Во писмено соопштение од Министерството за здравство го потврдија нејзиното разрешување, а за нова директорка е назначена Катерина Бошковска.
Проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа е новиот директор на Клиниката за респираторни болести Козле. Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија и во последните пет години има објавено голем број научни трудови. Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска.-Министерство за здравство .
Министерот за здравство во петокот во изјава за медиумите потврди дека ќе ги разгледа позициите на неколку директори во здравствените установи меѓу кои и менаџирањето на Симоновска.
Вчера директорката на клиниката Козле во писмено соопштение до медиумите со печат од болницата прати писмена изјава во која бара да не и се споменува името во медиуми, бидејќи ќе ги преземе сите законски мерки во секој обид на манипулација или неовластена употреба на нејзиниото име и презиме.
Ваквата изјава предизвика големи критики од јавноста но и од страна на Здружението на новинари и синдикатот на новинари, дека ова е директна закана врз работата на новинарите. Засега нема потврда дали оваа изјава на директорката била плус во неколкуте причини за нејзиното разрешување.
Во петокот во министерството исто така беше и сопругот на избрканата докторка од работа кој го праша Таравари дали има правда за докторката која сакала да помогне при спасување на живот на дете.
Во Клиниката Козле неколку месеци има проблем помеѓу директорката и вработените во делот на преместување на доктори од оддели и добивање на отказни решенија.
Министерот Таравари моментално е во посета на Вашингтон каде објави фотографија дека има состанок со директори на тамошни болници.