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗдравјеЗа првпат отворена стоматолошка ординација за деца со посебни потребиСо нов апарат видео ларингоскоп што претставува побезбедна интубација на децата кои се со аутизам и со деца со посебни потреби е обезбедена новата ординација за деца со посебни потребни на Клиниката за стоматологија. Директортката на клиниката Николоска објаснува дека со новите услови им се помага на децата без проблеми и болки да имаат интеревенции на стоматолог. Министерот Клековски посочи дека за здрави заби е потребна во сите установи да има општа анестезија, а барања за отворање на ординации за деца со посебни потреби има и во други градови. Министерот за здравство посочи дека во клиниката има многу новини и нова опрема обезебедена од страна на министерството за здравство и фондот за здравство во вредност од 40 милиони денари и учество на општествено одговорни компании. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваатПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во КочаниПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во Кочани, туку само добиле усна наредба дека треба да вршат службени активности во Кочани. Ова денеска пред судот го изјави сведокот Даниел Василевски, полициски началник од Пробиштип, на рочиштето против 13 полициски службеници, обвинети дека не постапиле согласно акцискиот план при извршена контрола во дискотеката Пулс. Според зборовите на Василевски, полицајците од Пробиштип, однапред не биле воопшто запознати што ги очекува во Кочани, туку само ги следеле наредбите на службените лица од Кочани -Полицајците од Пробиштип пред упатувањето на работните задачи во Кочани не беа запознати со безбедносните ризици со кои можат да се сретнат таму, ниту пак беа запознати со планот за справување со ризици, бидејќи со таков план ОВР Пробиштип не располагаше. Планот за тоа како ќе се постапува таа вечер го имаа во ОВР Кочани и нашите полициски службеници инструкциите за постапување ги добија дури по доаѓањето во Кочани, - Сведок Даниел Василевски, полициски началник од ОВР Пробиштип. Според родителите на жртвите во Пулс пак, неразбирливо е како полициски службеници од Пробиштип добиле усна, а не писмена наредба за контроли во Кафулиња во Кочани. - Денес слушаме дека полициските службеници од Пробиштип не биле информирани за целта и точките на акциската контрола. Дали е професионално да се спроведува акција без соодветна информираност и координација на службите? Кој требало да знае, кој требало да постапи и кој ја презел одговорноста?- изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова. Судењето против 13 полициски службеници за непостапување при извршување на службените активности во дискотеката Пулс во Кочани, се наоѓа во доказна постапка, а по испитување на сите сведоци на одбраната, ќе се изведуваат и материјалните докази. Во пожарот на 15 март лани по активирање на пиротехнучки средства за време на настап на групата ДНК во дискотеката Пулс во Кочани, загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПукотница во близина на Белата куќа- петмина застрелани, напаѓачот во бегство (ВИДЕО)Пет лица се ранети во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. Полицијата започна голема операција, а според најновите информации, напаѓачот се забарикадирал во теретана во близина на Логан Серкл, објави NBC Washington. Пет лица се ранети во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. Полицијата започна голема операција, а според најновите информации, напаѓачот се забарикадирал во теретана во близина на Логан Серкл, објави NBC Washington. NBC News, повикувајќи се на двајца високи полициски службеници запознаени со случајот, објави дека напаѓачот се забарикадирал во теретаната. Полициската интервенција е сè уште во тек. Полицијата ги предупредува граѓаните да ја избегнуваат областа Вашингтонската полиција издаде итно предупредување до граѓаните да ја избегнуваат областа околу раскрсницата на 15-та улица и улицата П во северозападниот дел на градот. „КРИТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Полицијата е на местото на активно пукање во областа на 15-та улица и улицата П. Тим за итни интервенции на полицијата е на местото на настанот. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЈА ОБЛАСТА“, соопшти полицијата. Полицијата ги блокираше околните улици и им советуваше на жителите да го избегнуваат блокот 1500 на 15-та улица, каде што е блокиран поголемиот дел од станбената зграда. Сите блиски училишта се во блокада додека полицијата истражува. Агенти од федералното Биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) исто така им помагаат на локалните органи за спроведување на законот. Жител: „Слушнав околу пет истрели“ Жител на блиската зграда, Рајан Дубики, рече дека слушнал околу пет гласни тресоци од неговиот стан околу 8 часот наутро по локално време. „Беа доста раздалечени, па помислив дека е градба“, рече тој. The ACTIVE SHOOTER in Washington DC has barricaded himself inside of an apartment on the seventh floor on the 1500 block of 15th Street NW, where a BARRICADE has been officially declared by MPD’s ERT. Several shots have just been fired AT POLICE through the door, causing SWAT officers to have to temporarily retreat and reposition themselves. The shooter had also been walking around intentionally setting fires across several different locations along Church Street NW and 15th Street NW. DC Police have put a lookout for a ‘White male, heavy built, wearing gray shorts with a gray and black gun.’ US Secret Service are also investigating the report of shots fired near 12th Street and R Street NW, however that is unfounded so far. https://t.co/xHDpAUA2fW — The DC MD VA Live (@TheDMVLive) November 12, 2026 Набргу потоа, рече тој, „полицајците беа насекаде“. Неговата станбена зграда потоа испрати предупредување до жителите за можен активен стрелец. Точните локации сè уште се утврдуваат Портпаролката на полицијата, Никол Динер, потврди дека инцидентот се случил во поширока област. „Пукањето се случило во населбата Логан Серкл, но точните локации сè уште не се потврдени“, рече таа. Според објавата на профилот на социјалните мрежи X, The DC MD VA Live, напаѓачот се забарикадирал во стан на седмиот кат од зградата на 15-та улица и наводно пукал кон полицајците низ вратата. Во истиот извештај се тврди дека напаѓачот подметнал пожари на повеќе локации. Оваа информација сè уште не е независно потврдена.Тагови: Белата куќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook