2Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог
МакедонијаТаравари идната недела на нова средба со Мицкоски, ќе му биде ли последна како министер?Ќе му биде ли следната средба со премиерот Мицкоски, и последна на Арбен Таравари како министер во Владата? Тој денеска на средба со новинари потврди дека нов состанок ќе имаат најверојатно уште во понеделник, но повтори дека нема да ја промени одлуката за самостоен настап на Алијанса за Албанците на локалните избори, дури и по цена да треба да ја напушти Владата.. - Подобро ми е да имам пет градочалнички места околу две министерски. Очекувам следната недела да имаме уште една средба со премиерот Мицкоски за отворените прашања, но останувам на ставот за свои советнички листи на локалните избори, кажа Таравари. Клучната дилема е како евентуалното излегување на Таравари од власта ќе се одрази врз парламентарното мнозинство и позицијата на пратеничката група, неговите 5 пратеници од Алијанса тврдат дека му остануваат лојални нему и нивното расположение не се променило. Пратеникот Халил Снопче, кој се уште се води како координатор на пратеничката група на ВРЕДИ, за Канал 5 изјави дека пратениците од крилото на Таравари ја поддржуваат секоја одлука што консензуално ќе ја донесе Централното претседателство на партијата. -Во овој момент ние имаме одлука само за самостоен настап за советничките листи. Оваа одлука веќе е поддржана и од страна на пратениците. Секоја одлука за градоначалниците убеден сум дека повторно ќе застанеме консензуално, без оглед на личните мислења, изјави Снопче за Канал 5. По првата средба на Мицкоски и Таравари, од Владата кажаа дека конечната одлука ќе биде донесена до крајот на месецот, а директорот на СОЗР и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Томовски во вчерашното „Само интервју“ беше дециден дека Таравари може да остане во Владата единствено ако во овој период се врати во коалицијата Вреди. Доколку тоа не биде случај, тој не може да смета ниту на поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, кажа Томовски, бидејќи тие ќе ги поддржат кандидатите на Вреди. Тој ја исклучи можноста за предвремени избори заедно со локалните наесен. За останатите лидери од Вреди, пак прашањето за функционирањето на Таравари во Владата е затворено. Биљал Касами вчера изјави Таравари ќе биде министер уште неколку дена, а во Владата нема место за оние кои соработуваат со ДУИ. Според Касами, премиерот Мицкоски имал разбирање за ваквата нивна позиција и како што кажа, во следните денови очекува да бидат преземени конкретни чекори во овој правец. Тагови: Арбен Таравари влада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмериканец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена женаДевет лица, меѓу кои две деца и бремена жена, се убиени синоќа во пукање во семеен дом во Пенсилванија. Напаѓачот бил пронајден мртов по извршеното дело, пренесува „Њујорк пост“. „Една од најстрашните сцени со кои сме се соочиле“ „Сакам да бидам целосно искрен со јавноста – ова е една од најтешките и најстрашните сцени со кои нашите полицајци и истражители се соочиле во своите кариери“, изјави началникот на полицијата во Ири, Рик Лора. „Секоја загуба на живот е ужасна, а околностите што ги истражуваме се крајно вознемирувачки.“ Според извештајот на локалниот медиум „Erie News Now“, полицијата интервенирала околу 17 часот по пријава за пукање на улицата Пери. По пристигнувањето, полицајците ги пронашле телата на две жени пред куќата. Осомничениот, вооружен со пиштол, се забарикадирал во куќата, што довело до ситуација на опсада во која биле вклучени специјални полициски единици. За време на операцијата се слушнале уште неколку истрели од куќата, што е потврдено и со снимки објавени од „Erie News Now“. Напаѓачот, чиј идентитет сè уште не е објавен, бил пронајден мртов; се верува дека си го одзел животот. Девет загинати, вклучително и бремена жена Началник Лора ја потврди смртта на напаѓачот, но одби официјално да го соопшти вкупниот број на жртви. Медиумските извештаи наведуваат дека загинале девет лица. Полицијата ги пронашла останатите жртви при претресот на куќата, а било потврдено дека една од убиените жени била бремена. Лора изјави дека, од почит кон жртвите, нема да открива детали во врска со самото место на злосторството. Мотивот за нападот останува непознат, како и врската помеѓу напаѓачот и жртвите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ФудбалЈамал: „Златната топка мора да заврши кај најдобриот“Ламин Јамал не ја крие својата самодоверба, но смета дека сè уште не го покажал сето она што го може.Младата ѕвезда на светскиот фудбал, Јамал верува дека најдоброто допрва претстои. Во интервју за „Movistar Plus“, фудбалерот на Барселона зборуваше за својот развој, советите од Серхио Бускетс и критериумите за доделување на „Златната топка“. „Ќе биде тешко да се најде некој што е на моето ниво“, изјави Јамал, осврнувајќи се на моментот кога на натпреварите ќе може да го покаже сето она што веќе го прави на тренинзите. Шпанскиот репрезентативец оцени дека брзо созреал, но и дека на одредени натпревари можел да настапи со поголема самодоверба. Во тоа гледа простор за напредок и причина да верува дека за четири години ќе биде значително подобар. Важна пресвртница бил разговорот со Бускетс по неговата суспензија во младинските категории. Искусниот Бускетс го потсетил на одговорноста што ја носи играњето за Барселона, по што Јамал одлучи целосно да му се посвети на фудбалот. Тренинзите, натпреварите, семејството и одморот станаа негови приоритети. Зборувајќи за „Златната топка“, Јамал оценил дека бројот на постигнати голови и освоени трофеи не треба да биде пресуден. Според него, признанието треба да му припадне на најдобриот фудбалер во светот, чии натпревари ѝ причинуваат најголемо задоволство на публиката. „Златната топка мора да заврши кај најдобриот“, истакнал Јамал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаФото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи.По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот. За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата. Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата. Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи. Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот. Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook